Индијки сурогат - мајки им раѓаат деца на брачни двојки од Запад

Индија стана земја во која многу брачни двојки од Запад одат во потрага по сурогат мајка која ќе им помогне да станат родители. Таа е една од ретките земји во која сурогат мајчинството е легализирано, а за луѓето од Запад оваа услуга не чини многу пари.

Жените кои раѓаат деца за други за оваа услуга примаат околу 8 илјади долари. Си Ен Ен пренесува приказна во која нема многу емоции, ниту морални дилеми, се нагласува само економската добивка што ја остваруваат сурогат мајките.

„Тоа се многу пари, за луѓе како нас кои скоро никогаш и не виделе пари, тоа се многу пари“, вели една од сурогат мајките. Во еден хостел во местото Ананд се сместени 50 трудници кои своите матки им ги изнајмиле на брачни двојки од Запад и заедно го чекаат породувањето.

Манјула има 30 години и две деца, а ова и е втор пат како што се решава да биде сурогат мајка. Пред тоа со сопругот работела на поле, секој заработувал по два долари дневно.

„Со парите кои ги заработив првиот пат направивме куќа, а сега забременив за да ја школувам и омажам мојата ќерка. Сакам да учи информатика и сакам да се омажи за добро момче“, вели жената.

За трудниците во хостелот се грижи докторката Најана Пател. Првпат водела бременост на сурогат – мајка во 2003 година, станувало збор за баба која родила близнаци за својата ќерка.

„Сурогат мајките со парите што ги заработуваат значително си го подобруваат животот во финансиска смисла“, вели докторката која од 2004 година го помогнала раѓањето на 700 бебиња за 580 двојки.

„Тие двојки никогаш не би можеле да имаат дете ако не им помогнеа сурогат мајките“, додава таа.

Индија неодамна дополнително ја регулирала индустријата за сурогат мајчинство. Забранила хомосексуални двојки или самци да склучуваат договори со сурогат мајки, а од жените кои го носат детето треба да бидат на возраст од 21 до 25 години.

Комерцијализацијата на сурогат мајчинството сепак некогаш доведува до случаи кога ветените 8 илјади долари не и се исплаќаат на жената или пак таа цена спаѓа на само 800 долари.

Локалното население гледа со неодобрување на оваа појава, велат дека сурогат – мајчинството е валкана работа.

Средба на Пецаков со претставниците на УНЕСКО, О.Охрид посветена на задржување на статусот

 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со неговиот тим оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО што престојува во работна посета на земјава.

Пецаков пред членови на Центарот за светско наследство, на Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и на Националниот координативен тим од Македонија ја истакнал силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното наследство во Охридскиот регион.

„Детално ги инфомирав за сите чекори кои како Локална самоуправа ги преземаме и со временските рамки за реализација на истите. Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО“, вели Пецаков.

Мисијата на УНЕСКО во Охрид ќе биде неколку дена, а како што посочи претходно министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, претставниците на Светската организација се тука за да ја утврдат фактичката состојба околу заштитата на Охридскиот регион на терен,со средби со претставници на сите засегнати институции и субјекти. Од мисијата на УНЕСКО ќе произлезат заклучоци според кои државата е треба да постапува во насока на заштита на Охридскиот регион и неговиот статус во УНЕСКО.

МВР: 34 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

 Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

При контролата санкционирани се 34 прекршоци, од кои 23 поради неисправен уред за запирање, соопшти МВР.

Упатени на вонреден технички преглед биле 181 автобус и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 159 други видови на сообраќајни прекршоци.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци.

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да ги поместува границите во НБА и постави нов рекорд. 

Играчот на Денвер стана првиот играч во историјата на најсилната лига на светот кој постигнал повеќе од 8.000 поени, 4.000 скока и 3.000 асистенции во период од пет години во ова натпреварување.

Јокиќ рано утрово постигна 22 поени, десет асистенции и девет скока во поразот на неговиот тим од Феникс со резултат 104:97.

Денвер е бранител на шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

Со биланс од 51 победа и 22 порази е лидер на табелата во Западната конференција.

притисни ентер