Ин мемориам: Почина писателот и новинар Наум Бајо

Во понеделник, 13-ти јануари 2025 година, во 13:00 часот во Струга ќе му оддадеме последна почит на еден од најголемите чувари на македонскиот пишан збор, писателот и новинар Наум Бајо.

Неговото перо беше симбол на вистината, а неговата храброст – инспирација за сите нас.

Роден на 30 април 1943 година во Долна Белица, Бајо уште од млади години го посвети својот живот на пишувањето и новинарството.

Како член на Друштвото на писатели на Македонија, Бајо остави длабок белег во македонската книжевност. Со своите дела, меѓу кои романите „Црвените птици над Рим“, „Часовник од цвеќе“, „Камено сонце“, збирката раскази „Живот“, како и трите тома ,,Мојата Струга" тој создаде светови што зборуваат за човечките судбини и вечните вредности.

Но, Наум Бајо не беше само книжевник. Неговата работа како новинар и хроничар на животот на Струга и нејзините луѓе беше непроценлива. Неговите записи ги оживуваа спомените за старите занаети, истакнатите личности и настаните кои го обликуваа нашиот град.

За неговиот придонес, Бајо во 2022 година ја доби престижната награда „Петковиот аманет“ за животно дело, со што неговата работа беше официјално признаена и прославена. Неговите дела, исполнети со длабока човечност и љубов кон родината, ќе останат како незаборавно сведоштво за едно време и еден човек кој не се покоруваше пред злото.

Додека се простуваме од Наум Бајо, ја славиме неговата вечна оставштина. Тој беше и ќе остане пример за тоа како еден човек, преку зборот, може да го промени светот. Нека почива во мир, а неговите дела нека живеат засекогаш во нашите срца.

Вучиќ со Орбан и Сијарто за регионални прашања, инфраструктурни и енергетски проекти

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград имаше средба со премиерот на Унгарија Виктор Орбан и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, на која е разговарано за актуелни геополитички и регионални прашања.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград имаше средба со премиерот на Унгарија Виктор Орбан и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, на која е разговарано за актуелни геополитички и регионални прашања, за инфраструктурни проекти и енергетската безбедност, како и за зајакнување на соработката меѓу двете земји, пренесува Бета.

- Секогаш е чест и задоволство да бидеме домаќини на нашите унгарски пријатели Виктор Орбан и Петер Сијарто во Белград. Со Синиша Мали разговараме за актуелните геополитички и регионални прашања, како и за зајакнување на соработката меѓу нашите две земји со цел да се најдат решенија за новите предизвици, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Посочува дека фокусот е на имплементација на инфраструктурни проекти и енергетската безбедност, имајќи ја предвид стратешката важност на двете земји како клучни енергетски коридори во регионот.

- Продолжуваме да работиме и да градиме на темелите на сè посилни врски, кои во исто време се пример за тоа како може да се изгради стабилност и просперитет преку искрено пријателство и стратешко партнерство. Добредојдовте, драги Виктор и Петар. Србија е ваш и дома“, наведува Вучиќ на Инстаграм.

Прва реакција на лидерот на Хезболах по постигнатото примирје во Газа

Лидерот на Хизболах, Наим Касем денеска им честиташе на Палестинците за договорот за прекин на огнот во Газа, велејќи дека тоа е доказ за „истрајноста на отпорот“ против Израел.

Тоа е прва јавна изјава на водачот на либанската милитантна група поддржана од Иран откако Израел и Хамас постигнаа договор во средата.

„Овој договор, кој остана непроменет од она што беше предложено во мај 2024 година, ја докажува упорноста на групите на отпорот, кои го земаа она што го сакаа, додека Израел не можеше да го преземе она што го бараше“, рече тој.

Израел и Хезболах се согласија на прекин на огнот во конфликтот паралелен со војната во Газа во ноември. Прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД и Франција, бара израелските сили да се повлечат од јужен Либан во рок од 60 дена и Хезболах да ги отстрани сите борци и оружје од југот.

Оттогаш и двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето.

„Не го тестирајте нашето трпение и ја повикувам либанската држава цврсто да се справи со овие прекршувања кои надминаа 100“, рече Касем.

Тој се осврна и на изборот на новиот либански претседател Џозеф Аун, кој командуваше со либанската армија додека парламентот не го избра за претседател на 9-ти јануари.

„Придонесот на Хезболах и движењето Амал доведе до избор на нов претседател со консензус“, рече Касем. Назначувањето на либанскиот премиер Наваф Салам го налути Хезболах, кој ги обвини противниците дека сакаат да го исклучат.

Салам минатата недела беше номиниран од мнозинството пратеници за формирање влада, но тој не ја доби поддршката од шиитските партии Хезболах и движењето Амал. Салам рече дека формирањето на новата влада нема да се одложи, укажувајќи на позитивна атмосфера за време на дискусиите за составот.

Премиера на претставата „Народен пратеник“ во рамките на јубилејот 80 години МНТ

Во рамките на одбележувањето на 80-годишнината на  Македонскиот народен театар, на 25 јануари со почеток во 20:00 часот ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“.

Во рамките на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар, на 25 јануари со почеток во 20:00 часот ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“ од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. Култното режисерско име Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период. Ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996).

Во претставата игра внимателно одбрана и веќе докажана актерска екипа: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска. Бранислав Нушиќ, пак, е еден од најпоставуваните автори на сцената на МНТ, а овој „Народен пратеник“ е трета постановка на познатата драма на Нушиќ. Првата постановка премиерно е изведена на 8 мај 1945 година, во режија на Тодор Николовски, и таа е втората поставена драма на сцената на МНТ. Поставена е уште еднаш - 24 април 1993 година, во режија на Димитрие Османли. Таа е една од најпосетените и најдолговечни претстави: се игра до 2008 година, со вкупно 188 изведби. Режисерот Савин и авторот Нушиќ се неминовен и неизоставен дел од МНТ.

Сценограф на претставата е Весна Поповиќ, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, преводот на текстот го направи Загорка Поп-Антоска Андовска, а дијалектната адаптација на текстот е на Томислав Османли. Асистент на режисерот е Шенај Мандак, а изборот на музиката е на режисерот.

Првата реприза е закажана за 30 јануари, а билетите за истата се веќе распродадени.

НУ Македонски народен театар

притисни ентер