Инфлуенсерка сакала да се пофали со снимка на море, па запливала во фекалии- пената ѝ влегува во уста (ВИДЕО) - Канал 5

Инфлуенсерка сакала да се пофали со снимка на море, па запливала во фекалии- пената ѝ влегува во уста (ВИДЕО)

Мишел Скај Хејвард, инфлуенсерка од Јужна Африка, предизвика бура од реакции на социјалните мрежи откако објави видео на кое несвесно плива низ канализација фрлена во океанот, мислејќи дека е морска пена.

Инфлуенсерка сакала да се пофали со снимка на море, па запливала во фекалии- пената ѝ влегува во уста (ВИДЕО)

Видеото, кое стана вирално на 8 јули, е снимено на крајбрежна област во близина на Кејптаун и предизвика бес, но и смеа низ целиот интернет.

„Се забавувам... Дури и не го чувствувам студот“

Во видеото што инфлуенсерката Хејвард го сподели со своите повеќе од 100.000 следбеници, може да се види како среќно плива во океанот, но веднаш може да се види дека нешто не е баш во ред со водата.

Повеќето веднаш го забележаа проблемот кога го гледаа видеото и моментот во кој таа се капе со насмевка во густ облак од бела пена во океанот. Во тој момент, на екранот се појавува коментар од еден од следбениците:

- Се надевам дека знае дека пената е од блиската канализациска цевка.

Во следните моменти, инфлуенсерката вреска и почнува да се смее, додека водата ѝ влегува во устата. Нејзината збунета реакција и реченица:

- Колку солено!, веднаш стана материјал за мем на социјалните мрежи.

Во остатокот од видеото, Мишел излегиува од водата, со неверување, додека коментарите од следбениците паѓаат како дожд:

- Таа пена се фекалии !

- Може ли некој да ѝ каже дека е канализација?!

Во описот на нејзината објава на Инстаграм, каде што ја следат повеќе од 36 илјади луѓе, Мишел признава:

- Се плашам дека направив ужасна грешка.

Вистинска драма или недоразбирање?

Додека многумина беа шокирани и загрижени за нејзиното здравје, некои корисници тврдат дека станува збор за природна морска пена, а не за отпад од канализација.

- Океанот исто така може природно да формира пена, напиша еден корисник, додека друг додаде:

- Знаеше дека е канализација - не можете да го пропуштите тој мирис.

Сепак, поради зголемените еколошки проблеми во крајбрежните области на Кејптаун, не е исклучена можноста за отпадни води. Локалните екологисти постојано предупредуваат за излевање на отпадни води во океанот поради преоптоварениот инфраструктурен систем на градот. Мишел рече дека видела дека водата е матна, што инаку е многу чиста на тоа место, и дека не почувствувала никаков мирис освен стандардниот мирис на океанот.

Реакции: „Смешно, но и тажно“

Многу следбеници коментираа дека целиот инцидент бил „и тажен и смешен“, но и дека е штета што заштитата на водата повеќе не се зема предвид.

- Вашата кожа изгледа одлично после тоа... можеби откривте нов третман?, се пошегува еден корисник.

Иако Мишел Скај Хејвард сè уште јавно не ги објави резултатите од евентуалното испитување по инцидентот, корисниците сè уште ја доведуваат во прашање автентичноста на ситуацијата, но исто така испраќаат предупредувања до оние кои планираат слични „авантури“, особено на непотврдени локации. Таа, од друга страна, објави на својот Инстаграм како лично се чувствувала по инцидентот, и верувале или не, таа рече дека мисли дека ова капење дури и ѝ го зголемило имунитетот бидејќи се чувствува одлично.

- Забележав дека имало многу пена, но луѓе, дозволете ми да ви кажам, ја обожавам таа пена! Беше прекрасно, се чувствував како да се бањам во када, беше толку кул. Се чувствував како сирена во када. Беше толку забавно, особено затоа што водата беше потопла од вообичаено, а во Кејптаун обично е ладна. Па уживав во топлата вода и беше прекрасна. Не ни помислив дека ќе добијам сите овие коментари, рече Мишел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил.

За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“.

Фановите се прашуваат дали сè е во ред

„Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“.

Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици.

„Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет.

Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“.

Што го предизвика тоа?

„Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување.

Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура.

Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки.

„Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот.

Кој беше засегнат?

Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот.

Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта.

Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции.

Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер