МакедонијаIN MEMORIAM: Почина Бранка Станковска, доајенот на македонското спикерство Почина доајенот на македонското спикерство, Бранка Станковска, која генерации гледачи на Радио телевизија Скопје ја паметат како прва спикерка и водителка на Вестите.„Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец дури и по нејзиното пензионирање беше активна и сеуште може да се слушне нејзиниот глас на радио програмите. ТОЧНО Е 12.00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко!” , објави на ФБ нејзината внука Ирина Костовска. Бранка Станковска е родена во Скопје на 30. Ⅳ 1931 и е позната како врвен радио и тв спикер и водител. Во Македонската радиотелевизија го поминала целиот работен век (1948-1987). Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија. Беше една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран. Дел од екипата на Канал 5 имаше чест да работи со оваа легенда на телевизискиот бизнис во Македонија, и по тој повод сите 145 вработени во Канал 5 ТВ изразуваат длабоко сочуство за семејството на дамата Бранка Станковска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: „10 милијарди евра за 10 години“ - нова должничка замка, а нема развојВладата на Мицкоски објави „10 милијарди евра за инфраструктурни проекти во наредните 10 години“. Ова не е развојна стратегија. Ова е нова должничка замка за граѓаните. Мицкоски веќе и додаде на Македонија преку 2,3 милијарди евра нов јавен долг за нешто повеќе од две години. Ако се реализира и дел од овие најави, долгот ќе надмине 12-13 милијарди евра, само нов долг. Тоа значи повисоки камати, поскапо задолжување и помалку пари за плати, пензии и јавни услуги. Покрај тоа, најавата предвидува само 57 километри автопат за 10 години - односно 5,7 километри годишно. Ова е крајно недоволно за сериозен економски раст и подобра поврзаност на земјата. Уште поалармантно е што нема јасни извори на финансирање. ЕУ фондовите се блокирани поради отсуство на реформи, буџетот е празен, а странските инвестиции паднаа за 60 отсто. Единствената преостаната опција е ново задолжување - што значи уште поголем товар за граѓаните. Наместо да се фокусира на вистински развој преку продолжување на европскиот пат, подобрување на деловната клима, владата произведува пропагандни најави без финансиска и институционална подлога. Резултатот ќе биде уште поголем јавен долг, послаб економски раст и долгорочно послаб животен стандард за граѓаните. Доста е со лаги и празни ветувања. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаГолема трагедија во Лондон: Мајка, татко и син пронајдени мртви пред зградаМајка, татко и нивниот деветгодишен син загинаа откако паднаа од луксузна висококатница во Лондон, во случај што се истражува како можно убиство и самоубиство.Според „Дејли Мејл“, трагедијата се случила откако нивниот тешко болен син бил отпуштен од болница и испратен дома. Ракеш Паи (47), Адити Паралкар (46) и нивниот син Сид паднале од балконот на нивниот стан на 36-тиот кат од 45-катната кула „Highpoint Tower„ во јужен Лондон на 27 мај. Сопружниците, кои потекнувале од Индија и немале блиско семејство во Велика Британија, работеле како консултанти. Ракеш бил специјалист за финансии, додека Адити извршувала високи функции во градежната индустрија. Пријателите откриле дека Адити се борела со депресија и други проблеми со менталното здравје поради состојбата на нивниот син. Деветгодишниот Сид не можел да зборува, имал делумен инвалидитет, потешкотии во учењето и заболување на бубрезите. Поради неговата состојба, образованието го следел од дома, а најголем дел од грижата за него ја преземала неговата мајка. Според некои информации, трагедијата се случила откако на Сид му бил одбиен понатамошен медицински третман и бил отпуштен од болница, што ги оставило неговите родители скршени. Пред околу шест години семејството се преселило во Индија за да побара специјализирана медицинска помош за Сид и поголема поддршка од роднините и пријателите на Адити во Мумбаи. Минатата година повторно се вратиле во Велика Британија, откако лекарите во Индија не успеале да ја подобрат состојбата на нивниот син. „Тоа беше огромен товар за двајцата, но особено за Адити. Немаше семејство во Велика Британија и истовремено работеше многу одговорна работа. Сето тоа сериозно влијаеше врз нејзиното ментално здравје“, изјавил еден пријател на семејството. Точните околности на смртта ќе бидат утврдени со официјална истрага. Засега не е закажано рочиште, а пријателите на семејството велат дека сè уште не можат да разберат што точно се случило. Двајцата родители биле образувани на престижни универзитети во Индија, а во Лондон изградиле успешни кариери. Воделе сопствен консултантски бизнис и живееле во луксузен станбен комплекс, каде што киријата достигнувала и до 3.800 фунти месечно. Пишува: Дејли МејлТагови: Англија Лондон трагедија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на поставување на камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“Премиерот Мицкоски на поставување на камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“ во населба Хром, Општина Ѓорче ПетровДенес со почеток во 10:30 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на поставување на камен-темелник за доградба на Основното општинско училиште „Димитар Беровски“ во населба Хром, Општина Ѓорче Петров. Со реализацијата на овој значаен проект ќе се обезбедат осум нови училници и дополнителни просторни капацитети за околу 240 ученици, со што значително ќе се подобрат условите за одвивање на наставниот процес и ќе се унапреди образовната инфраструктура во општината. По завршувањето на официјалниот дел од настанот претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе даде изјава за медиумите.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16