Инфантино: ФИФА ќе обезбеди најдобри можни услови за Иран на СП - Канал 5

Инфантино: ФИФА ќе обезбеди најдобри можни услови за Иран на СП

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека организацијата нема резервни планови за учеството на иранската репрезентација на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Инфантино: ФИФА ќе обезбеди најдобри можни услови за Иран на СП

- Живееме во реалниот свет и разбираме колку е тешка ситуацијата за иранската репрезентација, но работиме и ќе се погрижиме тие да ги играат своите натпревари на Светското првенство во најдобри можни услови. Нема план Б, Ц или Д - само план А. Живееме во сложен геополитички контекст и не можеме да ги решиме овие проблеми, но имаме способност да се обединиме и да создадеме услови светот да се собере во атмосфера на мир и прослава, изјави Инфантино.

Претходно, шефот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, објави дека е во преговори со ФИФА за преместување на нејзините натпревари од Светското првенство од САД во Мексико. Федерацијата апелираше до ФИФА откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го смета присуството на Иранците на турнирот за несоодветно за нивната сопствена безбедност.

Според распоредот на турнирот, Иран треба да игра против Нов Зеланд (16 јуни) и Белгија (21 јуни) во Инглвуд, по што ќе следи натпревар во Сиетл против Египет (27 јуни).

На 28 февруари, САД и Израел почнаа да напаѓаат цели во Иран, вклучувајќи го и Техеран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Поплави во Кина, евакуирани 54000 жители

Во Кина, околу 54.000 луѓе се евакуирани поради поплави, вклучително и 8.000 преместени во привремени прифатилишта, што е последица на обилните врнежи предизвикани од тајфунот Нара.

Видео: Поплави во Кина, евакуирани 54000 жители

Поплавите особено го погодија регионот Гуангси, а метеоролозите предупредуваат на нови обилни врнежи во наредните денови, јавува CCTV. Водостоите на 15 реки го надминаа прагот за издавање предупредувања.

Снимките емитувани на кинеската телевизија прикажаа поплавени патишта и спасувачи кои газат низ вода длабока до колена, користејќи гумени чамци за да ги евакуираат жителите од поплавените населби.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16

 Радарскиот систем за надзор на Министерството за национална одбрана на Романија регистрираше повремени сигнали во воздушниот простор на Република Молдавија, во областа Кахул, утрово околу 6 часот, поради што беа испратени борбени авиони.

Драма во Романија, веднаш подигнати два авиона Ф-16

Како што беше наведено, еден од тие сигнали подоцна се појавил во областа Таргу Бујор, во округот Галац.

Според соопштението на Министерството за национална одбрана, два авиони Ф-16 на романското воено воздухопловство и еден хеликоптер биле подигнати за да ја следат ситуацијата, пренесува Аџерпрес.

Како што беше наведено, Националниот центар за воена команда го извести Генералниот инспекторат за вонредни ситуации за воспоставувањето мерки за предупредување на населението во зафатеното подрачје.

Ова не е првпат Романија да крева борбени авиони поради војната во Украина, бидејќи беспилотните летала, поради попречување на сигналот, често завршуваат во земјите што граничат со Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер