Индијански хороскоп: Духот на кое животно живее во вас? - Канал 5

Индијански хороскоп: Духот на кое животно живее во вас?

Индијански хороскоп.

Индијански хороскоп: Духот на кое животно живее во вас?

Видра (20 јануари – 18 февруари)

Мала, комплицирана и невообичаена, видрата е животно кое тешко кој може да го сфати. Оваа личност е доживеана како неконвенционална појава, па ретко кога луѓето се вртат за помош или да побараат некоја работа да биде завршена од нивна страна. Тоа е голема грешка, бидејќи иако неконвенционални видрите се доста ефикасни. Надарени со висока интелегенција и ефикасност видрите преку својата имагинација можат да го решат секој проблем или предизвик со минимален труд. Видрата е осетлива, сочуствува, храбра и искрена, но доколку е оставена во неуредна околина може да биде непристојна, бескрупулозна и бунтовна.

Волк (19 февруари – 20 март)

Длабоко емотивен и страствен, волкот е љубовник и во физичка и во филозофска смисла на зборот. Тој разбира дека љубовта е единственото нешто што на сите нас ние е неопходно и тој може да го обезбеди тоа по било која цена. Потребна му е слобода, но сепак е нежен и чувствителен. Волкот во неговото окружување може да биде страствен, великодушен, нежен и благ. Но оставен сам на себе може да биде непрактичен, опсесивен и осветољубив.

Сокол (21 март – 19 април)

Нему му е во природата да биде лидер. На него се потпирате кога ви е потребен совет или конечна пресуда и одлука во необични ситуации. Покрај тоа, овој индијански знак не троши време бесцелно, тој добро знае дека железото се кове додека е топло. Го краси невидена упорност и тој е битен и незаменлив дел од секој тим посебно во екпините спортови. Соколот може да биде суетен, но затоа е во право и некогаш може да биде арогантен. Во окружување во кое соколот има поддршка ќе му расне самодовербата, способноста за одржување на страста, а тоа ќе побуди и сочувство. Сепак, оставен сам и на цедило, соколот може да биде непристоен, нетолерантен, нестрплив и претерано осетлив.

Дабар (20 април – 20 мај)

Неговото мото е – преземи одговорност, прилагодисе и помини ја пречката. На дабарот, работата му е речиси се во животот, па е во состојба се да заврши со максимална самодоверба и ефикасност. Менталните способности му се мнгоу изострени, па на нив може и да се смета. На дабарот речиси се му оди од рака, но ставот “”Или по мое или никако”” често може да го доведе во неволја. Може да биде сочуствителен, великодушен, корисен и оддан, но и нервозен, посесивен, арогантен а понекогаш и кукавица.

Елен (21 мај – 20 јуни)

Еленот е главната муза на зодијакот. Тој секогаш може да ве насмее со неговиот совршен хумор. Доста е остроумен, па секогаш е добредојден гостин на забавите бидејќи е одличен соговорник. Неговата природна интелегенција го прави секогаш да биде свесен за неговата околина и случувањата околу него. Неговиот нарцисоизам може и да се претпостави со оглед на тоа што тој е главната зодијачка муза. Во заштитени услови тој е инспиративна сила за негување на односите, но ако го отавите сам тој за кратко станува себичен, нерасположен, нестрплив, дволичен и мрзелив.

Клукајдрвец (21 јуни – 21 јули)

Клукајдрвците се посветени на негувањето. Тие се совршени слушатели, полн сочуство и дефинитивно некој кој сакате да го имате на своја страна секогаш кога имате некој проблем. Секако, како таков клукајдрвецот е и одличен родител, прекрасен пријател и партнер. По природа е скромен, снаодлив и организиран. Грижлив е, посветен и многу романтичен, но тоа лесно може да премине во љубомора, посесивност и пакост.

Лосос (22 јули – 21 август)

Фокусиран, интуитивен и величенствено креативен. Лососот е полн со енергија. Тој е природен мотиватор, неговата самодоверба и ентузијазам се толку големи што дури се и заразни. Не е потребно да бидете долго време со него, дури и ако неговата идеја најнапред звучи лошо. Великодушен е, интелигентен и интуитивен, па не е чудо што има многу пријатели. Тој е стабилен, мирен и сензуален, но често може да биде вулгарен нетолерантен егоист.

Мечка (22 август – 21 септември)

Прагматичен и методичен, мечката ја повикувате секогаш кога ви е потребна стабилна рака. Неговата сталоженост, практичност и методичност го чинат одличен деловен партнер. Во повеќето сценарија тој е гласот на разумот и решавачот на проблеми. Инаку, награден е со големо срце и сака великодушно луѓе. Малкумина знаат дека мечката е многу скромен, па дури и срамежлив. Одличен наставник и ментор. Ќе ве обвие со љубов и доблесност, но може да биде и скептичен и мрзелив.

Гавран (22 септември – 22 октомври)

Полн со ентузијазам, гавранот е природен шармер без ни малку труд. Неговата енергија лесно се препознава, па повеќето се согласуваат и се вртат кон неговите идеи и мислења. Идеалсит е, а дипломатијата му е посилната страна. Едноставен е, интуитивен, романтичен и трпелив, но често може да биде недоследен, осветољубиви и да бара многу од партнерот.

Змија (23 октомври – 22 ноември)

Змијата е природна во секој поглед. Лесно е да се поистоветите, па затоа е и одличен духовен лидер. Предничи во медицинските професии, бидејќи нејзиниот талент за лечење ги надминува сите останати. Преокупацијата на змиите со прашања кои се надвор од овој свет, често ја чини мистериозна и страшна во очите на останатите. Вистината е дека може да биде таинствена и помалку мрачна, но и чувствителна и доста грижлива. Може да биде страствена, духовита и инспиративна, но и насилна и склона на ненормални нарушувања во расположението.

Був (23 ноември – 21 декември)

Променлив и непостојан, бувот е тешко да го врзете за едно место. Бувот е топол, природен и едноставен, и воедно е најголемиот пријател на целиот свет. Ја следи глас дека животот го живее брзо, со полни гради и е склон кон авантури. Тоа сепак може да биде на сопствена штета бидејќи, знае да биде несовесен, невнимателен и непромислен. Бувовите се големи уметници, наставници и конзерватори. Меѓутоа поради својата посветеност тие се издвојуваат во секоја професија. Осетливи се и одлични слушатели, но можат да бидат и горки, претерани и воинствени.

Гуска (22 декември – 19 јануари)

Ако сакате нешто да биде направено викнете ја гуската. Таа е истрајна, упорна и амбициозна до срж, поставува цели и секогаш ги достигнува. Одлучна е да успее по секоја цена, не поради тоа што сака да се докаже некому, но бидејќи целото време се бори со својот внатрешен непријател на кого и му се докажува. Затоа е одлична и во спортот и во натпреварувачките спортови. Кога е смирена во окружување на семејството, гуската може да биде духовита, сензуална, страствена и друштвена. Во спротивно, опсесијата може да ја доведе до зависност која со сигурност ќе биде и нејзиниот крај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер