Инцидент на Скијатос: Авион го разнесе багажот, патниците ги вадат куферите од море (ВИДЕО) - Канал 5

Инцидент на Скијатос: Авион го разнесе багажот, патниците ги вадат куферите од море (ВИДЕО)

Плажата на Скијатос привлекува сè повеќе туристи секоја година кои се собираат на неа за да видат како изгледа кога авионите слетуваат и полетуваат.

Инцидент на Скијатос: Авион го разнесе багажот, патниците ги вадат куферите од море (ВИДЕО)

Сега кружи видео на кое се гледа како луѓе ги бркаат куферите, поради моќноста на турбините, а некои од нив дури и завршија во морето.

На видеото се гледа како луѓето се обидуваат да се држат за нешто за да го спречат ветерот да ги однесе, додека млазниот авион носи сè пред себе. Се гледа како турист трча во водата за да го спаси својот куфер кој завршил во морето.

YouTube video

На Скијатос, авионите минуваат само неколку метри над плажата Агиос Стефанос, непосредно пред да слетаат на аеродромот „Александрос Пападијамантис“.

Поради нереалниот поглед, многу луѓе се собираат на овие плажи за да фотографираат и да го направат најдобриот кадар, иако ова може да биде многу опасно за туристите.

Ова невидено искуство привлекува толпи луѓе секоја година, но во исто време поставува прашања за безбедноста на оние кои избираат да бидат толку блиску до мотор на авион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Јапонија отсекогаш била добра кон нас, со исклучок, се разбира, на Перл Харбор“

 САД купуваат јапонски јени – прва таква интервенција по повеќе од една деценија.

Трамп: „Јапонија отсекогаш била добра кон нас, со исклучок, се разбира, на Перл Харбор“

Претседателот Доналд Трамп во неделата го нарече овој потег „знак на пријателство“.

На јапонскиот девизен пазар беше спроведена ретка билатерална акција со цел да се зајакне јенот, чија вредност во однос на доларот падна на најниското ниво во последните 40 години, пренесува Си-Ен-Ен.

„Јенот е слаб и ним им беше потребна мала помош. Ние секогаш сме тука за Јапонија“, им изјави Трамп на новинарите во авионот „Ер форс 1“.

Трамп се огласи откако „Фајненшл тајмс“ во петокот објави дека Федералната резервна банка на Њујорк, во име на Министерството за финансии на САД, продава евра за јени.

Весникот се повика на извори запознаени со ситуацијата. Исто така, вреди да се напомене дека Јапонија поседува најголемо количество американски државни обврзници, па затоа во интерес на Америка е јенот да остане стабилен.

Трамп во неделата изјави дека поддршката за јенот би била „добра за светската економија“. Како примери за американски интервенции што им помогнале на други економии, тој ги наведе минатогодишниот пакет помош за Аргентина во вредност од 20 милијарди долари и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Трамп рече дека САД исто така би имале финансиска корист од овој потег, но не објасни како. Претходно, Трамп ја опиша конзервативната јапонска премиерка Санае Такаичи како „прекрасна личност“.

„Имаме добри односи со Јапонија. Тие отсекогаш биле многу добри кон нас, со исклучок, се разбира, на Перл Харбор. Таму не беа добри“, се пошегува Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓаните ја спасија Унгарија од колапс

 Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека граѓаните на Унгарија ја спасиле земјата од колапс благодарение на нивното дисциплинирано однесување во изминатите неколку дена.

Граѓаните ја спасија Унгарија од колапс

Токму затоа, како што додаде тој, Работната група за одбрана одлучи дека засега нема потреба да се воведуваат задолжителни ограничувања на потрошувачката на енергија за компаниите.

Маѓар во најновата видео-порака на Фејсбук изјави дека станува збор само за моментална проценка и дека владата може да интервенира во секое време, пренесува „Маѓар немзет“.

Според него, граѓаните, компаниите, локалните самоуправи и институциите во неделата заштедиле 700 мегавати електрична енергија – што одговара на производството на еден и пол блок од нуклеарната централа „Пакш“ – а тоа привремено довело до благо покачување на нивото на водата поради намаленото пумпање.

„Владата, заедно со експерти за енергетика и води, ги разгледа податоците за очекуваната потрошувачка за оваа недела, расположливите капацитети на домашните електрани, како и можностите за увоз и трговија. Не може да се воведе задолжително ограничување на потрошувачката за домаќинствата. Им благодарам на граѓаните за нивната солидарност. Владата очекува дека стотици големи компании-потрошувачи ќе се придржуваат кон доброволното намалување на потрошувачката“, изјави тој.

Тој повторно упати апел до граѓаните да се обидат што е можно повеќе да ја намалат или прераспределат потрошувачката на електрична енергија во периодот од 17:00 до 22:00 часот.

Исто така, изјави дека постојано се бара решение за да се избегне целосно исклучување на електраната и дека во моментов се испитува можноста за задржување на водата надвор од електраната, но дека доколку нивото на водата се спушти за уште пет сантиметри, ќе мора да се исклучи и последната турбина.

„Земјата доби уште еден или два дена, што би можело малку да ѝ помогне на електроенергетската мрежа во деновите на најголема потрошувачка. Ќе биде многу тешко, но заедно ќе го надминеме тоа“, рече Маџар и нагласи дека снабдувањето на населението со електрична енергија ќе се ограничува само во краен случај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот со водата во Гостивар не е нов, ниту од вчера, тој е последица на децениска негрижа на СДС, ДУИ и Таравари

Опозиционерот Венко Филипче се обидува да држи лекции за здравството и јавното здравје, но граѓаните не забораваат кој со години раководеше со Министерството за здравство и кој беше на власт кога се случуваа проблемите.

ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот со водата во Гостивар не е нов, ниту од вчера, тој е последица на децениска негрижа на СДС, ДУИ и Таравари

РЕАКЦИЈА НА СДС

За разлика од некои минати времиња кога водата во Гостивар не била исправна, а никој не дал препораки и насоки да не се пие, сега согласно резултати се даваат препораките, а за скандалот се води постапка и има одговорност

СДС наместо да се засрами и да повика на одговорност во сопствените редови и од коалиционите партнери, продолжува со хистеријата и демагогијата.

Тоа што СДС не се навикнати за одредени случаи секој да е крив туку само вистински одговорните, не. Како што беше и трагедијата со модуларната болница во Тетово, каде дури кабелот беше крив, но Венко Филипче како министер за здравство кој ја подготвил и потпишал тендерската документација, не бил крив.

За тоа и сега кога за случајот со водата за пиење во Гостивар, се води постапка, истрагата е во тек, се испитува целата документација и целиот случај, а најодговорните се приведени. Значи се преземаат сите потребни мерки целосно расчистување на случајот, а во зависност од резултати на направените анализи навремено се даваат насоки и упатства за граѓаните.

За разлика од едни минати времиња на власт на СДС, министер за здравство Венко Филипче, локална власт во рацете на нивните партнери ДУИ и Таравари, кога направените анализи на водата во Гостивар покажувале присуство на бактерии и на неисправна вода за пиење, не се најде никој да даде препораки до граѓаните за да не ја користат.

Оттука, разликите во пристапот се евидентни и на СДС и порачуваме ако сакаат некој да им поверува дека се грижат за здравјето на граѓаните, а не само за политички поени, нека го повикаат на одговорност и нека побараат оставка од градоначалникот Валбон Лимани, кој тие го поддржаа за да станат дел од локалната власт во Гостивар.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер