Инцест пред црква - уапсени откако имале секс додека го гледале филмот „Notebook“ - Канал 5

Инцест пред црква - уапсени откако имале секс додека го гледале филмот „Notebook“

Кристофер Букнер и нејзиниот брат Тимоти Савој и признале на полицијата во сојузната американска држава Џорџија дека трипати имале секс во приколка од шлепер паркирана покрај баптистичка црква во округот Ефингем.

Инцест пред црква - уапсени откако имале секс додека го гледале филмот „Notebook“
Тие биле разоткриени во вторникот рано наутро, додека покрај автопатот пешачеле накај дома. Претходно, некој ги видел како одат по улица и помислил дека се криминалци па викнал полиција. Кога дежурна патрола ги пронашла, Савој прво изјавил дека ја испраќа дома својата пет години помала сестра.

Но, во потполно необјаснивиот сплет на околности, двајцата се збуниле и признале дека имале секс откако заедно го гледале романтичниот филм „Notebook“.
Тие се уапсени и добиле кривична пријава заради инцест и недозволено движење по автопат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Темелно исчистен подвозникот кај поранешната стоковна куќа „Мост“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека по години негрижа, темелно е исчистен подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“, кај поранешната стоковна куќа „Мост“.

Ѓорѓиевски: Темелно исчистен подвозникот кај поранешната стоковна куќа „Мост“

- Чистиот коловоз значи побезбедно возење за секој што минува оттука. Доволно е една кеса да заврши на шофершајбната или едно шише да се стркала пред мотоциклист за нечија неодговорност да загрози друг човек. Затоа, апелирам до возачите и сопатниците да не фрлаат отпад од прозорците. Тоа е мал гест со кој покажуваме почит и кон оние што возат зад нас и кон луѓето што секојдневно ги чистат нашите улици. Грижата за Скопје е секојдневна. Ние ќе продолжиме да го чистиме. Да го чуваме заедно – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вонредна состојба во Франција- итна евакуација поради силно невреме (ВИДЕО)

Околу 450 лица се евакуирани поради поплави во департманот Па де Кале во северна Франција, каде што обилните дождови предизвикаа излевање на реките и поплавување на неколку села, соопштија денес официјални лица.

Вонредна состојба во Франција- итна евакуација поради силно невреме (ВИДЕО)

Надлежните служби активираа план за вонредни состојби, а околу 130 училишта се затворени како мерка на претпазливост, објави префектурата на департманот Па де Кале, според телевизијата BFM.

Од почетокот на бурата се регистрирани 302 интервенции, од кои 87 во текот на ноќта, додека 207 се извршени во претходните 24 часа.

Четири лица мораа да бидат сместени во специјални приемни објекти, се вели во соопштението на префектурата.

Француската метеоролошка служба го стави департманот Па де Кале под портокалова временска тревога поради обилните дождови и ризикот од поплави, која е на сила од вторник до денес во 14 часот.

Поради влошувањето на ситуацијата, префектот вчера го активираше планот ORSEC, кој ги организира активностите на службите за итни случаи под негова надлежност во вонредни околности.

300 луѓе беа евакуирани како мерка на претпазливост од невреме во градовите Монтре-сур-Мер и Невил-су-Монтре, додека уште 17 лица беа евакуирани во други делови од департманот, а 74 лица, вклучувајќи 35 ученици, беа преместени на безбедни локации.

Спасувачките екипи, исто така, спроведоа пет операции за спасување.

Според префектурата, засега нема жртви.

На терен се распоредени повеќе од 200 пожарникари, 92 жандарми и 41 полицаец.

Обилните дождови и површинските води погодија околу 100 општини, а ситуацијата е особено тешка во околу 30 населени места, каде што куќите се поплавени, а пристапот до некои области е многу тежок.

Вкупниот број на оштетени станбени згради сè уште не е утврден.

Во градот Брексан-Енок, учениците од основно училиште беа евакуирани, а 16 од нив беа однесени на горниот кат од градското собрание, каде што им беше дадена вода и ужина, изјави градоначалникот Ив Себер.

Потоа децата биле транспортирани со трактор и приколка до сала за забави во соседниот град, каде што нивните родители ги зедоа.

Две реки во департманот, вклучувајќи ја и крајбрежната река Канче, се ставени на портокалова тревога поради можност за поплавување, додека други се под жолта тревога.

Префектурата издаде посебно предупредување за реката Канче, чие ниво на вода достигна ниво на кое е загрозено од поплавување.

Ограничувања во сообраќајот и алтернативни правци се воведени на околу 40 регионални патишта поради поплавите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Signal“ го блокира снимањето на екранот

„Signal“ воведува нови ограничувања за снимање на екранот со цел да ги спречи агентите со вештачка интелигенција да пристапуваат до размените на пораки на мобилните телефони.

„Signal“ го блокира снимањето на екранот

Овие нови поставки ќе бидат овозможени по дифолт и ќе ги блокираат обидите за снимање на екранот, со што ќе им се отежне на системите со вештачка интелигенција да ги читаат пораките преку визуелен пристап до содржината на апликацијата, пренесува Ројтерс.

Кога „Signal“ ќе открие обид за снимање на екранот или пристап до него преку „AI“-асистент, до корисникот ќе стигне известување кое нуди можност за исклучување на оваа заштита.

Оваа одлука доаѓа како одговор на сè почестата употреба на агенти со вештачка интелигенција – системи кои можат да ја гледаат содржината на екранот на корисникот, да собираат информации од различни апликации и самостојно да извршуваат задачи, како што се одговарање на е-пораки, закажување состаноци или вршење онлајн купувања.

Истовремено, од „Signal“ предупредуваат дека сè поголемата интеграција на вештачката интелигенција во уредите претставува сериозна закана за приватноста на корисниците.

Од „Signal“ се особено загрижени што ваквите можности сè повеќе се вградуваат директно во оперативните системи, вклучително и во оние што ги поддржуваат „Siri“ и „Gemini“.

„Signal“ користи енд-ту-енд енкрипција (E2EE), што значи дека само учесниците во разговорот можат да ја читаат неговата содржина. Сепак, агент со вештачка интелигенција кој има пристап до екранот би можел да направи снимка од пораката, да го препознае текстот и да го пренесе во сопствените системи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер