Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари
1Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари
3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
МакедонијаIn memoriam: Почина Владо Јаневски По кратко боледување почина македонската поп ѕвезда Владо Јаневски.Вечерва по кратко боледување, на една од скопските клиники почина македонскиот пејач и музичар Владо Јаневски на 66 годишна возраст. Македонската јавност и целиот регион ќе ги памети неговите незаборавни хитови, кои со децении ја полнеа душата на неговите бзбројни фанови. Замина чаирскиот романтичар. Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 во Скопје) — Има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ итн. Има завршено Филолошки факултет, отсек англиски јазик и литература.[1] Членувал во музичките групи Тост сендвич (1979), Бон Тон (1986), Фотомодел (1989), Ластовица (1992). Свири на клавир, гитара и тапани. Има учествувано на многу домашни и странски фестивали и е првиот официјален претставник на Република Македонија на Изборот за песна на Евровизија со темата „Не зори зоро“ во Бирмингем, 1998. Има учествувано и на Југовизија (Белград, 1992) и имал ревијални настапи на Славјански базар (Белорусија, 1994, 1995, 1996), Кавен (Ирска, 1994), Памуккале (Турција, 1994, 1995, 1996), Каиро (Египет, 1998, 1999) и на многу други реномирани фестивали. 1993: Парче душа (Моби Арт) 1996: Сѐ најдобро (Мистер Компани) 1996: Далеку е небото (Мистер Компани) 2002: Има нешто посилно од сѐ (Авалон) 2004: Ваков или таков (Авалон) 2006: Повторно се заљубувам во тебе (Аворд Ентертејнмент) Слава ти! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОбвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамариОсновното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство.Обвинетиот, на 10 ноември, во неговиот дом во Битола, телесно ја повредил неговата девојка. По вербална расправија меѓу нив, ја удирал по лицето со тупаници и шамари, па ја стегал за вратот и устата, со што и нанел површинска телесна повреда и неколку нагмечувања и крвни подливи. Обвинетиот во текот на постапката за прибирање докази беше обезбеден со мерка притвор, имајќи ги предвид ризиците тој да се обиде да го избегне кривичниот прогон и да го повтори насилното однесување. Притоа обвинителството ги ценеше информациите дека тој непосредно по настанот избегал од полициска станица и неколку дена не бил достапен. Сметајќи дека овие ризици и натаму постојат, јавниот обвинител со поднесеното обвинение му предложи на судот да ја продолжи притворската мерка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКомо без првата ѕвезда,Кен ги пропушта дуелите со ПСЖ и Барселона?!Фудбалерот на Комо, Моиз Кен, ќе отсуствува од терените најмалку два месеца поради повреда, потврди тренерот на најпријатното изненадување во европскиот фудбал , Сеск Фабрегас.26-годишниот италијански репрезентативец ја повредил десната нога за време на натпреварот против Белгија во Лигата на нации, но најновиот проблем се појавил на левата нога, објасни Фабрегас. Од Комо претходно соопштија дека по враќањето од репрезентативните обврски, Кен морал да побара медицинска помош поради повреда заработена на тренинг. Поради оваа принудна пауза, напаѓачот би можел да ги пропушти и важните натпревари во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен и Барселона, кои се на програмата во јануари. Италијанскиот клуб моментално се наоѓа на четвртото место на табелата во Лигата на шампионите, во која учествуваат 36 екипи, а во вторник ќе биде домаќин на АЕК. До крајот на лигашката фаза, тимот го очекуваат уште дуели со Реал Бетис, како и два големи предизвици против ПСЖ и Барселона. Кен пристигна во Комо на почетокот на сезоната од Фиорентина, како позајмен играч на една година, а неговото отсуство претставува голем проблем за Фабрегас, кој до јануарскиот преоден рок на располагање го има само Тасос Дувикас како класичен напаѓач. Комо моментално е на петтото место во Серија А, а во сабота на домашен терен ќе го пречека Каљари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Силен земјотрес во Перу, граѓаните истрчаа на улицитеЗемјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Перу, соопшти денеска Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).Според податоците на Перуанскиот геофизички институт, епицентарот на земјотресот, кој се почувствува и во главниот град Лима, бил во андскиот регион Хунин, на длабочина од 129 километри, пренесе Ројтерс. 🚨 🇵🇪 EARTHQUAKE TRIGGERS LANDSLIDE ALONG LIMA’S COSTA VERDE! Footage shows rocks and earth crashing down from the coastal cliffs onto the road following the powerful magnitude 6.7 earthquake that struck central Peru. A huge dust cloud rose as drivers were forced to avoid the affected lane. — WorldScope24 (@WorldScope_24) November 21, 2026 Голем број жители на Лима излегоа на улиците по земјотресот, додека телевизиските снимки прикажаа пратеници како ја напуштаат зградата на Конгресот. Powerful 6.7-Magnitude Earthquake Shakes Peru’s Capital Lima A powerful earthquake measuring 6.7 on the Richter scale struck Peru’s capital, Lima, prompting panicked residents to rush out of their homes and buildings into the streets as strong tremors shook the city. https://t.co/2VtXZa4Pcl — Kurdistan 24 English (@K24English) November 21, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook