Ин Мемориам: Почина боксерската легенда Живко Дуковски - Канал 5

Ин Мемориам: Почина боксерската легенда Живко Дуковски

Makeдонскиот спорт загуби уште една голема легенда.Во 84-тата година денеска животната сцена ја напушти Живко Дуковски,големиот боксерски шампион,тренер и функционер.

Ин Мемориам: Почина боксерската легенда Живко Дуковски

Дуковски целиот свој живот го посвети на боксот и даде голем придонес за афирмацијатра на благородната вештина.Тој беше неуморен ,уште како млад го засака овој спорт на храбрите и уште во 50-сеттите години од минатиот век зачекори на рингот.

Во неговата кариера,како активен боксер најголемиот успех го постигна,кога на поединечното првенство на поранешна Југославија во 1957 година,го освои второто место и сребрениот медал.Потоа,доаѓаа и други настапи и победи низ кои ја градеше својата кариера.По многу борби низ кои го афирмираше македонскиот бокс,кога стави крај на активното бавење со бокс,Дуковски не му рече збогум на саканиот спорт.Напротив кон средината на 60-сеттите години тој стана еден од најголемите афирматори на спортот кој ги привлекуваше младите.Сакаше да направи нешто,да го издигне боксот на повисоко ниво ,па се зафати со тренерската работа.Акумулираното искуство имаше желба да го пренесе на младите и во рамките на Младинското спортско друштво „Скопје“ од Автокоманда на негова иницијатива се формира боксерски клуб.Дуковски со својата харизматична појава брзо привлече многу млади момчина,кои за година-две блеснаа на рингот и многумина од нив во годините што доаѓаа се закитија со медали на младинските и сениорските првенства во поранешната држава.БК „Скопје“ стана расадник на боксери и со успех се натпреваруваше во Втората сојузна лига.Живко Дуковски беше алфа и омега во клубот.Тој не само што беше тренер и организатор на сите активности,туку беше човекот што ги решаваше и сите проблеми на боксерите.Околу себе собра една голема група на ентузијасти,која многу му помагаше и со која успеа да обезбеди егзистенција на клубот.Тогаш се родија шампионите од калибарот на Салиху,Самоиловски,Калач,Реџепагиќ, Смилевски,Голубиќ,Ристевски.Мемеди,Ѓошевски,Јакупи,Василев и уште десетина други момчина,кои го прославија македонскиот бокс.Живко Дуковски со својот авторитет и голема помош на оние што го опкружуваа успеа да се избори -Скопје,во рамките од Денот на ослободувањето 13 Ноември,да биде организатор на првиот „Златен гонг“,приредба која од таа 1968 година традиционално се одржува на македонските рингови.Најголема заслуга за „гонгот„ да живее токму имаше Живко Дуковски.Тој никогаш не се предаваше и во најтешките години до крај се бореше гонгот да не згасне,зашто знаеше оти тој ќе биде магнет за младите.И така беше,од година на година беа откривани се повеќе таленти.Преку оваа приредба својата афирмација ја доживеаја и подоцнешните асови на БК „Скопје“ Мумин Вели,кој стана двократен носител на бронзен медал од Европските првенства и Примислав Димовски,кој еднаш беше петти на Светските првенства.Тие пак беа предводени од Руждија Калач,кој исто така во младоста мина низ рацете на Живко Дуковски од кого многу научи и со кого секогаш се консултираше.Иако не беше директно вклучен во тренажниот процес,долги години Живко „трчаше“ за боксерите и настојуваше, сега во улога на функционер,во еден период и претседател на Боксерската фецерација на Македонија да обезбеди средства за непречен развој на боксот и за учество на нашите репрезентативци на најголемите боксерски приредби.

Последен пат го видовме на рингот,кога пред две години,беше почестен од своите некогашни ученици,сега и тие боксерски функционери,да доделува медали на победниците на „Златниот гонг“.Иако се забележуваше дека го мачат некои здравствени проблеми,тој не ја симнуваше насмевката кога се наоѓаше на рингот.Тогаш на сите им стана јасно,дури и оние што не го познаваа доволно, оти рингот за Живко значеше живот.Дуковски замина во вечноста,но она што го направи за македонскиот бокс вечно ќе се памети.За мене тој е најсветлата

фигура во нашата боксерска историја.Без него, ми се чини боксот ќе беше многу посиромашен.

Почивај во мир ,нека ти е вечна слава ,никогаш нема да бидеш заборавен не само од нас,туку од целата армија не само боксерски,туку спортски љубители од Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер