Инфлуенсер од два метра вози Ламборџини (ВИДЕО) - Канал 5

Инфлуенсер од два метра вози Ламборџини (ВИДЕО)

Инфлуенсер покажа како изгледа кога човек висок над два метри ќе седне зад воланот на суперспортски автомобил.

Инфлуенсер од два метра вози Ламборџини (ВИДЕО)

Суперспортските автомобили гарантираат многу задоволство зад воланот, но со својата ергономија го казнуваат возачот за секој дополнителен килограм. И како што ни покажува ова видео, и за секој дополнителен сантиметар висина.

Жорж Марун Кикано, попознат како ГМК на социјалните мрежи, ова го покажа на својот пример. Богатиот француски инфлуенсер со либанско потекло не ја крие својата страст за луксузни автомобили, додека пробува сѐ што е на менито.

Ова понекогаш може да биде предизвик, особено ако имате 204 сантиметри и 115 килограми. GMK покажа како изгледа во Lamborghini Aventador со V12 мотор од 770 КС. Не ја користи вратата, туку буквално скока во автомобилот. А потоа, за дополнително да ја истакне својата големина, тој продолжува да вози со (веројатно) подигнато седиште.

YouTube video

Во секој случај, видеото можеби некому му е смешно, но дефинитивно е многу опасен начин на возење. GMK веројатно не е свесен за ова бидејќи не е прв пат да се вози така во роудстер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише.

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумите

Белата куќаго отвори својот онлајн стриминг канал „Трамп ТВ“ откако ескалираше нејзиниот спор со главните американски медиумски куќи.

Белата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумите

Каналот започна да се емитува синоќа, првично емитувајќи говори на Трамп и снимки од американски воени вежби.

„Емитувањето ќе оди 24 часа на ден, со минати моменти, најави и со најновите и најдобри информации од администрацијата, сè на едно место“, соопшти Белата куќа.

Лансирањето на „Трамп ТВ“ следува откако Трамп во петокот објави дека им забранува пристап до Белата Куќа на новинарите од телевизиите „Си-Ен-Ен“ и „Ем-Ес Нау“ и од сајтот „Политико“. Тој ги обвини медиумите за ширење лажни вести, но и дека не известуваат доволно за неговите постигнувања.

Трите медиуми вчера поднесоа тужба против администрацијата, велејќи дека нејзините постапки ги загрозуваат слободата на медиумите и правото на јавноста на независно новинарство. Други големи американски ТВ-мрежи и весници одговорија со намалување на нивното известување за претседателот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Победата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за закана

Израелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, предупреди на непосредна егзистенцијална закана за еврејската заедница во Берлин откако крајнолевичарската партија Левица победи на регионалните избори во германскиот главен град.

Победата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за закана

Тој кажа дека Левица, наследничка на комунистичката партија што владееше со поранешна источна Германија, покажала „апсолутно неконтролиран антисемитизам“.

„ За еврејската заедница во Берлин, теоретската закана станува конкретна и непосредна егзистенцијална опасност“, рече Просор.

Со победата на Левица, нејзината водечка кандидатка, 45-годишната Елиф Ералп, би можела да стане првата градоначалничка на Берлин од редовите на оваа партија и прва со турско потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер