ЗдравјеИндустријата со канабис за медицински цели бара заокружување на законската рамка како во ЕУВо моментов во земјава се регистрирани 67 фирми со лиценца за одгледување на медицински канабис.Што побргу да се донесе предлог законот за психотропни супстанци согласно европската регулатива, во спротивно ќе претрпиме големи штети, се жалат од секторот кој произведува канабис во медицински цели. Бараат едногласност помеѓу власта и опозицијата во парламентот за конечно да се надмине оваа пречка, бидејќи како што велат, пред се целта е да се помогне на пациентите со ретки болести..Потенцираат дека станува збор за милионски инвестиции, па барааат власта и опозицијата да се усогласат. -Ние мораме да одиме според европските правила и тоа да го направиме под итно, ние сме заглавени во правните лавиринти на парламентот и парламентарните партии, нема едногласност помеѓу политичките партии. Дури и власта се плаши да даде јавна поддршка на нашата индустрија, а опозицијата критикува се што ќе се случи во оваа индустрија. Јордановски очекува со законот да се решат и дел од актуелните проблеми кои постојниот ги предизвикува, имаат проблеми со извозот, се уште нема агенција која би го контролирала целиот сектор, а има и недостатокот на кадар. -Само кај нас се фармацевти технолози, не е проблем, но кај нас тоа не е случај бидејќи имаме голем проблем со кадровата слика во државата и во оваа индустрија. Секако тука се недефинирани повеќе работи околу транспоротот и продажбата и околу извозот на сувиот цвет сето тоа треба да се изрегулира со новото законско решение. Во моментов во земјава се регистрирани 67 фирми со лиценца за одгледување на медицински канабис, од кои активни се 35. Во изминатиов период поради неправилности затворени се шест, додека пак добивање на лиценца чекаат околу 10 фирми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
КултураПечат од камен, стар 35 века и ранохристијанска амајлија се пронајдени во Турција (ФОТО)Археолозите кои го ископуваат туркменскиот локалитет Карахојук во централна Турција открија два ретки артефакти со разлика од речиси два милениума. Едниот е камен печат стар 3.500 години, на кој се врежани хиероглифи на лувискиот јазик, и доцноримска христијанска амајлија што содржи исклучително тенок златен лист за кој се верува дека содржи пасус од Библијата. Откритијата даваат впечатливи докази за долгата историја на населбата, и додека лувискиот печат укажува на организиран административен центар што постоел во доцното бронзено време, амајлијата нуди многу поличен увид во христијанските верувања, кои се користеле за заштита на дете кое живеело на истото место во текот на четвртиот или петтиот век од н.е., објавува „Турки Тудеј“. Христијанската амајлија е откриена во мал бакарен сад, а археолозите пронајдоа златен лист на неа кој бил дебел само околу 0,1 милиметар. Иако натписот сè уште не е целосно дешифриран, тимот за ископување верува дека текстот веројатно е земен од Библијата и дека амајлијата му припаѓала на мало дете, кое требало да го заштити од болест, несреќа или натприродни сили. Предметите беа откриени за време на третата сезона на ископувања на локалитетот во населбата Џумхуриет во Коња. Ископувањето започна по шест години површински истражувања и се спроведува со дозвола од турското Министерство за култура и туризам, а во него учествуваат претставници на турските универзитети и Универзитетот во Чикаго во Соединетите Американски Држави.Тагови: печат камен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаКон Крушево тргна 48. Илинденски коњички маршОд црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче попладнево тргнуваат 40-тина коњаници.Од црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче попладнево тргнуваат 40-тина коњаници кои на 2 Август треба да пристигнат во Крушево на одбележувањето на големиот празник Илинден... Таму е Елизабета Дамјановска Спасеноска, Бети тргнаа ли коњаниците и кои се нивните пораки пред маршот кон Крушево? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТуристи фатиле Полјак, кој снимал голи деца на плажа во Хрватска- уапсен е Полицијата во Стон уапси 61-годишен полски државјанин под сомнение дека фотографирал голи деца на плажата Прапратно. Мажот, кој веќе е осуден за истото кривично дело, е уапсен откако капач го дојавил, пишува Полициската управа Дубровник-Неретва, објави Индекс. Тој бил фатен од капачи Инцидентот се случил на 23 јули на плажата Прапратно. Се сомнева дека 61-годишниот Полјак фотографирал голи деца додека си играле на плажа и во морето. Неговото однесување било забележано од граѓаните, кои го задржале додека не пристигнала полицијата. Повратник во притвор По апсењето, полицијата го претресла шаторот во кампот каде што престојувал Полјакот и автомобилот што го користел. Пронајдени се мобилен уред и три USB мемориски стикови, кои се конфискувани и ќе бидат претресени според судска наредба. Истражувањето потврди дека мажот е повратник, кој отслужил затворска казна во 2007 година за истото кривично дело сторено на Раб. Во сабота, на 25 јули, осомничениот беше изведен пред истражен судија, кој му изрече мерка притвор. Апел до родителите Полицијата истакнува дека ваквите случаи ја покажуваат важноста на соработката со граѓаните, чии пријави овозможуваат навремена реакција. Тие исто така апелираа до родителите да ги следат своите деца на плажа, да ги облечат во костими за капење и, доколку видат сомнително лице кое снима деца, веднаш да ја известат полицијата на бројот 192.Тагови: деца Полјак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook