Индиец влетал крвав во полициска станица без четири прсти,сите се шокирале од бизарната вистина - Канал 5

Индиец влетал крвав во полициска станица без четири прсти,сите се шокирале од бизарната вистина

На крајот на декември, 32-годишниот М.Тарапара се појавил во полициската станица во индискиот град Сурат и рекол дека доживеал сообраќајна несреќа со мотор.

Индиец влетал крвав во полициска станица без четири прсти,сите се шокирале од бизарната вистина

Вознемирениот маж бил облеан во крв, му недостасувале четири прсти на левата рака, па веднаш бил пренесен во болница. Сепак, ова било само почеток на бизарната приказна, пренесува Oddity Central.

Тарапара тврдел дека возел мотор кога одеднаш му се свртило и се онесвестил покрај патот. Кога се разбудил десет минути подоцна, му недостасувале четири прсти на левата рака.

Покрената е истрага, а прегледана е и снимката од надзорните камери. Тогаш властите сфатиле дека Тарапара го паркирал моторот во близина на обиколница и си заминал. Нешто подоцна се вратил со повредена лева рака.

Сведоци на „несреќата“ немало, па мажот под полициски притисок морал да признае сѐ.

„Тој купил нож од продавница и четири дена подоцна отишол кај обиколницата Амроли. Таму го паркирал својот мотор. Потоа си ги отсекол прстите и ги преврзал раните. За да се ослободи од доказите, ги ставил ножот и прстите во торба и ги фрлил“, открил полициски службеник.

Тарапара ја објаснил причината за ваквиот драстичен потег и сите останале без зборови. Имено, тој повеќе не сакал да работи во фабриката на својот братучед (за преработка на дијаманти) и се направил неспособен за работа.

„Успеавме да ја најдеме чантата со неговите прсти, но сепак не ги добивме сите информации“, соопштија надлежните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир

 Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига.

43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир

Вчера (21.08.2026) во периодот од 14:00 до 20:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјето на општина Чаир во Скопје за санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и лесни електрични возила кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за несоодветна категорија, 19 санкции за прекршоци сторени од возачи на лесни електрични возила и две останати мерки кон други учесници во сообраќајот.

За сите прекршители на сообраќајните правила изготвени се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Белорусија објави дека ќе ја затвори својата амбасада во Финска од 1 септември, соопшти вчера финското Министерство за надворешни работи.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Одлуката за затворање на амбасадата, која беше отворена во Финска во 2011 година, ја донесе Советот на министри на Белорусија и ја потпиша премиерот на земјата Александар Турчин, објави финскиот весник „Хелсингин Саномат“.

Последниот белоруски амбасадор во Финска беше Алексеј Самосуев, кој ја извршуваше функцијата од 2018 до 2024 година, а по него не беше назначен нов амбасадор.

Финска нема амбасада во Белорусија, но Министерството за надворешни работи на земјата има канцеларија за врски во Минск, која ќе продолжи да работи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Анкара вчера го осуди обидот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што рече, да „ја претстави Турција како нова закана“.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавено на платформата X, се вели дека Турција ги осудува „ситните политички тактики“ на Нетанјаху.

Кабинетот на Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ во соопштение откако Турција издаде меѓународна потерница по него поради пресретнување на активистичка флотила што се упатуваше кон Појасот Газа.

Израел бомбардираше воздухопловна база во северозападна Сирија оваа недела, тврдејќи дека Турција го проширува своето воено присуство во областа, тврдење што Анкара го негираше.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер