Индија испраќа тим од 80 спасувачи во Мјанмар - Канал 5

Индија испраќа тим од 80 спасувачи во Мјанмар

Индија испраќа тим од 80 спасувачи од Националните сили за одговор при катастрофи за да му помогнат на Мјанмар, кој вчера беше тешко погоден од земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, јавија индиските медиуми.

Индија испраќа тим од 80 спасувачи во Мјанмар

Командир од Националните сили за одговор при катастрофи изјави дека се очекува вечер спасувачите да пристигнат во Мјанмар.

Силниот земјотрес со епицентар на околу 17 километри од градот Мандалеј предизвика штета и во соседен Тајланд. Природната катастрофа уништи згради, мостови и друга инфраструктура. Според последните податоци, бројот на жртвите во Мјанмар сега е над 1.000.

Индија и друг пат испраќала спасувачи во земји погодени од силни земјотреси. Во 2015 година таа испрати претставници на Националните сили за одговор при катастрофи во Непал, кој беше погоден од земјотрес со јачина од 7,8 степени. Во 2023 година, индиски спасувачки тим се приклучи на операциите за пребарување и спасување по разорниот земјотрес што ја потресе централна Турција.

Њу Делхи вчера испрати околу 15 тони хуманитарна помош за жителите на најнаселениот град во Мјанмар, Јангон. Помошта беше доставена со воено транспортно летало на индиските воздухопловни сили.

Индискиот премиер Нарендра Моди изрази загриженост поради разорниот земјотрес и изјави дека Индија е подготвена да им понуди секаква можна помош на Мјанмар и Тајланд.

Индија и Мјанмар имаат заедничка граница долга 1.643 километри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Власта си игра со здравјето на луѓето - Водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

Во над 50 населени места водата не е исправна за пиење.

СДСМ: Власта си игра со здравјето на луѓето - Водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

Народот се труе а одговорни нема за тоталниот колапс на институциите.

Вчера и официјално беше соопштено дека водата во Гостивар сѐ уште не е за пиење.

Продолжува хиперхлорирањето. Во повеќе примероци сѐ уште се пронаоѓаат бактерии.

Ова е скандалозно.

Хиперхлорираната вода не е наменета за постојана употреба. Додека концентрацијата на хлор е висока, водата не смее да се користи ниту за капење.

Високото ниво на хлор предизвикува иритација на кожата, очите и дишните патишта.

Особено е опасно при топол туш.

А што најавуваа досега?

Мицкоски најави дека водата ќе биде технички исправна и врз основа на таа изјава граѓаните ја користат водата за капење.

Министерот Клековски најави дека до крајот на минатата недела водата ќе биде безбедна за пиење.

Пред два дена Мицкоски повторно изјави дека „за првпат по многу години“ водата ќе биде бактериолошки исправна.

Во исто време, додека министерот најавуваше вода за пиење, Мицкоски рече дека не може - затоа што се појавила нова бактерија.

Ова се случува кога нестручни лица даваат објаснувања.

Секој ден различни упатства.

Граѓаните се збунети, а последиците по здравјето можат да бидат катастрофални.

Сѐ што прават е за политички поени. Резултати нема - само медиумска пропаганда.

Сѐ уште не знаеме кој потпишал дека водата е технички исправна и безбедна за капење.

Ако некој го потпишал тоа, а сега се докаже дека водата не била ни технички исправна, тој мора кривично да одговара.

Тоа што Владата деновиве не го покажува официјалниот документ, наведува на сомнеж дека документ воопшто нема.

Сѐ се работи по налог на Мицкоски, во служба на неговата кампања, а на штета на здравјето на граѓаните на Гостивар.

Не можете да си играте со здравјето на граѓаните.

Сите ќе одговарате!

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан, Форум на жени

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возиња пристигна во својот нов клуб, навивачите создадоа незаборавна атмосфера

Возиња пречекан како ѕвезда во новиот клуб .

Возиња пристигна во својот нов клуб, навивачите создадоа незаборавна атмосфера

40 годишниот голман на Зеленортските Острови, Возиња е нов член на чилеанскиот клуб Коло-Коло.

Возиња пристигна во својот нов клуб, навивачите создадоа незаборавна атмосфера. Извонредните одбрани на Светското првенство го исфрлија во преден план во светот на спортот.

Искусниот голман од Зеленортските Острови, Возиња, доживеа спектакуларен пречек во Чиле, каде што ќе ја продолжи кариерата во дресот на локалниот гигант Коло-Коло.

По неговите импресивни настапи на Светското првенство во 2026 година, 40-годишниот голман стана вистинска светска сензација и икона – како во својата татковина, така и низ целиот свет.

Неговите брилијантни одбрани на Светското првенство го лансираа во самиот врв на спортскиот свет, а неговиот профил на Инстаграм доживеа невиден раст, скокајќи од скромни 50.000 следбеници на речиси 30 милиони.

Навивачите на „Коло-Коло“ во огромен број излегоа да го пречекаат на аеродромот, приредувајќи му ентузијастички пречек каков што обично им е резервиран на најголемите светски ѕвезди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израелскиот министер Кац во судир со воениот врв

 Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го разреши командантот на Централната команда на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генералот Ави Балут.

Израелскиот министер Кац во судир со воениот врв

Промената уследи по спорот предизвикан од одлуката на тој офицер да изрече административна мерка против израелски доселеник осомничен за напади врз Палестинци, пишува денеска израелскиот весник „Марив“, повикувајќи се на извори кои ја оцениле одлуката како политички мотивирана, бидејќи Балут наводно не ја спровел политиката на Кац.

Весникот наведува дека конфликтот меѓу военото раководство и министерот за одбрана бил предизвикан од одлуката на Балут – кој е надлежен за окупираниот Западен Брег – да спроведе административна мерка против доселеници обвинети за насилство врз Палестинци.

Кац ја објави одлуката за замена на Балут во телевизиска емисија на „Канал 14“, наведувајќи дека на негово место ќе биде назначен Дадо Бар Калифа. Според весникот „Марив“, овој потег предизвикал незадоволство во израелската армија, каде што дел од офицерите сметаат дека одлуката е политички мотивирана.

Началникoт на Генералштабот на ИДФ, генерал Ејал Замир, изјави дека одлуката на Кац не е во согласност со неговите планови и дека тој нема намера да врши промени на командантите на клучни позиции во овој период. „Марив“, повикувајќи се на воени извори, наведува дека ниту Балут, ниту неговиот наследник не биле однапред информирани за одлуката на министерот, туку за неа дознале дури по јавното соопштување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер