Инфлуенсерка доби 500 брачни понуди пред Денот на вљубените, има еден проблем- не е вистинска (ВИДЕО) - Канал 5

Инфлуенсерка доби 500 брачни понуди пред Денот на вљубените, има еден проблем- не е вистинска (ВИДЕО)

Инфлуенсерка,  создадена од вештачка интелигенција во пресрет на Денот на вљубените добила повеќе од 500 предлози за брак, иако всушност воопшто не постои.

Инфлуенсерка доби 500 брачни понуди пред Денот на вљубените, има еден проблем- не е вистинска (ВИДЕО)

Како што технологијата на вештачката интелигенција станува сè понапредна, станува сè потешко да се разликуваат вистинските фотографии и видеа од дигитално генерираните, а линијата помеѓу виртуелниот и реалниот свет станува сè потенка.

ВИ инфлуенсерката Аика Кити има повеќе од 100.000 следбеници на Инстаграм, а преку платформата за претплата Fanvue, таа заработува повеќе од 5750 евра месечно.

Стотици понуди за патувања и ресторани

Во пресрет на Денот на вљубените, нејзината креаторка добила повеќе од 500 понуди за дружење, од луксузно шопинг и вечери во фини ресторани до романтични патувања во Париз.

„Аика претходно доби понуди за летање со приватен авион до Дубаи и бројни покани за одмор. Со споделувањето на нејзиното дигитално патување на платформи како Fanvue и Instagram, таа изгради лојална база на обожаватели кои сакаат да ја запознаат“, откри нејзината креаторка.

Работи на Денот на вљубените за да ги утеши осамените

Иако физички не може да прифати ниту една од тие понуди, ќе има најмногу работа за Денот на вљубените. Нејзината креаторка очекува тоа да биде најпрометниот ден во годината и планира да работи до 18 часот, комуницирајќи со публиката и, како што вели, „давајќи утеха на осамените срца“.

Растечкиот тренд на онлајн врски

Психолозите предвидуваат дека трендот на парасоцијални врски и барање интимност преку интернет дополнително ќе расте како што вештачката интелигенција станува пореална.

@aikakittie

peace or victory? What's it mean? ✌🏼

♬ CoMe CoMe KiTtY KiTtY NyAaAa x3 - Jessy ~ 🦄🐥🌸

„Влијателните лица генерирани од вештачка интелигенција можат да изградат огромна база на обожаватели споделувајќи ги своите животи и патувања преку содржина, исто како вистинските влијателни лица“, рече портпаролот на Fanvue. „Нашата услуга за пораки, достапна за сите креатори, е исклучително популарна и очекуваме огромно зголемување на сообраќајот бидејќи многумина го поминуваат Денот на вљубените преку интернет наместо на состанок во реалниот свет“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава.

Попладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина

Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора.

* 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство

* 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија

Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија.

Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје.

Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија.

Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.

Судир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во Белград

Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар.

Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна.

Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Поранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.

Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада во Израел

Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври.

Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху.

Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан.

Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер