Инцидент во близина на американска воена база во Британија- уапсени се повеќе лица - Канал 5

Инцидент во близина на американска воена база во Британија- уапсени се повеќе лица

Британската полиција прогласи голем инцидент во селото Велфорд, во близина на воздухопловната база Ферфорд на РАФ, која ја користат американските воздухопловни сили. 

Инцидент во близина на американска воена база во Британија- уапсени се повеќе лица

Неколку мажи беа уапсени под сомнение за кривични дела поврзани со експлозиви, а дел од селаните беа евакуирани од своите домови.

Полицијата во Глостершир соопшти дека евакуираните лица се однесени во близок центар за забава додека продолжуваат истрагите.

На терен е испратен специјализиран воен тим за отстранување на експлозивни направи, кој проверува неколку возила.

Полиција: Инцидентот е ограничен на таа област

Во областа Велфорд е поставен полициски кордон и голем број служби за итни случаи се на местото на настанот. Меѓу нив е и специјализиран медицински тим за интервенции во опасни подрачја.

Засега, полицијата верува дека инцидентот е ограничен на областа под надзор и не објави дека постои опасност за пошироката јавност.

„Голем број имоти моментално се евакуираат во областа Велфорд по прогласувањето на голем инцидент. Ова следува по апсењето на голем број мажи под сомнение за кривични дела според Законот за експлозиви“, соопшти полицијата.

Тие додадоа дека соработуваат со други служби и спроведуваат однапред подготвени процедури за вакви ситуации.

Досега не е објавено точно колку мажи се уапсени, што е пронајдено во возилата или дали постои директна врска помеѓу осомничените и воената база.

Во близина на важна база на американските воздухопловни сили

RAF Fairford се наоѓа во Глостершир, на југозападна Англија. Иако е база на британските кралски воздухопловни сили, таму се наоѓа командата на 501-то крило за борбена поддршка на САД, а базата интензивно ја користат американските воздухопловни сили.

Американското воздухопловство го опишува RAF Fairford како главна напредна европска локација за стратешки бомбардери. Бомбардери Б-52 се распоредени и таму за време на разни мисии и вежби, а базата игра важна улога во американските и НАТО операциите во Европа.

Полицијата досега не посочи дека денешниот инцидент има каква било врска со работењето на базата или американските воени сили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јорданов: Нова спортска сала “Џексон”, катна гаража и богата културна понуда, Штип продолжува со забрзан развој

Дозволете ми на почетокот да истакнам дека 2026 година, е година на продолжена работа, конкретни резултати и видливи промени за Штип.

Јорданов: Нова спортска сала “Џексон”, катна гаража и богата културна понуда, Штип продолжува со забрзан развој

Година во која продолживме да инвестираме во подобра инфраструктура, подобри услови за живот и поголема поддршка за децата, младите и сите граѓани.

Во текот на оваа година обезбедивме финансиска поддршка за семејствата на децата со попреченост од прво до деветто одделение, вклучени во редовната настава во сите општински основни училишта, преку Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година.

Продолжува и континуираната поддршка за младите преку доделување стипендии на ученици и спортисти од основните и средните училишта.

Деновиве започнува и распределбата на бесплатни униформи во сите основни училишта за ученици до петто одделение.

Штип продолжи да се развива со нови инвестиции во патната инфраструктура и реконструкција на улици „Питу Гули“, „Џемал Бједиќ“ и улицата „Кежовица“,. По пет децении, целосно е реконструирана и повторно ставена во функција улицата „Борис Кидрич“.

Во месноста Бело Брдо и населба Леваци во моментив се реализира целосна реконструкција на патната инфраструктура, стара повеќе од 60 години.

Започнаа и градежните активности за нова сообраќајница која ги поврзува улиците „Тодор Коларов“ и „Мирче Ацев“, со што се подобрува пристапноста до СОУ „Јане Сандански“ и новата Клиничка болница, а воедно и ќе се намали сообраќајниот метеж.

Во делот на паркирањето, изградена е нова катна гаража на три нивоа со капацитет од 50 возила, веднаш до зградата Промаја. Дополнително, обезбедени се нови паркинг-позиции во населбата Пребег, а нови паркинг површини се изградија и во дворот на спортската сала „Јордан Мијалков“ и кај „7-те кули“, во близина на Економскиот факултет.

Паралелно, продолжуваме со капиталните проекти, изградба на Обиколница, нови резервоари за вода, како и изградба и реконструкција на мостовите на реката Брегалница.

Работиме и на создавање нов зелен појас, мега-парк на површина од околу 70.000 квадратни метри покрај река Брегалница.

Во делот на сообраќајот, Штип е првата општина во Република Македонија која воведе софистициран и автоматизиран софтвер за евиденција и наплата во дејноста јавни паркинзи.

Поддршката за спортските клубови е поголема од било кога досега, а во употреба е пуштена и новата спортска сала „Џексон“, со капацитет од 1.300 посетители вистински спортски храм во градот.

Штип е град на културата, втора година по ред успешно беше организиран ,,Д Фестивал“ во Штип, со што градот повторно беше еден од главните центри на културните и музичките случувања во Македонија. Продолжуваме со финансирање и организрање на Макфест, Astibo Jazz Festival, Пастрамајлијада, Shtip street festival, Piano golden talents и многу други настани кои го промовираат Штип, привлекуваат посетители и носат дополнителна економска активност за локалниот бизнис.

Сето ова е дел од една пошироката определба Штип да продолжи да се развива и да создава подобри услови за живот и повеќе можности за своите граѓани.

Во периодот што следува продолжуваме со истата посветеност, со нови проекти и активности, но и со јасна одговорност кон она што го ветивме и што го работиме за нашиот град. Верувам дека со континуирана работа и заеднички ангажман можеме да направиме Штип да биде уште подобро место за живеење и град со сигурна перспектива за идните генерации, рече Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче и талогот од СДС да не бараат виновници за нивниот циркус

Додека надлежните од власта работат на сите полиња што води кон подобри услови во државата за секој еден граѓанин, во опозицијата се случува хаос.

Петрушевски: Филипче и талогот од СДС да не бараат виновници за нивниот циркус

Деновиве премиерот Христијан Мицкоски со динамична агенда во САД со цел нови инвестиции за Македонија и продлабочување на партнерствата со САД и НАТО, како и изнаоѓање начини за забрзување на процесот за вклучување во ЕУ.

Во меѓувреме, во опозицијата наместо консолидирање и размислување што би им понудиле реално на граѓаните, се случува циркус.

Од една страна Венко Филипче и талогот на СДС, од друга страна поранешни функционери на СДС, но и актуелни се поставуваат контра Филипче.

И во сиот овој циркус, Филипче наместо да си ја гледа домашната работа, тој ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Се додека за Филипче само другите се виновни, СДС тешко дека може да се извлече од дното.

На Филипче и талогот од СДС повторно ќе им порачаме, прво, на ВМРО-ДПМНЕ му одговара ваков СДС, а ВМРО-ДПМНЕ ниту сака, ниту има намера да се меша во нивната внатрешна работа. Единствено нешто што прави ВМРО-ДПМНЕ е спроведување проекти во интерес на граѓаните и државата, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вандализирано детско игралиште во Карпош 1

За жал, повторно сме сведоци на вандализам врз јавната и урбаната опрема. 

Вандализирано детско игралиште во Карпош 1

На детското игралиште во Карпош 1 се оштетени повеќе детски реквизити, како и дел од останатата урбана опрема.

Општина Карпош секоја година издвојува средства за одржување, обновување и унапредување на јавните површини, а континуирано инвестира и во поставување и реконструкција на детски игралишта и урбана опрема.

За жал, вложувањата во создавање безбедни и уредни простори за најмладите повторно се доведуваат во прашање поради неодговорното однесување и вандалските случаи.

Јавните површини се заедничко добро на сите граѓани. Ги повикуваме сите да се однесуваме одговорно и заеднички да придонесеме за нивно зачувување.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер