3Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ТехнологијаИндискиот ровер ја заврши прошетката по Месечината и оди на „спиење“, почнува лунарната ноќ Индискиот ровер Прагјан го заврши своето одење по површината на Месечината и сега ќе одмора две недели, соопшти Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО).Лендерот Викрам, првиот индиски модул што безбедно слета на Месечината и првиот што стигна до регионот на Јужниот пол, исто така ќе направи пауза, објави NPR. - Роверот ги исполни своите задачи. Сега е безбедно паркирано и „спие“. Инструментите APXS и LIBS се исклучени. Податоците од нив се испраќаат на Земјата со помош на модулот за слетување. Во моментов, батеријата е целосно наполнета. Соларните панели се ориентирани да примаат светлина штом изгрее сонцето на 22 септември 2023 година. Ресиверот е вклучен. Се надеваме на успешно будење за нов сет на задачи. Ако тоа не се случи, роверот ќе остане таму засекогаш како индиски лунарен амбасадор - се наведува во објавата на ISRO на платформата X (поранешен Твитер). Chandrayaan-3 Mission: The Rover completed its assignments. It is now safely parked and set into Sleep mode. APXS and LIBS payloads are turned off. Data from these payloads is transmitted to the Earth via the Lander. Currently, the battery is fully charged. The solar panel is… — ISRO (@isro) September 2, 2023 Слична најава уследи малку подоцна и за Викрам. - Лендерот Викрам денеска ќе ја започне фазата на „спиење“. Пред тоа, на новата локација беа извршени експерименти од инструментите ChaSTE, RAMBHA-LP и ILSA. Податоците беа собрани на терен. Инструментите сега се исклучени, но ресиверите сè уште се вклучени. Викрам ќе „спие“ кога ќе му снема сончева енергија во батеријата. Се надеваме дека ќе се разбуди околу 22 септември 2023 година - соопшти ИСРО на платформата Х. Chandrayaan-3 Mission: Vikram Lander is set into sleep mode around 08:00 Hrs. IST today. Prior to that, in-situ experiments by ChaSTE, RAMBHA-LP and ILSA payloads are performed at the new location. The data collected is received at the Earth. Payloads are now switched off.… pic.twitter.com/vwOWLcbm6P — ISRO (@isro) September 4, 2023 Кога беа испратени на Месечината како дел од индиската историска мисија Чандрајаан-3, модулот и роверот се очекуваше да работат само еден лунарен ден, што е околу 14 дена на Земјата. Весникот Indian Express објави дека електрониката на модулот и роверот не се дизајнирани да издржат екстремно ниски температури, кои ќе достигнат минус 120 степени во текот на лунарната ноќ. – Технологијата која им овозможува на електронските кола и компоненти да работат на екстремно ниски температури едноставно не постои во Индија – изјави за весникот Палава Багла, научен писател и автор на книга за индиско истражување на вселената. Индија е четвртата земја која успешно слета вселенско летало на Месечината, по СССР, САД и Кина, но и првата земја што го стори тоа во областа на лунарниот јужен пол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКина вели дека претстојната средба Си – Трамп – Путин е „историска“Кина денеска го истакна значењето на претстојната средба меѓу кинескиот, американскиот и рускиот претседател, опишувајќи ја како „историска“.Тројцата лидери ќе разговараат за зачувување на светскиот мир и унапредување на стабилноста меѓу големите сили, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг, во Пекин Кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин треба да се состанат в четврток на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во јужниот кинески град Шенжен. Кина годинава го има ротирачкото претседателство со АПЕК и е домаќин на самитот. Мао истакна дека ова ќе биде прва средба лице в лице меѓу лидерите на трите земји. Зајакнувањето на комуникацијата, надминувањето на разликите и стабилизирањето на односите им служат на интересите на сите три држави и ги исполнуваат очекувањата на меѓународната заедница, рече таа, без да даде дополнителни детали за агендата. Вашингтон и Москва исто така ја потврдија средбата, при што САД соопштија дека напорите за неширење на нуклеарното оружје ќе бидат на дневниот ред. Други можни теми вклучуваат тензиите на Блискиот Исток, трговските политики и војната во Украина. Висок претставник на администрацијата на Трамп, говорејќи неодамна под услов на анонимност, ги намали очекувањата од разговорите, вклучувајќи ја и дискусијата што ја бара Вашингтон за евентуално намалување на глобалните нуклеарни арсенали, опишувајќи ја наместо тоа како почетна точка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаАмерикански кошаркар уапсен во Нигерија со речиси 34 кг канабисАмериканскиот кошаркар Да'монте Кајри Грин е уапсен во Нигерија, откако во неговиот багаж на главниот аеродром во Лагос биле пронајдени речиси 34 килограми канабис. Нигериската национална агенција за спроведување на законите за дроги (NDLEA) соопшти дека станува збор за 28-годишник од американската сојузна држава Џорџија. Тој пристигнал во Нигерија од Тајланд, патувајќи преку Обединетите Арапски Емирати. Според Агенцијата, осомничениот тврдел дека играл професионална кошарка во Тајланд и дека дошол во Нигерија за да „воспостави деловни контакти“ за својата кариера. Тој сè уште нема дадено јавна изјава во врска со обвинувањата. Уапсен е во средата, откако аеродромските службеници забележале дека оставил две парчиња чекиран багаж, а се обидел да излезе од терминалот носејќи само рачен багаж. Во двете торби – на кои било испишано неговото име – властите пронашле 32 пакети од дрога позната како „Loud“ (Лауд), што претставува моќен вид на канабис. Вкупната тежина изнесувала 33,95 килограми, а меѓу содржината бил пронајден и уред за следење. Од Агенцијата дополнително наведоа дека прегледот на неговиот мобилен телефон открил материјали кои укажуваат на „негово знаење за активности поврзани со трговија со дрога и учество во нив“. На страниците на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) се појавува играч по име Дамонте Грин, кој последен пат играл на 26 септември на Пукет Елит Купот во Тајланд. Според Обединетите нации, Нигерија, која некогаш се сметаше првенствено за транзитна земја за шверц на дрога, сè повеќе станува земја на производство, потрошувачка и дистрибуција. Неодамнешните операции на NDLEA открија неколку лаборатории за производство на метамфетамин во индустриски размери. Ова предизвика загриженост за врските меѓу нигериските производители на дрога и мексиканските нарко-картели кои се обидуваат да произведуваат и извезуваат дрога таму. Тагови: канабис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветПотопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на БугаријаБугарија денеска примила повик за помош од товарен брод што тонел во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, соопшти Министерството за транспорт.Бродот „Бетул 8“, кој пловел под сомалиско знаме и на кој имало 12 членови на екипажот, превезувал три тони пченица и пловел од Романија кон Египет. Од Министерството за транспорт не наведоа што се случило со посадата. Два бугарски, еден романски и еден турски брод се упатени кон местото на настанот, се додава во соопштението. Причината за инцидентот не е јасна, но во изминатите неколку недели имаше низа смртоносни напади со беспилотни летала врз бродови во близина на бреговите на Бугарија и Романија, за кои се верува дека се поврзани со војната во Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter