Инцидент пред влезот во српското собрание - Канал 5

Инцидент пред влезот во српското собрание

Инцидент пред влезот на српското собрание во Белград претпладнево кога опозициските пратеници се обидоа да влезат низ главниот влез, притоа отстранувајќи ја металната ограда околу шаторската населба, по што имаше и туркање со полицијата.

Инцидент пред влезот во српското собрание

Меѓу пратениците беше и Здравко Понош, кој и вчера помина низ таканаречениот „Ќациленд“, а денеска им се придружија и пратеници од Партијата за слобода и правда мегу нив и Мариника Тепиќ и Душан Никезиќ.. Минувајќи низ шаторската населба пратениците беа вербално навредувани, а обезбедувањео во жолти елеци ги одделуваше луѓето од кампот за да не ги нападнат.. Подоцна за да се спречи поголем инцидент се приклучи и полицијата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите во близина на Мека

Воздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите јужно од Мека пред да влезе во забранетиот воздушен простор над светиот град, изјави  портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен.

Воздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите во близина на Мека

Дронот, кој беше пресретнат синоќа е втор обид на Хутите да ја таргетираат Мека по лансирањето балистичка ракета во јули 2017 година, а следува по една недела напади од Хутите кои се сојузници на Иран..Претставниците на Хутите негираа дека ја нападнале Мека.

Нападите врз Саудиска Арабија ги шокираа глобалните енергетски пазари, потресени од шестмесечната војна меѓу САД и Иран, која го забави бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

Хутите во последните денови ја презедоа контролата врз делови од брегот на Црвеното море на Јемен, кои се наоѓаат на Баб Ел-Мандеб, еден од најважните бродски теснеци во светот, заканувајќи се на извозот на нафта од Саудиска Арабија пренасочен од Ормутскиот теснец.Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман, минатата недела му телефонираше на американскиот претседател Доналд Трамп барајќи воена поддршка, која досега беше ограничена на разузнавачка помош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВК

Судот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВК, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Судот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВК

Американската амбасада во Приштина веќе издаде безбедносно предупредување поради очекуваните масовни протести во Косово.

Вчера во Скопје беше одржан собир за поддршка на обвинетите.

Настанот, се одржа на плоштадот „Скендербег“ и траеше околу половина час.на собирот покрај организаторите од албанскиот младински форум, се обрати и поранешниот командант на ОНА и поранешен пратеник во собранието Џезаир Шаќири – Хоџа.

Присутните на настанот носеа маици со ликовите на поранешните водачи на ОВК и од настанот упатија порака дека очекуваат ослободителна пресуда за обвинетите

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВИДЕО: Телевизиски хеликоптер што снимал сообраќајна несреќа се урна во САД, тројца загинати

Хеликоптер на американската телевизиска станица KNBC се урна синоќа во Лос Анџелес. 

ВИДЕО: Телевизиски хеликоптер што снимал сообраќајна несреќа се урна во САД, тројца загинати

Во несреќата загиналенајмалку три лица, вклучително и пешак на паркинг, а едно лице е пренесено во болница. Хеликоптерот се урнал нешто пред 19 часот по локално време, на околу 40 километри северозападно од центарот на Лос Анџелес.

Екипи за итна помош и новинарски екипи се наоѓале во близина во тоа време, известувале за посебна несреќа со автобус во која исто така имало жртви.

„Знаеме дека станува збор за хеликоптер на информативната редакција и знаеме дека изгубивме контакт со нашите луѓе“, изјави во етер водителката на KNBC, Колин Вилијамс.

Претходно истата вечер, таа соопштила дека станицата изгубила контакт со екипажот на хеликоптерот. Противпожарната служба на Лос Анџелес соопштија дека на местото на несреќата се пронајдени три починати лица, додека едно лице е пренесено во локална болница; неговата состојба е непозната.

Едно од починатите лица било „пешак кој се наоѓал на паркингот“, изјави капетанот на противпожарната служба, Бранден Силверман.

Причината за несреќата сè уште не е позната, а властите не го соопштија бројот на лица кои се наоѓале во хеликоптерот. Силверман изјави дека леталото е речиси целосно уништено и дека истражителите ќе треба да ги пребараат остатоците за да ги идентификуваат жртвите и да го потврдат идентитетот на хеликоптерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер