Индијана стигна до првата победа над Атланта, Антиќ за 25 минути игра 5 поени ,3 скока - Канал 5

Индијана стигна до првата победа над Атланта, Антиќ за 25 минути игра 5 поени ,3 скока

Кошаркарите на Индијана ја постигнаа првата победа во НБА плеј-офот откако ноќеска славеа триумф на домашен терен над Атланта со 101:85 и изедначија на 1-1 во победи.

Индијана стигна до првата победа над Атланта, Антиќ за 25 минути игра 5 поени ,3 скока
Клучната разлика домашните кошаркари ја направија во третиот период кој го добија со 18 поени разлика (31:13).

Најдобри во победничкиот тим беа Пол Џорџ со 27 поени и Луис Скола со 20, додека кај Атланта Пол Милсап постигна 19 поени. Нашиот Перо Антиќ за 25 минути постигна 5 поени и имаше 3 скокови.

На другите натпревари одиграни ноќеска Вашингтон ја оствари и втората победа на гости над Чикаго со 101:99 по продолжение и поведе со 2-0 во победи, додека Торонто изедначи на 1-1 во победи со триумфот над Бруклин со 100:95.

Вечерва се играат три натпревари: Мајами - Шарлот (1-0 победи), Сан Антонио - Далас (1-0) и Хјустон - Портланд (0-1).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Наредена итна евакуација на населението, откажани летови

Тајфун се движи кон Јапонија. Се евакуираат 260 илјади луѓе.

Видео: Наредена итна евакуација на населението, откажани летови

На стотици илјади луѓе во југозападен Јапонија им беше наредено да се евакуираат, а денес беа откажани повеќе од 500 летови додека тајфунот „Долфин“, кој се движи бавно, се приближува кон регионот, носејќи силни ветрови, обилни врнежи и високи бранови.

Тајфунот од прва категорија носи ветрови со максимална брзина од 144 километри на час, со удари што достигнуваат и до 198 километри на час, и се приближува кон низата острови меѓу регионот Кјушу и префектурата Окинава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA), пренесува Ројтерс.

Властите издадоа наредби за евакуација на речиси 260.000 жители во префектурите Кагошима и Окинава, додека „Тојота“ денеска го прекина производството во девет фабрики.

Надлежните очекуваат тајфунот Делфин да ја задржи својата јачина додека се приближува кон Окинава, носејќи ризик од ветрови што би можеле да оштетат или урнат одредени објекти.

Јапонската метеоролошка агенција (JMA) предупреди дека може да се формира и линеарен појас на дожд – односно тесен појас на интензивни врнежи и грмотевици – што би можело да предизвика поплави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско

До 7 часот и 30 минути денеска на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати.

Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско

Информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во Тајланд

Во пукотница во училиште во Тајланд двајца се убиени, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач,, соопштија официјални лица.

Двајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во Тајланд

Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите.

Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот вооружен напаѓач извршил самоубиство. Меѓу повредените има еден наставник и четворица ученици, рече тој.инцидентот се случил северно од бангкок. Во февруари во слично вакво пукање еден наставник почина, а еден ученик беше повреден во јужен тајланд, откако вооружен човек отвори оган во училиште .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер