Инфлуенсери си го ризикуваат животот за кликови и лајкови: Луѓето сакаат возбуда (ВИДЕО) - Канал 5

Инфлуенсери си го ризикуваат животот за кликови и лајкови: Луѓето сакаат возбуда (ВИДЕО)

Многу инфлуенсери на социјалните мрежи го ставаат својот живот на коцка за да добијат што повеќе „кликови“ и „лајкови“, а еден од нив е американскиот инфлуенсер Мајк Смолс Џуниор, кој сними долга видео порака во живо за време на невремето .

Инфлуенсери си го ризикуваат животот за кликови и лајкови: Луѓето сакаат возбуда (ВИДЕО)

Додека милиони се обидуваа да најдат засолниште или да се евакуираат поради ураганот Милтон, кој ја погоди Флорида, Џуниор отиде во Кик за да се сними како бега со воздушен душек, чадор и пакет нудли додека имал за цел да достигне 10.000 прегледи на таа социјална мрежа, објави Би-Би-Си.

Преносот на тоа видео траело повеќе од еден час и привлече повеќе од 60.000 гледачи на споменатата мрежа, а неговите клипови беа споделени и на други социјални мрежи, вклучувајќи ја и мрежата Х.

@game.central kick streamer mike smalls jr attempted to claim adin ross's $70K prize for surviving hurricane milton - but his stream soon soured when he found out that he wouldn't be getting the money after all #hurricanemilton #adinross #streamer #streaming ♬ original sound - Game Central

Смолс, чија содржина на мрежите е фокусирана на ризични потфати, истакна дека негов приоритет е да ја забавува публиката, но истакна дека ги разбира критиките на неговата сметка.

„Знам дека е контроверзно, но од гледна точка на создавачи на содржина, луѓето сакаат да видат возбудливи работи“, рече тој.

Кик рече дека тоа не влијае на содржината на неговите креатори, додека TikTok предупредува дека содржината што ги искористува контроверзните прашања или ја загрозува безбедноста на другите не е прифатлива.

Полицијата во Тампа, еден од градовите најтешко погодени од најновата природна катастрофа, предупреди дека игнорирањето на наредбите за евакуација ги става во опасност не само животите на поединци, туку и животите на брзата помош.

За време на тешката сезона на урагани што го зафати југоисточниот брег на САД, повеќе од 16 луѓе ги загубија животите во ураганот Милтон, додека милиони останаа без струја, а спасувачките тимови мораа да евакуираат илјадници луѓе од поплавените домови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честита христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

ВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица на сите православни верници.

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честита христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

Успението на Пресвета Богородица е празник на верата, надежта, љубовта и семејството. Мајката Божја е вечен пример за скромност, трпеливост, пожртвуваност и човечност - вредности кои не потсетуваат дека силата на едно општество се темели на почитта, солидарноста и грижата за ближниот.

Семејството, традицијата, верата и солидарноста се темелите врз кои градиме силна, достоинствена и просперитетна Македонија. Токму овие вредности не обединуваат и ни даваат сила со заедништво и одговорност да чекориме кон подобра иднина.

Нека овој голем празник донесе мир во домовите, спокој во срцата, здравје и благосостојба, и нека нe обедини во заедништво, почит и љубов кон семејството и татковината.

Нека ни е честит и вековит празникот Успение на Пресвета Богородица!

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митовски: Рударството е дел од идентитетот и силата на Крива Паланка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, присуствуваше на свеченоста по повод Денот на рударите, на која годинава беше одбележан и значајниот јубилеј – 10 години успешно работење на „Булмак 2016“ и рудникот „Тораница“.

Митовски: Рударството е дел од идентитетот и силата на Крива Паланка

Во присуство на бројни гости, претставници на компанијата и рудари, Митовски упати честитки по повод празникот и оддаде признание на генерациите рудари кои со својот труд, знаење и истрајност оставиле силен белег во економскиот и општествениот развој на Крива Паланка.

„Крива Паланка не е само град во кој има рудник, Крива Паланка е рударски град. Со рударството растеле генерации, се создавале семејства, се граделе домови и иднина. Рударската традиција е длабоко вградена во идентитетот на нашиот град, а зад неа стојат луѓе чиј чесен труд заслужува највисока почит. Се гордееме со нашите рудари и со она што тие го претставуваат за Крива Паланка“, истакна Митовски.

Осврнувајќи се на десетгодишниот јубилеј, градоначалникот нагласи дека „Тораница“ има посебно место во стопанската историја на Крива Паланка, а „Булмак 2016“ значајна улога во локалната економија и заедницата.

Тој ја потенцираше и заложбата за натамошно унапредување на соработката, отворениот дијалог и партнерството, со јасна определба развојот на рудникот и развојот на градот да создаваат нови можности за Крива Паланка и нејзините граѓани.

„На сите рудари и на сите вработени во ‘Тораница’ им го честитам Денот на рударите. Нека е среќен десетгодишниот јубилеј на ‘Булмак 2016’. Со длабока почит кон рударската професија и традиција – СРЕЌНО!“, порача градоначалникот Митовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот лукровски со порака за мир, љубов и заедништво по повод Голема Богородица

Првиот човек на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска го одбележа големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, со посета на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.

Градоначалникот лукровски со порака за мир, љубов и заедништво по повод Голема Богородица

Во духот на празникот, градоначалникот упати честитки до сите православни верници, со желби за добро здравје, духовен мир, благосостојба и семејна среќа.

„Овој голем празник нè потсетува на најважните човечки вредности - верата, љубовта, надежта, милосрдието и грижата за ближниот“ - порача Лукровски.

Успението на Пресвета Богородица, познато меѓу народот како Голема Богородица, е еден од најголемите празници посветени на Божјата Мајка и има особено значајно место во православната духовна традиција.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер