IN MEMORIAM: Почина Перко Колевски, првиот министер за здравтство во независна Македонија - Канал 5

IN MEMORIAM: Почина Перко Колевски, првиот министер за здравтство во независна Македонија

 Денеска, на 77 годишна возраст, по кратко боледување почина Проф. Д-р Перко Колевски.

IN MEMORIAM: Почина Перко Колевски, првиот министер за здравтство во независна Македонија

Беше редовен професор на Медицинскиот факултет и прв министер за здравство на независна Република Македонија. Основоположник е на имунологијата и трансплатацијата на бубрег во Република Македонија.

Бил и Директор на Институтот за Трансфузиона Медицина при Клинички Центар Скопје.

Добитник е на Државната награда “ 11 Октомври”. Бил одликуван и со Орден за заслуга за народ со сребрена ѕвезда

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Овации за Лука Модриќ на контролката меѓу Милан и Манчестер Јунајтед

Италијанскиот гигант Милан го победи  трофејниот англиски премиер лигаш Манчестер Јунајтед со 4:2 во последниот подготвителен натпревар пред сезоната, откако направи пресврт на дуелот одигра во Вроцлав, Полска. 

Видео: Овации за Лука Модриќ на контролката меѓу Милан и Манчестер Јунајтед

Стреллци на головите за Милан бе Самјуел Чуквуезе, Алфаџо Сисе, Гонсало Рамос и Рубен Лофтус-Чик, додека за Јунајтед мрежата ја затресоа Хари Мегваер и Патрик Дорга.

Лука Модриќ (40) влезе во игра од клупата со капитенската лента и ги одигра последните триесет минути за Милан.

Според „Sofascore“, хрватскиот играч за врска доби оценка 6,9 за својот настап, при што особено се истакна со прецизноста во дистрибуцијата на топката. Тој ги реализирал сите 23 додавања – осум од осум на противничката половина и 15 од 15 на својата. Модриќ одигра клучна улога во одличната акција што претходеше на третиот гол на Милан. Интересно е тоа што своето најимпресивно додавање во таа низа го упати токму додека публиката го скандира неговото име.

За време на акцијата, играчите на „росонерите“ си ја додаваа топката 23 пати без противникот да ја допре – што е јасен показател за влијанието на новиот тренер Рубен Аморим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Kia PV5 е најпродаваното електрично комбе во Европа

Според најновите податоци на ACEA, Kia PV5 стана најпродаваното електрично комбе во Европа. 

Kia PV5 е најпродаваното електрично комбе во Европа

Продажбата на електрични лесни комерцијални возила во Европа порасна за 37,5% на годишно ниво, достигнувајќи пазарен удел од 13,9%.

Продадени над 13.000 возила Во првите шест месеци од годината беа продадени 13.116 примероци од моделот PV5, со што тој освои 37% од пазарот на електрични комбиња во конкурентниот Ц-сегмент.

PV5 го зазеде првото место во 12 европски земји, вклучувајќи ги Германија и Обединетото Кралство, додека во Данска, Холандија, Норвешка и Шведска беше најпродаваниот модел во категоријата комбиња, без оглед на видот на погонот.

„Реакцијата на купувачите на лансирањето на PV5 во Европа е исклучителна“, изјави Сјурд Книпинг, главен оперативен директор на Kia Europe, истакнувајќи дека стратегијата на Kia за PBV (возила наменети за специфични деловни потреби) опфаќа целосно интегриран екосистем од софтвер, услуги и флексибилни опции за сопственост.

PV5 е развиен врз основа на платформата E-GMP на Kia, со акцент на практичноста: мал радиус на вртење, ниска висина за товарење и модуларна каросерија што го олеснува сервисирањето. Моделот освои повеќе од 50% од пазарниот удел во пет земји, вклучувајќи ги Данска (63%) и Ирска (62%). Возилото освои бројни награди, меѓу кои и титулата „Меѓународно комбе на годината 2026“, додека патничката верзија беше прогласена за „Семеен автомобил на годината“ на доделувањето на наградите на BBC TopGear.com. Моделот PV5 Cargo исто така постави Гинисов светски рекорд, поминувајќи 693,38 км со едно полнење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбиено барањето за алиментација на поранешната свршеница на НБА ѕвездата Лука Дончиќ

Барањето за алиментација, поднесено од Анамарија Голтес против НБА ѕвездата  од Словенија, Лука Дончиќ, е официјално отфрлено , а завршницата на постапката е одбележана со вжештена расправа меѓу адвокатите, пренесува „Њујорк пост“. 

Одбиено барањето за алиментација на поранешната свршеница на НБА ѕвездата Лука Дончиќ

Адвокатите на НБА-ѕвездата и на неговата поранешна свршеница учествуваа на рочиште во округот Лос Анџелес преку видео-повик.

Адвокатката на Дончиќ, Лора Васер, веднаш упати критики кон застапникот на Анамарија Голтес, Еван К. Ицковиц.

Кога судијката Мелиса К. Лајонс ја праша Васер за предлогот за отфрлање на случајот, адвокатката одговори дека Голтес и Ицковиц непотребно го трошеле времето на судот и на нејзиниот клиент со покренувањето на постапката.

„Сметам дека тоа е наведено и во нашите поднесоци, Ваша чест – оваа постапка воопшто не требаше ни да биде покрената“, изјави Васер, реномирана адвокатка за разводи, позната како „Кралица на разводите“. „Сепак, верувам дека г-дин Ицковиц сега ќе Ви каже оти побарал повлекување на целото барање, така што нема ни да морате да одлучувате по нашиот предлог за отфрлање. Нели е така, г-дине Ицковиц?“

Ицковиц ја потврди нејзината изјава и му објасни на судот дека тој побарал повлекување на тужбата уште на 3 август.

„Всушност, веќе го поднесовме барањето, но тоа беше одбиено бидејќи недостасуваше потписот на г-дин Дончиќ – иако тој не е задолжителен. Повторно го поднесовме по препорака на судски службеник“, изјави тој.

Судијата Лајонс набрзо го одобри барањето за отфрлање на тужбата без прејудицирање, што значи дека постапката би можела повторно да се покрене во иднина. Васер и Ицковиц му се заблагодарија на судот и го завршија видео-повикот.

Со ова сослушување заврши правниот спор во Калифорнија што започна на 9 март, кога Анамарија официјално побара издршка за детето од Дончиќ.

Таа тужба го принуди шесткратниот учесник на НБА Ол-стар натпреварот јавно да го потврди крајот на врската со словенечката манекенка и инфлуенсерка.

Неколку недели подоцна, Дончиќ ја ангажираше адвокатката Васер. Таа веднаш поднесе барање за отфрлање на случајот, тврдејќи дека тужбата во Калифорнија претставува „очигледен обид за избор на најповолна јурисдикција со цел да се искористат исклучително високите износи за издршка на деца по кои е позната таа сојузна држава“.

Во своето барање за повлекување на тужбата од 3 август, Голтес наведе дека сака спорот со Дончиќ да го реши „пријателски и преку меѓусебен договор што е во најдобар интерес на нивните деца“.

Според медиумските извештаи, Голтес во меѓувреме побарала спогодба од 50 милиони долари од Дончиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер