Инцидент во Грција: Овци паселе канабис, па почнале да се однесуваат како кози - Канал 5

Инцидент во Грција: Овци паселе канабис, па почнале да се однесуваат како кози

Во 2023 година, шумските пожари, топлотните бранови и поплавите ги уништиле пасиштата во грчка Тесалија, па овците морале да најдат „алтернатива“.

Инцидент во Грција: Овци паселе канабис, па почнале да се однесуваат како кози

Шегата на страна, несреќните животни - во потрага по храна - упаднале во стаклена градина во која се одгледувал медицински канабис и изеле околу 100 килограми од ова растение.

Минатогодишната приказна повторно е актуелна на мрежите, а се случила во близина на градот Алмирос.

Чудното однесување на овците прв го забележал овчарот кој ги извадил на пасење, а сопственикот на стаклената градина не можел да им поверува на очите кога сфатил што се случило.

„Не знам дали да се смеам или да плачам. Имавме силен топлотен бран и изгубивме дел од производството. Имавме поплави и уништија друг дел. И сега после сѐ, имаме стадо овци, кои влегле во објектот и почнале да го јадат тоа што останало“, рече тој.

Овчарот за локалните медиуми изјавил дека овците почнале да се однесуваат чудно, пренесува Метро.

„Тие скокнаа повисоко од козите, што никогаш не се случува“, истакна тој.

Сличен инцидент се случил и во 2022 година во Индија, кога стаорци изеле 200 килограми канабис, кој - по заплената, бил чуван во полициска станица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска: Од денеска и Македонија е дел од вертикалниот гасен коридор

Македонија и официјално се приклучи кон вертикалниот гасен коридор.

Божиновска: Од денеска и Македонија е дел од вертикалниот гасен коридор

Откако министерката за енергетика Божиновска денеска во Солун потпиша меморандум за соработка. Со приклучувањето кон овој коридор, како што нагласи Божиновска, земјата треба да обезбеди дополнителна енергетска стабилност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Обвинувањата од СДСМ за јавниот долг се неосновани, задолжувањето е за враќање на нивните стари долгови

Заемите на ЈПДП се рамковни и не се повлекуваат одеднаш, туку постепено во зависност од реализацијата на проектите и доставените фактури. 

Мицкоски: Обвинувањата од СДСМ за јавниот долг се неосновани, задолжувањето е за враќање на нивните стари долгови

Вака премиерот Христијан Мицкоски одговори на обвинувањата од СДСМ дека 350 милиони евра обврски на претпријатието не се прикажани во јавниот долг. За планираното задолжување од 1,3 милијарди евра пак, Мицкоски посочи дека не е дел од годинашниот ребаланс, бидејки се однесува на задолжување на меѓународниот пазар и еврообврзница што треба да се издаде во 2027 година, пред се за отплата на стари долгови.

-Јас ги разбирам, сепак тоа не е фабрика за јужно овошје или компанија за јужно овошје, па да тргуваат со стабри вакцини или, пак, да горат модуларни болници — тука се експерти. Но, кога станува збор за економијата, освен арамилук и лоповлук, друго не им е во нивната политичка матрица. Ете, таа опозиција денеска ја имаме во Македонија. Значи, бандитска опозиција којашто продолжува да биде континуитет на бандитска власт во периодот кога СДСМ и ДУИ беа Влада во Македонија.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада

За премиерот, показател за добрите економски политики на владата се и најновите податоци на статистика, кои покажуваат дека БДП во вториот квартал од годинава пораснал за 4,3%. Мицкоски вели дека тоа е еден од највисоките резултати во Европа, во услови кога растот во ЕУ е 1,2% , а во еврозоната 1%.

- Јас ќе си стојам до мојот став дека ова е еден од четирите во моментот најголем раст на бруто домашен производ и во првата половина од годината, но и во второто тромесечие, при услови кога имаме за истиот квартал во 2025 година 3,5%.. Пред нас уште се Малта и Данска. Еве ги повикувам повторно ботовите на опозицијата со нивните политички мочуришта да почнат повторно да снимаат рилсови и да ме исмејуваат, но тоа се фактите, жалам.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада

По објавата на последните статистички податоци, од Фајнанс тинк во најновата анализа оценуваат дека економската активност забрзува, но предупредуваат дека растот е главно воден од домашни фактори, а во значајна мера е поттикнат од буџетската потрошувачка. Истовремено, укажуваат и на високиот буџетски дефицит, но и дека стапката на невработеност останува иста, односно 11,3%, што според нив покажува дека пазарот на труд не реагира на растот на БДП.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мажот кој беше влечен по Широк Сокак е жив – починатиот е оној кој влечел, на настанот му претходела физичка преметка

Тепачката, која се случила во центарот на градот во четири часот наутро, ја расчистила полицијата.

Мажот кој беше влечен по Широк Сокак е жив – починатиот е оној кој влечел, на настанот му претходела физичка преметка

Пресврт во случајот во Битола, лицето кое на видеото што ја вознемири јавноста се гледа како го влечат на „Широк Сокак“ е живо потврдуваат од МВР, а неофицијално, дознава Канал 5, починат е токму оној кој влече и подоцна беше пронајден во дворот на битолскиот клинички центар. Тепачката, која се случила во центарот на градот во четири часот наутро, ја расчистила полицијата, но зошто дошло до истата и што се случувало допрва ќе се утврдува.

-Во врска со видео снимките од социјалните мрежи, ве информираме дека од страна на СВР Битола утврден е идентитетот на лицата кои се на снимката, при што за расчистување на настанот повикани се повеќе лица на службен разговор. Потенцираме, дека споменатато починато лице, Ј.И. во дворот на КБ Битола не е лицето кое на видео снимката е влечено од страна на друго лице.- Гоце Андреевски – Портпарол на МВР

Сега починатиот 39 годишник од Струмица по физичката пресметка, рано утрото во понеделникот, со итна медицинска помош завршил на ургентниот центар во битолската болница, каде му биле извршени низа прегледи, и бил испратен на дополнителни, но наместо тоа ја напушти болницата и по кратко време бил пронајден мртво во дворот. Неофицијално, причина за смртта е срцев застој.

-Во ургентниот центар е донесен со екипа на итна медицинска помош, од таму на одделение за психијатрија, хирургија и неврохирургија каде е уредно прегледан и упатен на рентгнен, каде што не се јавил. После тоа ја напуштил болницата. – Велат од битолската клиника за Канал 5

Но, дали 39 - годишникот имал видливи траги од насилство, што точно утврдиле прегледите и дали физичката пресметка е причина за смртта, допрва треба да се дознае, од обвинителството велат дека обдукцијата е во тек, а во меѓувреме се преземаат и сите мерки за расветлување на случајот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер