Индија учествува во клиничките тестирања на руската вакцина против ковид-19

Рускиот Фонд за директни инвестиции и лабораториите на Д-р Реди добија обновена лиценца за спроведување клинички испитувања на руската вакцина против ковид-19 во Индија, пренесува Ројтерс.

За прва пат официјални преставници на Индија информираа за клиничките испитувања на руската вакцина „Спутник 5“ на голем број волонтери во Индија.

Индиските власти истакнаа дека првата и втората фаза на клинички испитувања на вакцината, кои беа спроведени во Русија на почетокот на оваа година, биле со мал обем, биле офатени мал број на доброволци, поради што тие треба да се повтират.

Според новиот договор, Индија сега ќе спроведе прилагодена втора и трета фаза на клинички испитувања на 1.500 волонтери, соопшти рускиот Фонд за директни инвестиции.

Според договорот, Д-р Реди лаборатории ќе спроведат клинички испитувања на руската вакцина во Индија, а Рускиот Фонд за директни инвестиции ќе им обезбеди 100 милиони дози вакцина за таа намена.

Лабораториите на Д-р Реди исто така ќе ја дистрибуираат вакцината во Индија, доколку е одобрена за употреба.

Фондот за директни инвестиции на Русија постигна договор со индиски компании за производство на 300 милиони дози на вакцина.

Русија е првата земја во светот што регистрира вакцина против ковид-19 наречена „Спутник 5“. Третата фаза на клинички испитувања на оваа вакцина се спроведува во Белорусија, Венецуела и Обединетите Арапски Емирати.

Најдено новороденче на аеродром,сите патнички завршиле во притвор (ВИДЕО)

Катарските власти ги информирале властите во Австралија дека извадиле тринаесет патнички од авион на аеродромот во Доха, каде што им бил извршен детален преглед за да се утврди дали се поврзани со оставањето на новороденче на аеродромот.

Австралија денеска ги осуди катарските власти за соблекување и пребарување на 13 патнички на летот кон Сиднеј кои биле подложени на детален преглед за да се утврди дали се поврзани со раѓањето на тоа бебе.

Патничките на „Катар ервејс“ на летот 908 до Сиднеј биле подложени на детален медицински преглед на аеродромот „Хамад“ во Доха и затоа летот бил одложен.

Еден од патниците рекол дека во авионот слушнале порака во која жените биле повикани да го напуштат авионот.

Австралиското Министерство за надворешни работи ги опиша постапките на катарските власти како несоодветни.

"Инцидентот е многу вознемирувачки и насилен. Никогаш не сум чул за сличен случај во мојот живот. Ние недвосмислено им го пренесовме нашиот став на катарските власти", изјави австралискиот министер за надворешни работи Мариз Пејн, потврдувајќи дека очекува детален извештај од катарските власти оваа недела, за да донесе одлука за следните чекори, објави АП.

По враќањето во Австралија, патничките од Катар заминале во карантин, каде ја добиле целата неопходна медицинска нега и психијатриска помош.

Новороденчето, патем, сè уште не е идентификувано, но е предадено на надлежните медицински и социјални служби, објавиле властите на аеродромот во Доха.

Манекенката Деми Роуз избега од Британија и се сонча на Малдивите (ФОТО)

Кралицата на минијатурните костими за капење, британска манекенка и сензација на Инстаграм, 25-годишната Деми Роуз ужива во топлите зраци на сонцето на Малдивите , откако избега од вечно дождливиот Лондон.

„Полека се навикнувам на островскиот живот“, напиша Деми позирајќи во минијатурно бикини со животински принт, заземајќи стратешка поза (нога пред нога додека стои на прстите) за да изгледа повисоко, а нозете подолги.

Heaven on Earth✨ @lolo_creativ

A post shared by Demi 🌹 (@demirose) on

Сите 15 милиони нејзини следбеници на Инстаграм последниве денови уживаат во објавите на бујната инфлуенсерка Деми Роуз, која се прослави единствено со нејзиниот секси изглед, а влезе во светот на шоу-бизнисот со фактот дека е поранешна девојка на раперот Тајџ, поранешно момче на познатата Кајли Џенер.

- Рајот е состојба на умот! Ве има 15 милиони. Јас сум воодушевена. Никогаш не можев да помислам кога започнав со Инстаграм и кога почнав да позирам на 18 години дека ќе имам таква неверојатна база на обожаватели како што имам сега. Ве ценам и сакам сите. Благодарна сум за вашата поддршка - напиша пресреќната Деми, почестувајќи ги придружниците со фотографии во црно боди од чипка, додека зад неа се гледа бескрајниот океан.

- Вие сте нашиот ангел - е само еден од коментарите на воодушевените обожаватели.

Деми не се обидува да ги сокрие своите бујни облини. Покрај тоа, таа гордо ги покажува во исклучително минијатурните костуми за капење, а понекогаш и без нив.

- Верувам дека сме најубави кога ќе го отфрлиме нашето старо „јас“ и ќе се свртиме кон новото светло - напиша Деми на романтичната фотографија од плажа.

Поголемиот дел од деновите ги поминува на плажа, пловејќи на јахти или релаксирајќи се на отворените базени во одморалиштето Амила на Малдивите, кои се опкружени со природни ресурси и ја кријат од љубопитните погледи.

Таа е секогаш во костим за капење, изложена на сонце, на што му го должи својот тен дури и во средината на есента.

Во сториите на Инстаграм, Деми призна дека овој островски живот ја оставил „без трепки“, алудирајќи дека престанала да става вештачки трепки и дека ужива во годишниот одмор и природата.

Министерот Спасовски е позитивен на коронавирус,има благи симптоми

И покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19, напиша на ФБ министерот Оливер Спасовски.

Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.

Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.

Чувајте сепорача министерот за внатрешни работи во објавата на Фејсбук.

притисни ентер