Индијана се избори за мајсторка во серијата со Њујорк - Канал 5

Индијана се избори за мајсторка во серијата со Њујорк

Индијана пејсерс ноќеска го победи Њујорк никс во шестиот натпревар од второто коло на НБА плејофот со 116:103. Резултатот во серијата прв до четири победи сега е израмнет 3:3 и за пласман во полуфиналето ќе одлучува мајсторка.

Индијана се избори за мајсторка во серијата со Њујорк

Џејлен Брунсон со 31 поен беше најефикасен кај Њујорк, но тоа не беше доволно неговиот тим да се спаси од пораз.

Во победничката екипа се истакна Паскал Сиакам со 25 поени, седум скока и пет асистенции.

Седмиот натпревар во серијата ќе се одигра утревечер на теренот на Њујорк.

Победникот од оваа пресметка ќе оди на Бостон селтикс во конференциското финале на Исток. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во околината на Минхен: Пума слободно се шета- подигнати се хеликоптери и дронови

Полицијата попладнево започна голема операција за пребарување, во која учествуваат хеликоптер, беспилотни летала и бројни полицајци, но животното досега не е пронајдено.

Драма во околината на Минхен: Пума слободно се шета- подигнати се хеликоптери и дронови

„Потрагата е во полн ек, а животното сè уште не е забележано“, изјави портпаролката на полицијата, според ДПА.

Ловец кој користел опрема за ноќно гледање го забележал сомнителното животно во природниот резерват Ноцингермос во општината Горна Баварија Обердинг доцна вчера вечер и се посомневал дека можеби е голема мачка, соопшти полицијата.

Ловецот го снимил и животното, кое потоа го прегледал експерт.

„Снимката му била прикажана на експерт во текот на ноќта, кој верува дека животното може да е пума“, соопшти полицијата.

Пошумениот природен резерват се наоѓа во округот Ердинг, на само неколку километри од аеродромот во Минхен.

Властите изјавија дека е сосема нејасно од каде можело да дојде животното. Според администрацијата на округот Ердинг, во моментов нема информации дека циркусот чува големи мачки во областа.

Окружните власти ги повикаа граѓаните да бидат внимателни и побараа од секој што ќе го забележи животното или има информации за неговото местоположба веднаш да се јави во полицијата.

На жителите во областа им е кажано и да не ги пуштаат своите кучиња слободно да шетаат.

„И не дозволувајте малите деца да си играат без надзор“, соопшти окружната администрација на Фејсбук.

Неколку претходни извештаи за големи мачки кои слободно шетаат низ Германија се покажаа како лажни аларми.

Во 2023 година, полицијата и ловците бараа наводна лавица во Клајнмахнов во близина на Берлин околу 30 часа. На крајот се веруваше дека животното всушност е дива свиња.

Во 2025 година, сомневањата дека пума е забележана во близина на езерото Гајзелтал во источната покраина Саксонија-Анхалт предизвикаа нова голема потрага, но експерт подоцна заклучи дека животното веројатно е домашна мачка.

Други наводни предатори пријавени во Германија дури се покажаа како плишани животни, вклучувајќи случаи во Куксхафен и Франкфурт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерката Божиновска во Виена: Зајакнување на енергетските врски со Австрија во фокусот на посетата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Виена го започна учеството во меѓународната програма „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“.

Министерката Божиновска во Виена: Зајакнување на енергетските врски со Австрија во фокусот на посетата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Виена го започна учеството во меѓународната програма „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“, во рамки на која учествуваше на сесија посветена на оперативното управување со кризи и оствари средби со високи претставници на австриски институции.

Во фокусот на првиот ден беше и унапредувањето на односите меѓу Македонија и Австрија во областа на енергетиката. Божиновска оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија.

На средбата беа разменети мислења за билатералните и економските односи, актуелните прашања во енергетиката и процесите на енергетска транзиција, како и за можностите за продлабочување на контактите и размена на искуства во енергетскиот сектор.

Како дел од програмата, Божиновска оствари и работен ручек со директорот на Дипломатската академија на Виена, амбасадорот Мартин Ајхтингер. Во фокусот на разговорот беа лидерството, јавната служба и значењето на меѓународната размена на искуства.

„Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“ е извршна програма на Дипломатската академија на Виена, која ги поврзува жените на лидерски позиции од регионот и е насочена кон зајакнување на лидерските капацитети и размена на искуства за современите предизвици во јавниот сектор.

Во продолжение на престојот во Виена, министерката Божиновска ќе има обраќање пред студентите на Дипломатската академија на Виена и ќе одржи предавање посветено на енергетската транзиција и актуелните состојби во енергетскиот сектор во Македонија. Пред студентите ќе бидат презентирани клучните процеси во енергетиката, развојот на обновливите извори на енергија, модернизацијата на инфраструктурата, енергетската сигурност и регионалното поврзување.

Со учеството во програмата и работната агенда во Виена, Министерството продолжува со активно меѓународно позиционирање на македонските енергетски приоритети и отворање простор за нови партнерства и размена на искуства.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епилог на ученичките и студентските протести во Франција: Илјадници уапсени, стотици повредени полицајци (ВИДЕО)

Вкупно 6.629 лица се уапсени за време на протестите на средношколците и студентите во градовите низ Франција, а повредени беа 761 полицаец, како и 215 ученици и 89 наставници, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.

Епилог на ученичките и студентските протести во Франција: Илјадници уапсени, стотици повредени полицајци (ВИДЕО)

Тој рече дека протестите брзо станаа сериозни и дека досега вклучиле најголем број училишта во Франција и дека бројот на учесници бил поголем од вообичаеното, објави BFM TV.

Нуњез, исто така, рече дека е „претерано да се зборува за полициска репресија“ за време на протестите во средните училишта.

„Тоа е првата вистина што треба да се утврди: нема интервенција кога има средношколци кои демонстрираат мирно“, рече Нуњез.

Протестите на француските средношколци започнаа кон крајот на септември во Кретеј, предградие на Париз, а потоа се проширија низ целата земја, со барања за подобри услови во училиштата, поголеми инвестиции во образованието и решение за проблемот со недостигот на наставници.

Најтешко повредени во протестите беа 15-годишен ученик чија рака беше откината од граната солзавец во Ленс на 5 октомври, како и 14-годишник кој беше погоден во лицето од таква граната во Сен-Уен-ла-Мон на 28 септември, при што се здоби со сериозни повреди на вилицата и забите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер