Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
2Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
КултураИмпресионирачки спој на звуци од флејта и гитара на „Охридско лето“Македонско-француското дуо „СолиПс“ вчеравечер приреди вистинско уживање со концертот за флејта и гитара што го одржа во црквата „Света Софија“ како дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“.Реномираните уметници, флејтистката Елена Стојческа и гитаристот Роман Петио, го започнаа својот настап со Големото концертантно дуо оп.52 за да потоа да го претстават Прелудиумот за попладнето на еден фаун од Клод Дебиси и да го заокружат првиот дел од концертот со Приказната за тангото на Астор Пјацола. Вториот дел беше посветен на композиторот Рави Шанкар преку изведувањето на неговата Магична зора на рага Тоди, на Равеловата Пиеса во форма на хабанера, а музичкото доживување заврши со Четири македонски песни за алт, флејта и гитара од композиторот Мирослав Тадиќ. Флејтистката Стојческа доаѓа на „Охридско лето“ по една деценија, и како што рече, посебно е чувството при секој нејзин настап на фестивалскиот подиум. -Пред десет години свирев на „Охридско лето“, а претходно на фестивалот бев во 2002 година. Секое настапување овде предизвикува прекрасни чувства. Посебно е чувството кај мене, секогаш кога се враќам и свирам во Македонија, во овој магичен амбиен во црквата „Света Софија“. Комбинацијата е оригинална, а самиот репертоар, дел е оригинален, дел се транскрипции. Го адаптираме, но звуците добро се вклопуваат, изјави Стојческа. „Охридско лето“ кое одбележува шестдецениски јубилеј, годинава претставува најголемата радост за уметниците од целиот свет кои од почетокот на пандемијата на ковид 19 ги откажаа сите настапи на концертните подиуми пред публиката, се разбира, според сите здравствени протоколи. -Прекрасна е црквата каде што настапуваме и градот воопшто.Големо е задоволството за нас како уметници да се настапи на „Охридско лето“ бидејќи најголем дел од фестивалите се откажани поради коронакризата во светот. Среќен сум што не се откажа и овој фестивал. Навистина извонреден е целиот труд што е вложен за да се реализира годинешната фестивалска програма, рече гитаристот Петио. Дуото „СолиПс“ во своето деветгодишно постоење бележи настапи на голем број сцени и фестивали ширум Европа. Свири главно музика создавана во 20 и 21 век, но покажува интерес и за музиката што е инспирирана од фолклорот, па така, посебно внимание им посветува на делата од: Бела Барток, Душан Богдановиќ, Мирослав Тадиќ, Рави Шанкар. Во своите домашни колекции, флејтистката Елена Стојческа и гитаристот Роман Петио имаат бројни награди за нивните музички настапи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМоцарт го „освојува“ Салцбург: Позлатени фигури се појавуваат низ градотОд денес, улиците, парковите и знаменитостите на Салцбург се украсени со повеќе од 300 позлатени фигурини на Волфганг Амадеус Моцарт, поставени по повод одбележувањето на 270-годишнината од раѓањето на еден од најголемите композитори во историјата. Фигурините високи пет сантиметри се дело на германскиот уметник Отмар Херл и се изработени по нарачка на фондацијата „Моцартеум“, објави денес весникот *Le Figaro*. Тие го прикажуваат Моцарт со неговото куче, Пимперл. Според фондацијата, фигурините се поставени во градината каде што композиторот често шетал, во неговиот некогашен стан, како и на други локации низ градот, пренесува Танјуг. Херл изјави дека не сакал да создаде уште еден споменик на Моцарт, туку да ја прикаже неговата човечка страна и да покаже дека, и покрај својот гениј, тој бил обичен човек. Фондацијата „Моцартеум“ нарача вкупно 400 фигурини, а дел од нив се чуваат во складиште за да се надоместат евентуалните загуби поради кражба. Според претставникот на фондацијата, Линус Клумпнер, две фигурини се веќе украдени. Посетителите што сакаат да ја земат фигурината како сувенир, можат да ја купат за 100 евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
Шоу бизФото: Актерка виси на справа за пилатес Кадилак Убавата балканска актерка, 40 годишната Нина Сеничар редовно тренира дури и по две породувања, а сега покажа и некои од вежбите што ги прави. Се снимала себеси на справата за пилатес Кадилак - која се состои од хоризонтален кревет над кој има метална рамка со разни додатоци - пружини, јамки, дрвена шипка и трапез на кој висела актерката. Инаку, актерката живее во Лос Анџелес со својот сопруг-милионер и децата, а еднаш зборуваше за деловните предизвици и истакна дека секогаш го избирала потешкиот пат. – Ја имам таа потреба да почнам одново, од нула, таа постојана потреба за борба, за мачење. Почетоците воопшто не се лесни. Двапати почнав од нула, во смисла дека двапати се преселив во друга земја, но тоа не значи дека нема да го направам тоа повторно – изјави таа еднаш. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОрце Ѓорѓиевски: „Добредојдовте во Скопје“[❤️] „Добредојдовте во Скопје“ - порака со која испраќаме топло добредојде до сите што пристигнуваат во нашиот град, објави на својот Фејсбук првиот човек на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.[🌃] Скопје го разубавуваме со љубов, внимание и посветеност, затоа што секој детал е важен кога градиме град со препознатливо лице и топла душа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter