Инцидент во Фиренца: 20 патници биле исфрлени од авион на Бритиш Ервејс - Канал 5

Инцидент во Фиренца: 20 патници биле исфрлени од авион на Бритиш Ервејс

Дваесет патници морале да го напуштат авионот на „Бритиш ервејс“ што летал од Фиренца до Лондон бидејќи било премногу тешко да се полета поради топлината.

Инцидент во Фиренца: 20 патници биле исфрлени од авион на Бритиш Ервејс

Дваесет патници морале да го напуштат авионот на „Бритиш ервејс“ што летал од Фиренца до Лондон бидејќи било премногу тешко да се полета поради топлината, а експертите предупредуваат дека ваквите инциденти би можеле да станат почести поради климатските промени, пишува „Мирор“.

Инцидентот се случил на 11 август на аеродромот „Америго Веспучи“. Поради високата температура, воздухот бил поредок, што барало повеќе гориво за авионот да ја достигне потребната надморска височина. Дополнителната тежина на горивото значела дека вкупната маса ги надминала безбедносните ограничувања за полетување.

„Беше околу 35 степени и им требаше дополнително гориво“

Ситуацијата дополнително ја комплицирала кратката писта на аеродромот во Фиренца, која е околу половина од должината на онаа на лондонскиот Гетвик.

Патник кој морал да го напушти авионот опишал што се случило: „Пилотот рече дека луѓето морале да се симнат поради екстремната топлина. Беше околу 35 степени и им требаше дополнително гориво за ефикасно да работи моторот. Персоналот рече дека 36 патници ќе мора да се симнат, но на крајот околу 20 луѓе морале да си одат“.

„Бритиш ервејс“ се извини

Авиокомпанијата им се извини на патниците погодени од оваа ситуација.

„Поради уникатната природа на аеродромот со кратки писти, екстремните температури влијаат на воздушниот притисок, па затоа тежината на авионот мора да се намали. Се извинуваме за непријатностите. Нашите тимови работеа напорно за да ги донесат патниците до нивната дестинација што е можно побрзо“, рече портпаролот.

„Треба да се навикнеме на вакви сцени“

Џони Вилијамс, експерт за авијација од Универзитетот во Рединг, предупреди дека ова не е изолиран случај и дека треба да се навикнеме на вакви сцени.

„Топлите летни денови, кога помалите аеродроми мора да ја намалат тежината на авионите, ќе станат почести. Условите што се случуваа околу еднаш дневно во лето би можеле да се појават три или четири дена во неделата до 2060-тите. Летањето до Шпанија, Италија или Грција би можело да стане поскапо бидејќи авионите ќе превезуваат помалку луѓе поради климатските промени“, рече Вилијамс.

Хаос на друг лет

Овој настан следеше по уште еден инцидент на лет на „Бритиш ервејс“, кога жена беше прогласена за „најлош патник од пеколот“. Други патници изјавиле дека таа повраќала врз семејство што седело зад неа, плукнала вино врз нив и ја влечела жената за коса.

Патниците ја виделе како пие вино што го прошверцувала во рачниот багаж, а потоа нарачала уште алкохол во авионот. Сведок рекол: „Откако се напила, станала од седиштето и намерно им плукнала вино во лица. Беше одвратно и ужасно.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер