Индија: Повеќе од 25.000 луѓе евакуирани поради поплави - Канал 5

Индија: Повеќе од 25.000 луѓе евакуирани поради поплави

Повеќе од 25.000 луѓе беа евакуирани преку ноќ од градот Џалапур Пирвали во источната покраина Пенџаб, Индија, бидејќи надојдените реки се закануваа да го поплават целиот регион.

Индија: Повеќе од 25.000 луѓе евакуирани поради поплави

Евакуацијата започна во недела и продолжи во текот на ноќта, изјави генералниот директор на Управата за управување со катастрофи во Пенџаб, пренесува Ројтерс.

Во претходната операција за евакуација, најмалку пет лица загинаа, а повеќе од десетина беа повредени откако брод што превезуваше жители се преврте во Пенџаб.

Поплавите од реките Рави, Сутлеџ и Ченаб погодија повеќе од 4.100 села, принудувајќи повеќе од два милиони луѓе да ги напуштат своите домови.

Властите отворија 423 кампови за помош, 512 медицински установи и 432 ветеринарни станици за заштита на луѓето и добитокот, а повеќе од 1,5 милиони животни се преместени.

Најмалку 50 лица загинаа во поплави оваа сезона.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска.

Министерот Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје

- Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во капацитетите со кои располагаат од аспект на капацитети за хоспитализација, кадровска опременост, како и лабораториските реагенси за испитување. Досега се потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани, а поголем дел од нив се со невроинвазивна форма на болеста, посочи министерот Клековски.

Тој упати апел до граѓаните - доколку забележат симптоми како: висока температура, вкочанет врат, дезориентација, слабост или грчеви — веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Инаку, од почетокот на епидемијата досега 21 пациент е отпуштен од болница и упатен на домашно лекување, уште четворица пациенти денес се отпуштаат, а вкупно пет лица се починати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Бебе истрча на терен и прекина натпревар во американската МЛС

Во 21-то коло од сезоната во МЛС, „Минесота јунајтед“ оствари убедлива победа од 5–1 на гостински терен против „Сан Хозе“, но високиот резултат не беше она за што најмногу се зборуваше по натпреварот. 

Видео: Бебе истрча на терен и прекина натпревар во американската МЛС

Вниманието го привлече еден необичен прекин во првата минута од судиското надополнување, кога едно мало дете – на возраст од околу една година – залута на теренот.

Судијата Џаир Маруфо ја прекина играта, иако телевизискиот пренос првично не ја откри причината за тоа.

Коментаторката Киндра потоа ја разјасни ситуацијата со едноставна изјава: „На теренот има бебе“. Кратко потоа, камерите прикажаа како еден од редарите го изнесува детето од теренот.

Редарите веднаш им го вратија детето на родителите, а идентитетот на семејството не беше откриен.

„Минесота јунајтед“ исто така ја коментираше ситуацијата; покрај објавата за резултатот од натпреварот на социјалните мрежи, клубот духовито забележа: „Како да му земеш бонбона на бебе“.

По победата, се огласи и тренерот на „Минесота“, Камерон Ноулс. „Слушнавме врева, па погледнавме да видиме што се случува. Можеби е малку рано за доживотна забрана за влез на стадионот“, се пошегува Ноулс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и Зелениково

Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково,.

ЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и  Зелениково

-На тој пожар до сега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинденинформираат од ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер