Индиската вселенска сонда испратена кон Сонцето, ја напушти земјината сфера на влијание

Индиската вселенска сонда испратена до центарот на Сончевиот систем, за да го проучува Сонцето, успеа да ја напушти Земјината сфера на влијание, објави синоќа националната вселенска агенција.

Мисијата Aditya-L1, што значи „Сонце“ на хинду, тргна на 2 септември на четиримесечно патување. Носи научни инструменти за набљудување на надворешните слоеви на сончевото тело.

„Сондата излезе од сферата на влијание на Земјата“, објави Индиската организација за вселенски истражувања (ISRO).

Сондата, именувана по хинду-божицата на Сонцето, поминала 920.000 километри од полетувањето, што е нешто повеќе од половина пат до својата дестинација. Во овој момент, гравитационите сили на Земјата и Сонцето се поништуваат една со друга, дозволувајќи ѝ на сондата да остане во стабилна орбита.

„Ова е втор пат по ред ИСРО да испраќа вселенско летало надвор од сферата на влијание на Земјата. Првата беше мисијата Орбитер на Марс (2013-2014)“, се вели во соопштението на вселенската агенција.

И Јапонија и Кина започнаа свои мисии за набљудување на Сонцето, но во орбитата на Земјата.

Ако новата мисија на ИСРО успее, тоа ќе биде првата сонда што една азиска земја ќе ја постави во орбитата околу Сонцето. Соединетите Американски Држави и Европската вселенска агенција (ESA) веќе ставија сонди во орбитата со иста цел - проучување на Сонцето. Програмата на НАСА Pioneer беше лансирана уште во 1960-тите.

На 23 август, Индија стана првата земја што го спушти вселенското летало Чандрајан-3 во близина на јужниот пол на Месечината, приклучувајќи се на избраниот клуб на земји кои успешно извршија контролирано слетување на Месечината. Пред Индија, само САД, Советскиот Сојуз и Кина успеаја да изведат таква операција.

Прагјан (мудрост на санскрит) е возило со шест тркала на соларна енергија. Спроведе научна мисија во областа на јужниот пол на Месечината пред да биде затворена за време на ноќниот лунарен циклус, или околу две недели.

ISRO имаше намера да ја продолжи мисијата на својот мобилен робот обидувајќи се повторно да го активира откако светлината се врати на површината на Месечината, но машината ниту тогаш не реагираше.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер