2Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри
СветИмпичментот за Макрон влезе во парламентарна процедура Импичментот за Макрон влезе во парламентарна процедура - за експремиерот Атал тоа е објавување војна на француските институции.Предлогот поднесен од екстремната левичарска партија „Непокорна Франција“ (ЛФИ) за импичмент на францускиот претседател Емануел Макрон влезе во собраниска процедура, објави денеска парискиот весник „Ла Паризиен“. Предлогот претпладнево го мина првиот круг од собраниската проверка, со 12 пратенички гласа „за“ во 22-члената комисија. Сојузниците на ЛФИ, вклучително и пратеници од Социјалистичката партија, изјавија дека нема да гласаат за импичмент на францускиот претседател. Предлогот на „Непокорна Франција“ досега собра поддршка од повеќе од 80 пратеници. За предлогот да се најде на дневен ред на француското Собрание потребна е поддршка од две третини од пратениците. Ако до тоа и дојде, тогаш нацрт-законот се префрла во Сенатот, каде што две третини од сенаторите, исто така, мора да гласаат за. За време на Петтата република ниту еден актуелен француски претседател не е отповикан, иако предлогот за импичмент на Франсоа Оланд, предложен од пратениците од десницата во 2016 година, стигна до собранието. „Непокорна Франција“, во текст во неделникот „Трибјун Диманш“ го обвини Макрон за „институционален удар против демократијата“, бидејќи одбил да ги прифати резултатите од парламентарните избори одржани во јули. Во текстот од партијата посочуваат дека Макрон „мора да знае дека ќе се употребат сите уставни средства за негово отстранување од функцијата“. Поранешниот француски премиер Габриел Атал денеска изјави дека предлогот за отповикување на претседателот Емануел Макрон е објава на војна против француските институции и дека не знае дали е тоа „фарса или трагедија“. -Фарса, бидејќи дури и оние кои ќе гласаат за расправата за овој предлог признаваат дека е гротескна, неоснована и нема шанси да победи. Овој предлог и оваа дебата се објавување војна на нашите институции. Желба е да се дестабилизира не еден човек, туку Републиката, со залудни и срамни аргументи, рече Атал. Тој додаде дека предлогот за импичмент на претседателот ја „крши“ Франција, во време кога таа треба да биде обединета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМаж загина во пожар во барака во скопски ЖданецМаж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец. Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метриМакедонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година. Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.Тагови: Сашко Кедев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоМај среде ноември – следната недела до 20 степениДесет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош. Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата. Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени. Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter