Индиец ги прекршил строгите религиски правила да му помогне на дете во сообраќајка - Канал 5

Индиец ги прекршил строгите религиски правила да му помогне на дете во сообраќајка

22 годишниот Харман Синк го симнал турбанот да му намести поудобна позиција на детето кое било удрено од автомобил. Харман ниту за момент не помислил на строгото правило на неговата религија Сикизмот да не го симнува турбанот во јавност, погоден од лошата судбина на момчето.

Индиец ги прекршил строгите религиски правила да му помогне на дете во сообраќајка
Пет годишниот Даејон Пахиа на 15 мај бил удрен од автомобил додека одел на училиште во Нов Зеланд. Харман веднаш притрчал да му помогне на момчето и го симнал турбанот да го намести подобро под главата на детето. Веста ја објавиле локалните медиуми, а телевизијата „One News“ снимила и прилог за индискиот студент во Окленд, во неговиот дом.



Кога телевизиската екипа пристигнала кај харман забележале дека тој дома нема никаков мебел освен пластични столчиња.


The business student slept on a mattress on the floor and only had couple of plastic garden chairs in his lounge room

Откако снимките биле објавени, телевизијата стапила во контакт со голем произведувач на мебел во Нов Зеланд, кој се согласил за Харман да донира комплетно нов мебел. Ова е реакцијата на добродушниот 22 годишен студент!

Harman Singh was reduced to tears when a business owner gave him new furniture for his sparse home


- Ви благодарам, изустил тој и почнал да плаче. Потоа се потсетил на својот татко кој го изгубил пред една година, и изјавил дека би било убаво да може да го види сега.

Семејството на малиот Даејон кој закрепнува во болницата му се заблагодарило на Харман со писмо за убавиот гест кон нивното дете.

- Среќен сум што е добар, тој е храбро момче но многу се срами кога ќе одам да го посетам - изјави Харман за локалните медиуми.

Никогаш не очекувал да биде награден за своето добро дело, сметајќи дека е сосема нормално да му помогне колку што може на мало дете во неволја.

- Добив илјадници пораки за поддршка и пофалба, благодарам, но јас направив нешто што скеој пристоен член на заедницата би го направил - вели тој.

Сиромашниот студент е пресреќен што добил мебел кој уште долго време самиот немало да може да си го обезбеди.

Mr Singh (second from right) described the gesture as 'the biggest surprise of my life'


- Му благодарам, знам дека поради религијата не смееше да го стори она што го стори, а без него моето дете можеби немаше д абиде тука - вели мајката на Даејон, Ширали Пахиа.

Во сикизмот е строго забрането симнување на турбанот на јавно место, тоа е дозволено само во приватноста на сопствениот дом.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство

Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.

Шукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство

Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци.

– Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова.

Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степен

Времето утре според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.

Утре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степен

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицето

Мегапопуларниот српски пејач Саша Ковачевиќ ги објави првите фотографии со наследникот од породилиштето.

Саша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицето

Зорана Тасовац, партнерката на пејачот Саша Ковачевиќ, се породи и роди здраво машко дете. Гордите родители го добија своето прво заедничко дете, а набргу потоа ја споделија радосната вест на социјалните мрежи.

Саша сега објави фотографии со наследникот од породилиштето. Првата слика е направена веднаш по породувањето, додека на втората пејачот не ја симнува насмевката од лицето и позира со бебето во колевката.

Тој го покри лицето на синот со емотикон во форма на срце, а глетката ги разнежни неговите следбеници. Ковачевиќ претходно откри дека за доаѓањето на бебето избрале приватна клиника и дека тој сакал да биде покрај Зоран за време на породувањето.

„Сакам да бидам таму, како поддршка, но и за да ги почувствувам убавините на татковството уште од првата секунда кога тој ќе дојде на свет“, изјави пејачот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер