Индија ја освојува вселената: Направија тестирање за да пратат мисија со екипаж (ВИДЕО)

Индија изврши клучен тест во амбициозната вселенска мисија Гагањаан, неколку часа по одложувањето на планираното лансирање, објави Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО).

„Причината за прекинатото лансирање е идентификувана и поправена“, објави ИСРО на платформата X.

Причината за доцнењето не е наведена. Лансирањето беше закажано за 8 часот, но не можеше да се изврши. Успешно беше спроведен во 10 часот, соопшти ИСРО.

Мисијата Гагањаан има за цел да развие вселенска капсула за луѓе, која што ќе носи тричлен екипаж во орбита од 400 километри (250 милји) три дена, пред да слета во Индискиот Океан. ISRO најави дека мисијата ќе истражува начини за одржување на човечко присуство во вселената.

Околу 90 милијарди индиски рупии (милијарда евра) се доделени за мисијата, откако ISRO претходно го изврши историското слетување на својот вселенски брод Чандрајаан-3 на јужниот пол на Месечината.

Мисијата Гагањаан се очекува да се лансира од главниот центар за вселенско лансирање во Шрихарикота пред 2024 година, иако распоредот не е објавен.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер