Инциденти на седницата на Советот во Белград– истурена црвена боја - Канал 5

Инциденти на седницата на Советот во Белград– истурена црвена боја

Советничката на Зелено-левичарскиот фронт Наталија Стојменовиќ пред почетокот на седницата на Советот на Белград истури црвена боја врз масата на претседавачот со Советот.

Инциденти на седницата на Советот во Белград– истурена црвена боја

Ваквиот потег е продолжување на акцијата „крвави ви се рацете“ која има за цел да ги повика на одговорност српските власти поради копрупција.

“Вака треба да изгледа работното место на оваа градска власт, бидејќи поради нив граѓаните се плашат да ги испратат своите деца на училиште, автобусите горат или им паѓаат тркала и сите слушнавме како се местат тендери за градскиот превоз“, наведуваат од Зелено-левичарскиот фронт.

Седницата започна со едноминутно молчење за жртвите од железничката станица во нови сад во која животот го загубија 14 лица, а на дневен ред на седницата се 26 точки, од кои повеќето се однесуваат на урбанистичкото планирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јирген Клоп станува селектор на Германија?!

Во 11:00 часот ќе се одржи прес-конференција на која трофејниот тренер Јирген Клоп ќе биде претставен како нов селектор на германската репрезентација и наследник на Јулијан Нагелсман.

Јирген Клоп станува селектор на Германија?!

Германската фудбалска асоцијација (DFB) ги покани новинарите на конференција во четврток наутро, но без да наведе конкретна причина за собирот.

Пред официјалното соопштување, одлуката сè уште треба формално да ја потврдат властите на Унијата. Во петок наутро, членовите на комисиите на DFB ќе одржат дигитален состанок, по што назначувањето треба официјално да биде потврдено.

Според информациите од германскиот весник „Билд“, покрај Клоп, на конференцијата ќе присуствуваат и претседателот на DFB, Бернд Нојендорф, претседателот на Бундеслигата и потпретседател на Федерацијата, Ханс-Јоахим Вацке, како и портпаролката на DFB, Франциска Вила.

Клоп во репрезентацијата ќе доведе и неколку луѓе со кои веќе соработувал во текот на својата успешна кариера. Неговиот долгогодишен соработник Петер „Пит“ Крајвец ќе биде дел од стручниот штаб во улога на помошник-тренер.

Тука ќе бидат и Пеп Лајндерс, поранешен член на тимот на Клоп во Ливерпул, како и поранешниот играч на Борусија Дортмунд, Свен Бендер, познат по прекарот „Мани“. На почетокот на јули, Бендер го раскина договорот со регионалниот лигаш Унтерхахинг по двегодишна соработка.

Клоп би требало да потпише договор што ќе важи до Светското првенство во 2030 година. Преземањето на германската репрезентација е можно и благодарение на договорот со неговиот претходен работодавач, компанијата „Ред бул“, каде што ја извршуваше функцијата глобален директор за фудбал со мандат до 2029 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран го одби предлогот на Трамп

Иран го отфрлил предлогот за прекин на огнот што американскиот претседател Доналд Трамп го испрати до Техеран преку ирачкиот премиер Али ал-Заиди, според неименувани ирански и американски официјални лица, пренесува денеска „Њујорк тајмс“.

Иран го одби предлогот на Трамп

Овој неуспешен обид за посредување се случи во време кога Доналд Трамп се закануваше дека ќе го ескалира конфликтот и ќе изврши напад врз клучната иранска инфраструктура.

Официјални лица изјавија дека посетата на премиерот Али ал-Заиди на Иран уследила по неговата неодамнешна средба со Трамп во Белата куќа.

Деталите од предлогот за прекин на огнот сè уште не се јасни, но иранските претставници изјавија дека тоа е единствената понуда на маса и оти нивната влада не е заинтересирана за привремен договор што би го оставил нерешено прашањето за контролата врз Ормускиот Теснец, пишува весникот.

Иран и САД постојано ги зголемуваат тензиите во текот на изминатите неколку недели, при што американските сили бомбардираа воени бази, како и инфраструктура како што се железници, аеродроми, мостови и пристаништа, додека Иран изврши напади со балистички ракети и беспилотни летала врз американски воени цели на Блискиот Исток, потсетува весникот.

Двајца ирански претставници изјавија дека вооружените сили на земјата очекуваат и се подготвуваат за можноста од ескалација на конфликтот доколку Доналд Трамп ги спроведе своите закани за напад врз Техеран и клучната инфраструктура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Витаминка донираше флаширана вода за граѓаните на Гостивар

Како одговор на актуелната криза со водоснабдувањето во Гостивар, Витаминка испорача донација од околу 23 тони флаширана вода, наменета за граѓаните кои се соочуваат со недостиг од безбедна вода за користење.

Витаминка донираше флаширана вода за граѓаните на Гостивар

Откако надлежните институции препорачаа водата од градскиот водовод да не се употребува, голем број жители се принудени секојдневно да обезбедуваат вода од алтернативни извори за своите основни потреби. Свесна за сериозноста на состојбата и за значењето на навремената реакција, Витаминка веднаш се вклучи со конкретна поддршка за локалната заедница.

„Кога една заедница се соочува со предизвик кој директно влијае врз секојдневието и здравјето на граѓаните, потребна е брза и конкретна реакција. Како компанија која со децении е дел од ова општество, чувствуваме одговорност да бидеме присутни токму кога поддршката е најпотребна. Веруваме дека солидарноста најсилно се покажува преку дела и се надеваме дека оваа донација барем делумно ќе им го олесни секојдневието на жителите на Гостивар“, велат од Витаминка.

Во вакви околности, навременото вклучување и конкретниот придонес од деловниот сектор можат значително да помогнат во задоволувањето на најитните потреби и полесното надминување на последиците од кризата.

Компанијата ќе продолжи внимателно да го следи развојот на состојбата, со надеж дека проблемот ќе биде решен во најкраток можен рок и дека граѓаните на Гостивар наскоро повторно ќе имаат непречен пристап до безбедна вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер