Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ
1Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ
МакедонијаИмало ли незаконско снимање на вработените во поранешното Министерство за политички систем?Дали незаконски се снимале вработените во поранешното Министерствто за политички систем и односи меѓу заедниците...Имало ли незаконско снимање на вработените во поранешното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците? До редакцијата на Канал 5, но и на социјалните мрежи се појавуваат анонимни писма со обвинувања дека поранешниот прв вицепремиер и министер Артан Груби наводно незаконски ги снимал и следел своите вработени преку надзорни камери и дека тоа го правел и преку далечинско управување. Дополнително пишува и дека снимките од хард-дисковите се избришани пред да ја напушти позицијата, воедно и дека за видео надзорот била задолжена надворешна компанија, која сега е фантомска. За обвинувањата побаравме одговори од новиот министер Иван Стоиљковиќ кој потврди дека по направените проверки биле утврдени некакви неправилности и посочи дека ангажирана фирма која се грижи за системот забележала неправилности кои веќе се предадени на истражните органи За какви аномалии станува збор? Па надворешен упад во системот на камери во министерството за односи помеѓу заедниците, така да некој констатно од различните Ип-адреси во системот и набљудувал што се случува внатре во министерството, ги набљудувал вработените и така натаму, тоа фирмата која е задолжена за таа работа, која го опслужува системот го установила и го дала во својот извештај, со докази нормално и ние тие докази сме ги проследиле до управата. Значи не се исклучува можноста и самиот министер да го правел тоа? Со оглед на тоа каква состојба начекавме во министерството, се е можно. Канал 5 стапи во писмен контакт и со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој обвинувањата ги нарече апсолутна невистина и додаде дека институцијата си имала видео-надзор како што било монтирано при изградбата на објектот, од компанијата уште пред да стапи на функција, а камери имало само во ходниците, влезовите и на законски дозволени места, што биле инсталирани уште во времето на претходната владата на ВМРО-ДПМНЕ, а камерите биле под надлежност на обезбедувањето определено од МВР во нивна канцеларија без тој да има било каков пристап во било кое време и под било какви околности. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИгор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМРазговори за иднината во 12:05.Денес, петок, 02 октомври, Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски во партиската архива на “Бихакќа” ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ. Се надеваме дека овие предлози ќе стигнат на адресата на оној кој може да ги разбере. Во интерес на иднината на партијата и државата е во разумен рок да се преземат конкретни чекори за враќање на партијата на членството. На хистеријата одговараме со предлози, на инертноста со конкретна акција, на безидејноста со прецизен план.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваУтре „Бела ноќ“ во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ на плоштадот „Мајка Тереза“Скопје утре, 3 октомври ќе го одржи годинашното издание на „Бела ноќ“, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје со концерти, изложби, театарски претстави и програма за најмладите на повеќе градски локации.Еден од главните музички настани ќе биде настапот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, закажан за 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“ (на платото пред МОБ). Публиката ја очекува вечер со блуз и рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот. По повод „Бела ноќ“, во сабота ќе биде обезбеден бесплатен превоз со ЈСП од 18:00 часот, како и бесплатен влез во Зоолошката градина Скопје. Целосната програма е достапна на www.univerzalna.com.mk/belanokКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Фудбал„Нападнете го Ѓоковиќ, и тој го брани Роналдо- „Жезус е арогантно копил*!Хаосот околу Кристијано Роналдо и португалската репрезентација доби ново продолжение, а овој пат во центарот на вниманието се најде Пирс Морган.Британскиот новинар, кој со години е близок со португалската ѕвезда, јавно застана на страната на Роналдо по бурните случувања во националниот тим. Роналдо го напушти кампот на репрезентацијата по разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, Педро Проенса, откако тренерот Жорже Жесус одлучи да го остави на клупата. What an arrogant pr*ck. Jesus was never good enough to play for Portugal, now he delights in belittling the country’s greatest @Cristiano . — Piers Morgan (@piersmorgan) October 1, 2026 Потоа, Морган се огласи на социјалната мрежа „Икс“ (X) и директно го нападна португалскиот тренер. „Какво арогантно копил*! Жесус никогаш не беше доволно добар дури ни да игра за Португалија, а сега ужива да го омаловажува и понижува најголемиот играч што оваа земја некогаш го имала“, напиша Морган. Неговата реакција не застана само на Жезус. Особено го погоди одлуката Рафаел Леао да го преземе славниот број седум на Роналдо за претстојниот натпревар. Сепак, зад овој потег стои и практична причина: правилата на УЕФА наложуваат играчите во составот за натпреварот да носат броеви од еден до 23. Морган, сепак, ја искористи оваа одлука за повторно да застане во одбрана на својот пријател. „По сè што Кристијано направи за Португалија – зошто, по ѓаволите, се однесуваат кон него толку срамно? Вчера беше роденденот на неговиот татко, а тој играше за репрезентацијата само еден ден по неговата смрт! Навистина е срамно и одвратно да се гледа вакво шокантно непочитување кон најголемата легенда“, изјави британскиот новинар. Инаку во одбрана на Роналдо застана и неговиот голем пријател најтрофејниот светски тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter