3Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји
ЖивотИндиец е единствениот „бремен маж“ на светот со фетус во стомакот- докторите шокирани (ВИДЕО)Судбината на еден човек е толку неверојатна што го обиколи целиот свет и за неговиот случај се зборува со години.Имено, човек по име Санџу Бхагат поминал низ голгота поради редок синдром кој го зголеми неговиот стомак, сличен на труднички, а во кој навистина носел живо суштество! Сѐ се случило во Мумбаи, објави Индија Тајмс. Роден во Индија во 1963 година, Санџу Бхагат често го опишуваат како „бремениот маж“ поради неговиот стомак. Сепак, она што е навистина шокантно е фактот дека токму таму, во неговата утроба, неговиот брат близнак живеел повеќе од 36 години. Фетус-во-фетус (FIF) е исклучително ретко абнормално пореметување кое се јавува кога фетусот ќе се заглави во својот близнак. Кога Санџу Багат, маж кој имал близнак во себе, имал две години, неговиот многу голем стомак личел на бременост. Како што стареел, така растел и стомакот. За тоа селаните секогаш го исмејувале. Во јуни 1999 година, кога Санџу имал 36 години, растечкиот стомак му го отежнал дишењето, па веднаш бил однесен во болница на операција. Лекарите мислеле дека можеби е тумор. Не знаеле што ќе се случи. За време на операцијата докторот рекол дека почувствувал многу коски внатре, потоа излегол екстремитет, а потоа го оперирал целото мутирано тело на плодот. Лекарите не можеле да им веруваат на своите очи, откриле дека тој има фетус во фетус, една од најчудните медицински состојби во светот. Така Бхагат го носел својот близнак во своето тело цели 36 години. Бидејќи Бхагат природно немал плацента, израстокот директно се припишува на неговото снабдување со крв. Фетусот преживеал како паразит дури и по раѓањето на домаќинот, создавајќи структура слична на папочната врвца која се инфилтрирала во крвта на Бхагат и пораснал толку многу што почнал да му штети на домаќинот. Веднаш по операцијата, болката и отежнато дишење на Бхагат исчезнале и тој веднаш закрепнал. Неговата тежина била значително намалена. Сега живее нормален живот. Но, сега целиот свет ќе го памети како „бремениот маж од Индија“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаДенеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сценаПретставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ. Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа. Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката. Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земјиЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка. Посебен акцент беше ставен на трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување. На средбата, министерот ги претстави развојните политики на Владата и плановите за подобрување на инфраструктурната поврзаност во регионот. Николоски нагласи дека Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и претставува порта за поврзувањето со Централна Европа. Во таа насока, беше истакнато дека присуството на голем број турски компании кои инвестираат во земјава претставува потврда за развиените пријателски односи меѓу двете држави, како и за потенцијалот за натамошно унапредување на економското партнерство. Соговорниците ја потврдија важноста на продолжувањето на соработката меѓу Македонија и Турција во повеќе области, со посебен акцент на економијата, поврзувањето на граѓаните и развојот на туризмот. Во делот на туризмот, беше нагласено дека постојат огромни потенцијали за поврзување меѓу двете земји, со цел поттикнување на туристичките посети и продлабочување на меѓусебните врски. Средбата претставува можност за зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во интерес на економскиот развој, новите инвестиции и унапредувањето на севкупните билатерални односи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22