Инцидентот во кој физички беше нападната учителка ги подели родителите во Јан Амос Коменски - Канал 5

Инцидентот во кој физички беше нападната учителка ги подели родителите во Јан Амос Коменски

Инцидентот во кој ученик со потешкотии во развојот во петокот физички нападнал наставничка ги подели родителите на децата од 4г во ОУ Јан Амос Коменски во скопски Карпош.

Инцидентот во кој физички беше нападната учителка ги подели родителите во Јан Амос Коменски

По немилиот настан дел од нив одлучиле нивните деца да не ја посетуваат наставата додека не се преземат потребни мерки за решавање на случајот.. некои од нив денеска се собраа пред училиштето и обвинија дека инцидентот не бил изолиран случај, туку кулминација на континуираното насилно однесување на истиот ученик и побараа интервенција од институциите.

-Нашите деца имаат право на безбедна, мирна и поддржувачка средина во училиштето. Како родители имаме обврска да ги заштитиме.Бараме итна интервенција од надлежните институции: МОН, ЦСР, Просветен инспекторат и сите останати тела. Исто така бараме физичка и психолошка безбедност за сите ученици и наставници. Индивидуална стручна проценка на ученикот кој го предизвикува инцидентот и преземање соодветни мерки. Целосна поддршка за одделенската наставничка и стручната служба.-- Јанко Мишев.

Наспроти ова, до директорката на училиштето пристигнал и допис од друга група родители од 4г одделение во кое стои дека од вкупно 23 ученици, повеќе од половината не бојкотираат и велат дека било какви ставови во јавноста не се легитимни за да го претставуваат ставот на одделението.

Од управата на училиштето, велат дека целосно се запознаени со случајот и тие, но и институциите. За ученикот велат дека претходно имал образовен асистент година и половина, но родителите на дететото, повикувајќи се на законот, не сакале веќе да го придружува. Сепак, тие веќе упатиле ново барања за проценка..

-Ученикот кој ја нападнал учителката е дете кое се соочува со потешкотии во развој. Пред да се случи настанот имало тропање на маса што ја предизвикало реакцијата на ученикот и резултатот е тоа што се случи, но не е точно дека биле нападнати и други деца. Сега ученикот е отстранет од настава до петок, но училиштето ќе организира функционирање на одделението бидејќи детето не смее да остане без настава. директорка на училиште Татјана Јанкуловска.

Децата со потешкотии во развојот станаа дел од редовната настава пред неколку години, по реформите за инклузија во образовниот систем со кој беа укинати специјалните училишта – потег кој и натаму наидува на различни гледишта и кај родителите, но и кај стручните служби во училиштата.

YouTube video

Фото: Кајли ја искористи шансата повторно да се соблече во бикини!

Најмладата милијардерка во САД, бизнисменката Кајли Џенер едвај дочека повторно да се соблече во минијатурно бикини и да ги истакне облините.

Фото: Кајли ја искористи шансата повторно да се соблече во бикини!

Членката на кланот Кардашијан Џенер, ријалити ѕвездата и бизнисменка Кајли Џенер неодамна му претстави на светот нова колекција кармини, инспирирана од летната сезона.

Убавицата овој пат ја искористи и можноста да се соблече, а со овој потег „уби две муви со еден удар“ - му ја покажа на светот својата завидна фигура, а воедно го претстави и карминот „Peach Mango Lip Butter“.

Како што може да се види од фотките, Кајли гордо позираше во минијатурно бикини кое ги истакнуваше нејзините бујни гради и раскошни облини, а стајлингот го комплетираше со шминка во „голи“ тонови.

Што се однесува до фризурата, таа се одлучи за најсекси трендот, односно носеше таканаречена мокра фризура, а целиот стајлинг го комплетираше со изглед на заводничка.

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти, од акциза за 7,1

Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти, од акциза за 7,1, а од данокот на моторни возила за 17 отсто.

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти, од акциза за 7,1

Сузбиени организирани криминални мрежи кои вршеле криминални дела со над 230 употребувани автомобили, 230 килограми дрога и 600 килограми анаболици, спречен обид за криумчарење на половина милион евра вредно злато, 30 килограми сребро, над 200 килограми лекови и над 10 илјади килограми суплементи, 400 илјади парчиња цигари и пури. Во 94 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост запленети 180 илјади парчиња стока. Ова се само дел од резултатите што ги реализирала Царинската управа во изминатата година што денеска ги презентираше директорот Бобан Николовски на настанот „Една година резултати“.

Спречени се прекршочни и кривични дела при што евидентирани се вкупно 520 случаи на заплени или двојно повеќе од годината претходно. Поднесени се и 181 кривична пријава за сторени кривични дела против 307 физички и 99 правни лица или, како што нагласи, за четири ипол пати повеќе споредбено со годината претходно кога биле поднесени 42 кривични пријави.

-Ова се историски резултати кои што ќе се паметат во историјата на Царинската управа, истакна Николовски.

Вели дека измината година по направена анализа на состојбите во институцијата работеле на иницирање итни, но одржливи и видливи промени, за поуспешно работење, поголема безбедност, борба против корупцијата, разбивање на организирани криминални мрежи, спречување на криумчарење. Имало зголемени контроли, зголемената професионалност на службите, унапредување на царинските процеси, но и подобрената соработка со компаниите, што, како што рече, резултирало со повисока наплата на приходи во Буџетот.

-Тргнавме силно уште од првиот месец. Денеска Царинската управа претставува еден од главните столбови на кои се потпира државата, симбол за просперитет, симбол за безбедност, рече Николовски.

Зголемените контроли, зголемената професионалност на службите, унапредувањето на царинските процеси, но и подобрената соработка со компаниите, според него, резултирале со повисока наплата на приходи во Буџетот.

-Така во текот на изминатиот период од една година наплативме приходи во висина од над две милијарди евра или речиси 105 милиони евра повеќе од истиот период претходно. Раст на приходите има по секој основ. Приходите од царина бележат раст од 15,2 проценти, од акциза од 7,1 процент, а приходите од данокот на моторни возила бележат раст од 17 проценти. Ова претставува сериозен износ што се влева во Буџетот за повеќе капитални инвестиции, што ја раздвижаа економската активност и водат до повисок економски раст, нагласи Николовски.

На сите гранични премини и гранични терминали, ставен е во функција системот за видео надзор и систем за препознавање на регистарски таблички, еден од најсовремените во Европа, при што снимките од системите претставуваат и веќе се користат како доказен материјал во предистражни постапки на Царинската управа, како и други истражни органи.

Според директорот на Царинската управа, напредокот во борбата против корупцијата е веќе мерлив и признаен.

- Годинава ДКСК во извештајот за 2024 година не оцени на високо петто место од вкупно 72 институции во спроведување на политики за интегритет, при што особено се забележани подобрувања во делот на идентификуваните точки на ризици од корупција, како и преземени конкретни чекори за спречување судир на интереси меѓу кои и изречени дисциплински, но и откази за царински службеници кои постапувале спротивно на законите, рече директотот на Управата.

Во изминатиот период, нагласи Николовски, заеднички покажавме дека институциите можат да бидат двигател на позитивни промени кога се водат со визија, а тимската работа е ставена во прв план.

-Не зборуваме веќе за индивидуални успеси – Царинската управа стана симбол на институционален капацитет што колективно испорачува резултати, рече Николовски.

На настанот присуствуваат и премиерот Христијан Мицкоски, министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Трајко Славески, вицепремиери, министри, директори, пратеници, претставници на бизнис заедницата.

Приведени тројца возачи, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди

Полициски службеници во изминатите 24 часа во три различни контроли лишиле од слобода тројца возачи, кои управувале возила под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни незгоди. 

Приведени тројца возачи, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди

Против нив, како што иниформираат од МВР ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово вчера во 5:30 часот во с.Јосифово, валандовско, го лишиле од слобода Т.Ј. (52) од с.Удово, валандовско. Околу 04.20 часот на регионалниот пат Р-1105, кај с.Јосифово, валандовско, управувајќи патничко возило „опел корса“ со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, по што се оддалечил од возилото, кое целосно изгорело. Во несреќата, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово, а при проверка било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,19 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово.

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка денеска во 07.00 часот на магистрален пат А2 во село Гиновци, општина Ранковце, го лишиле од слобода М.Ц. (38) од Радишани, скопско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мазда“, кое го управувал М.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.13 промили алкохол во крвта.

Полициски службеници од ОВР Берово вчера во 07.50 часот на регионалниот пат Делчево-Берово, во с.Смојмирово, беровско, го лишиле од слобода А.Н.(30) од с.Црник, пехчевско. При вршење увид по претходно случена сообраќајна незгода, полициските службеници констатирале дека А.Н. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил приведен и задржан во полициска станица, информираат од МВР.

притисни ентер