Инфлација од 4,8% измери Државниот завод за статистика за месец мај споредбено со истиот период лани - Канал 5

Инфлација од 4,8% измери Државниот завод за статистика за месец мај споредбено со истиот период лани

Инфлација од 4,8% измери Државниот завод за статистика за месец мај споредбено со истиот период лани – додека на месечно ниво истата е зголемена за 0.6 %. 

Инфлација од 4,8% измери Државниот завод за статистика за месец мај споредбено со истиот период лани

Според статистика месечното зголемувањето најмногу се должи на растот на цените на транспорт и тоа за 1,6% и цените на храната кои пораснале за 1 %, ставки кои имаат најголемо влијание врз индкесот на трошоците за живот. Доколку се направи споредба на годишно ниво тогаш мај 2025 споредбено со истиот месец годинава цените на храната се зголемиле за 4,7 % додека транспортот за една година пораснал за 11 % ...

Освен трошоците за живот, втор показател за инфлацијата е и индексот на цени на мало, кој пак од почетокот на годината до сега е значително зголемен, и во мај индексот на цените на мало бележи зголемување од 5,6 %.

Од министерство за економија велат инфлацијата е во рамки на очекуваното и како Влада внимателно ги следат движењата на цените и состојбите на пазарот, со цел доколку се појават посреиозни притисоци да може навремено да реагираат. Меѓу можните мерки со кои би интервенирале се, како што посочија од економија, намалувањето на ДДВто кај одредени основни прехранбени прозиводи или пак таргетирани пакети за поддршка на нјаранливите категории.

„Особено е важно што и покрај предизвиците на меѓународните пазари и промените кај цените на енергенсите и суровините, инфлацијата во земјата останува на умерено ниво. Истовремено, кај одредени категории е забележана стабилизација или намалување на цените, што укажува на постепено ублажување на инфлаторните притисоци. Во овој момент нема потреба од интервентни мерки, но институциите располагаат со механизми кои можат да бидат активирани доколку инфлацијата во наредниот период покаже позначителен раст.“ Министерство за економија.

На годишно ниво во еврозоната во мај инфлацијата е 3,2%, додека во април изнесуваше 3 % - што е далеку од прогнозите на Европската централна банка за инфлација од 2 %. Растот на инфлацијата како кај нас, така и во еврозоната е најмногу поттикнат од растот на цената на енергенсите и глобалните ограничувања за снабдување поради војната на Блискиот исток.

Цените на нафтата на светските берзи и натаму се околу 100 долари за барел и бележат зголемување од речиси 4 %. Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика во земјава од ноќеска на полноќ, пак македонските граѓани ќе точат дизел по цена од 87 денари за литар што значи зголемување од 1,5 денар во споредба со претхната недела. Додека бенизните се намалуваат за 2 денари, и 95ка и 98ца ќе се продаваат по цени од 86 и 88 денари за литар, но на овие цени дел од комапниите кои се снабдуваат преку рафинеријата ОКТА имаат и дополнителен попуст од 2 денари за литар.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„И здравје и работа“: Да градиме рударство што создава работа, развој и сигурна иднина

По повод Денот на рударите, иницијативата „И здравје и работа“ им го честита празникот на сите рудари, геолози, инженери, техничари и на сите вработени кои со својот труд придонесуваат за развојот на рударскиот сектор во Македонија.

„И здравје и работа“: Да градиме рударство што создава работа, развој и сигурна иднина

Рударството не е само индустрија. Тоа е професија која бара знаење, искуство, дисциплина и голема одговорност. Зад секој тон руда стои трудот на луѓе кои секојдневно работат во сложени и одговорни услови, а нивната безбедност и здравје мора да бидат највисок приоритет.

Денес, кога светот се соочува со растечка потреба од критични минерали, бакар и други суровини неопходни за енергетската транзиција, електрификацијата и современата индустрија, прашањето не е дали рударството има иднина. Прашањето е какво рударство сакаме да развиваме.

Нашиот став е јасен: современото рударство мора да се темели на науката, современата технологија, високи стандарди за безбедност и заштита на животната средина и силна институционална контрола.

Не треба да постои лажна дилема „или екологија или работа“. Европското искуство покажува дека е можно и екологија и рударство, и инвестиции и високи стандарди, и економски развој и заштита на локалните заедници.

Секој проект мора да биде оценуван врз основа на факти, стручни анализи, техничка документација и законски процедури. Прашањата за водата, воздухот, почвата, управувањето со отпадот и безбедноста се легитимни и неопходни. Но, одговорите на овие прашања треба да ги даваат науката и институциите, а не стравот, политичките поделби или непроверените тврдења.

Во исто време, не смееме да ја занемариме економската страна на рударството. Секторот обезбедува работни места, придонесува кон индустриското производство, извозот и јавните приходи и создава економска активност и за голем број други компании и професии. На одбележувањето на Денот на рударите годинава беше посочено дека рударството учествува со 10,9% во индустриското производство и 2,8% во вкупниот извоз, додека приходите од концесиски надоместоци достигнале историски највисоко ниво од над 1,22 милијарди денари.

Затоа, на овој ден сакаме да испратиме порака која е поголема од која било поединечна инвестиција: Македонија треба да има рударство кое создава работа, но и ја штити природата. Рударство кое носи инвестиции, но и придобивки за локалните заедници. Рударство кое користи современа технологија, но пред сè го почитува човекот.

На сите рудари им посакуваме среќен Ден на рударите, безбедна работа, добро здравје и заслужено признание за нивниот труд.

И здравје. И работа. И одговорност кон иднината.

И здравје и работа

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

„За многу години нека е големиот празник, Успение на Пресвета Богородица.“

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прва, г.г. Стефан и до сите православни христијански верници.

Почитуван г.г. Стефан,

Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва,

Дозволете ми Вам, Ваше Блаженство, на членовите на Светиот архијерејски синод, на чесното свештенство и преподобното монаштво, како и на сите православни христијански верници, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Денот на Успението на Пресвета Богородица е потсетник за вознесението нејзино со дух и тело и нејзиното застапништвото пред Божјиот престол, за нејзината духовна сила, пожртвуваност, истрајност, доследност, за нејзината исконска мајчинска љубов.

Како Мајка Божја и закрилница, таа е вгнездена и ги вдахновува срцата на сите христијански верници.

Во време обременето со искушенија и премрежија, верувам дека ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри сите нас да истраеме на патот на доброто, градењето на заедништвото, грижата и солидарноста во заедницата, чувајќи и негувајќи го мирот во неа.

Посакувам на овој светол христијански празник, храмовите на Македонската православна црква, како во татковината, така и во дијаспората, да бидат исполнети со верници сплотени во христијанската љубов под закрилата на Пресвета Богородица.

За многу години нека е големиот празник, Успение на Пресвета Богородица.

Гордана Сиљановска-Давкова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица

Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема богородица. 

Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица

Во сите храмови на МПЦ-ОА, особено во оние кои го носат нејзиното име, денеска се одржуваат празнични богослужби. Празник на мајката на животот именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана. Овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер