СДСМ: „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо Михајлов
2СДСМ: „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо Михајлов
Психолог објаснува како да препознаете “burnout” (исцрпеност) кај децата: „Се гледа преку однесувањето“
2 Психолог објаснува како да препознаете “burnout” (исцрпеност) кај децата: „Се гледа преку однесувањето“
СветИндија ги намали дополнителните акцизи за гориватаИндија ги намали специјалните дополнителни акцизи за бензинот од 13 на три рупии по литар, а за дизелот од 10 на нула рупии по литар.Одлуката на Владата во Њу Делхи е во насока на поддршка на енергетскиот сектор поради неповолното влијание на војната на Блискиот Исток врз снабдувањето со нафта и природен гас. Индија што е трет најголем увозник и потрошувач на нафта во светот, повеќе од 90 проценти од потребите ги покрива со увоз. Во изминатата година земјата потрошила 33,15 милиони тони пропан-бутан, од кои околу 60 проценти се увезени, при што речиси 90 проценти од увозот доаѓа од Блискиот Исток.Тагови: Индија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските властиПоранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, во раните утрински часови се пријавил кај македонските власти по што бил уапсен. Бајрами самиот се предал откако беше во бегство од 2024 година.Од министерството за внатрешни работи за Мета информираат дека Бајрами утрово во 5 часот и 35минути , самоволно и пеш се пријавил кај надлежните органи. Бајрами е обвининет во кривичниот процес во врска со незаконското работење на државна лотарија, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој исто така беше во бегство и исто така самиот се предаде на полицијата. МВР против бајрами и груби распишаа меѓународна потерница во декември 2024 година откако кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена, но тие не беа достапни за органите на прогонот. Груби се предаде во февруари годинава на граничниот премин блаце, на македонско-косовската граница и беше во притвор, што подоцна беше заменет со куќен.Тагови: Перпарим Бајрами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо МихајловИсто како на Илинден, наместо единство и прослава на државноста, вчера, на Денот на независноста Мицкоски ја продолжи кампањата „талог“, ги продолжи навредите и поделбите на граѓаните.Нема ништо државничко кај Мицкоски, ниту пак има чувство за значењето на 8 Септември – за Денот на независноста. Операцијата „Талог“ и сеењето омраза којашто Мицкоски ја спроведува е класична фашистичка кампања по моделот на Ванчо Михајлов и најмрачните периоди од нашата историја. Прво забранија да се зборува за мигрантите. Изгласаа декрет во Собранието по теркот на Хитлер. Во Ново Село нападнаа деца поради транспарент со предупредување за отруената вода во Гостивар. Повикаа советник на СДСМ од Кавадарци во полициска станица поради Фејсбук статус за незадоволството на лозарите. Оваа форма на кампања Мицкоски ја тера само затоа што нема ниту еден резултат зад себе, во ниту една област. Економијата, земјоделството, здравството, образованиеѕо, социјлата...насекаде е хаос. Народот едвај врзува крај со крај. Потрошувачката кошничка стигна до 90.000 денари со кирија, а минималната плата е закована на 26.000 денари, најниска во Европа. Цените отидоа до плафон, стандардот на граѓаните паѓа, луѓето живеат се потешко. Долгот Мицкоски го зголеми веќе за 4 милијарди евра само за две години. Еврипскиот пат е замрзнат. Се слави злосторник како Ратко Младиќ, спротивно на сите европски и човечки вредности. Сè што се прави е копи-пејст рецепт од неговиот ментор Вучиќ. Додека нема ниту еден добра вест за граѓаните од оваа влада. Ниту една. Мицкоски веќе изгуби повеќе од 150 илјади гласови, сега следува уште поголем пад на неговиот личен рејтинг. Патриотските теми веќе не поминуваат - сите се прочитани. Кога нема резултати зад себе, кога сите негови лаги се прочитани, само уште тоа му остана на Мицкоски, поделби и сеење омраза. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умеренНа граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook