Имал понуди од 112 и од 45 милиони долари, ги одбил и сега игра за два милиона - Канал 5

Имал понуди од 112 и од 45 милиони долари, ги одбил и сега игра за два милиона

Виктор Оладипо ќе продолжи да го носи дресот на Мајами и следната сезона. Со новиот договор, тој станал еден од најголемите губитници на кошаркарскиот пазар на играчи.

Имал понуди од 112 и од 45 милиони долари, ги одбил и сега игра за два милиона

Минатото лето, Индијана му понудила 112 милиони долари за четиригодишен договор. Без многу размислување, Оладипо ја одбил понудата, верувајќи дека ќе добие повеќе пари во друг клуб. Наскоро следувала размена со Хјустон Рокетс, тим кој тргна да состави нов тим по заминувањето на Џејмс Харден. Хјустон сакал да го задржи Оладипо, на две години и за 45 милиони долари. Оладипо исто така ја одбил понудата.

Тогаш на Хјустон му се заканувало заминување на Оладипо без никаква компензација, па побрзале да го испратат во Мајами во замена за Ејвори Бредли на драфтот следната година. За Оладипо не започнало добро во Мајами, тој веднаш тешко го повреди коленото и го пропушти остатокот од минатата сезона. Мајами имале малку пари летово откако ги донеле Кајл Лоури и Оладипо останал без опции, па морал да прифати минимален договор за ветерани од околу 2 милиони долари за следната година.

Можел да биде еден од најплатените играчи во лигата доколку се одлучел да остане во Индијана минатото лето, а сега не е ниту меѓу 250 најплатени кошаркари на светот. Само во претходните осум сезони, Оладипо заработил околу 105 милиони долари од договори со клубови. Сега 28-годишниот дефанзивец се надева дека следната сезона ќе покаже дека го заслужува максималниот договор и дека следното лето ќе може да се договори според кој повторно ќе заработува повеќе од 20 милиони евра по сезона.

Оладипо, двоен НБА Ол-стар, има просек од 19,8 поени минатата сезона. Просекот во кариерата по натпревар е 17,5 со 4,6 скока и четири асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Бутел: Целосна реконструкција на двата паркинга на улицата „Костурска“ во Скопје Север

Општина Бутел продолжува со интензивна реализација на инфраструктурните проекти во населбата Скопје Север.

О. Бутел: Целосна реконструкција на двата паркинга на улицата „Костурска“ во Скопје Север

Започна целосната реконструкција на големиот и малиот паркинг на улицата „Костурска“.

Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се обезбедат подобри услови за паркирање, уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за жителите на Скопје Север.

Градоначалникот Дарко Костовски и Општина Бутел продолжуваат со реализација на ветените проекти, со посебен акцент на подобрување на инфраструктурата и рамномерен развој на сите населени места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници од Бордот на директори на  Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) коишто се во посета на земјава.

Божиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државата

Во рамките на делегацијата од ЕБОР, составена од директори надлежни за различни региони, беа присутни Рене ван Хел, директор за Холандија, Кина, Македонија, Ерменија и Монголија, потоа Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за земјава, како и директорите за другите земји од регионов и светот.

На средбата министерката Божиновска ги претстави активностите на Министерството за зајакнување на домашниот енергетски систем, енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во земјата. Во таа насока, беа презентирани конкретните законски решенија на кои во моментов работи Министерството, а кои се насочени кон остварување на стратешките цели на државата во енергетскиот сектор.

Претставниците на Европската банка за обнова и развој ги поздравија заложбите на Министерството за создавање на стабилен и предвидлив енергетски систем, оценувајќи ги како многу понапредни во однос на одредени земји од регионот, на коишто им е потребен подолг период за реализација на конкретни чекори во енергетиката.

Во фокусот на разговорите на денешната средба беше искористувањето на потенцијалот на обновливите извори на енергија во земјава, како и можностите за складирање на енергијата од обновливите извори.

Министерката Божиновска истакна дека постои огромен интерес кај граѓаните и компаниите за користење на енергијата од обновливите извори и дека Министерството ќе работи на овој план во иднина.

Посебен дел од разговорите се посвети и регионалното поврзување на земјава со соседите, за што министерката информираше за напредокот во однос на енергетското поврзување со Грција и Србија, потенцирајќи дека се работи и на нови мрежни поврзувања со земјите од регионот.

На средбата беше нагласено значењето и на сајбер безбедноста, како предуслов за безбеден енергетски систем, за што беше истакната можноста за взаемна соработка на ова поле.

Министерката Божиновска, на состанокот, ја потврди силна посветеност кон партнерството со ЕБОР, како еден од клучните партнери на нашата држава во напорите за создавање стабилна енергетска иднина за државата.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува целосно посветено на партнерски пристап и целосна имплементација на реформските чекори за зголемување на енергетската сигурност што ќе придонесат за побрз развој на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тенисот се реформира: 350 милиони за играчите, промени во рангирањето!

АТП планира сериозни промени од 2028 година белиот спорт, кои треба да им донесат значително поголеми заработки на тенисерите, поинаков систем на рангирање и појасна структура на календарот.

Тенисот се реформира: 350 милиони за играчите, промени во рангирањето!

Според планот што го претстави претседателот на АТП, Андреа Гауденци, вкупниот износ на средства наменет за играчите би требало да достигне околу 350 милиони долари годишно, без да се вклучи наградниот фонд од гренд слем турнирите.

Директните исплати од АТП кон играчите би требало да надминат 100 милиони долари, додека фондот за бонуси би се зголемил од сегашните 21,5 на 50 милиони долари.

Покрај тоа, дополнителни 25 милиони долари би биле наменети за играчите кои ќе ја завршат сезоната меѓу најдобрите 250 во светот, додека уште 30 милиони долари би се издвоиле за пензиски програми за околу 300 тенисери на годишно ниво.

„Тенисот денес е во многу силна позиција. Нашите турнири растат, навивачите го следат спортот на сè повеќе начини, а заработката на играчите е на рекордно ниво. За да остане силен, спортот мора да продолжи да се развива“, изјави Гауденци.

Една од најважните промени ќе се однесува и на АТП-рангирањето. Резултатите на најголемите турнири би требало да имаат поголема тежина отколку што имаат сега, при што АТП се стреми да ја намали потребата тенисерите да бркаат дополнителни поени на помали натпреварувања по лошите резултати на големите турнири.

Планот предвидува и воведување појасно дефинирани недели резервирани за одредени категории турнири, со цел тенисерите полесно да ја планираат сезоната и да најдат повеќе простор за одмор.

Во новата структура ќе биде вклучен и турнирот од серијата „Мастерс 1000“ во Саудиска Арабија.

Овие промени доаѓаат во време кога сè повеќе тенисери јавно се жалат на физичкиот напор што го носи сезоната долга речиси 11 месеци, како и на системот што ги поттикнува да играат на голем број турнири за да освојат поени и финансиски бонуси.

АТП, исто така, ќе ја разгледа долгорочната иднина на натпреварите во двојки, вклучително и можните промени во големината на ждрепките. Доколку тоа доведе до намалување на наградниот фонд за двојки, планот е тие средства да се пренасочат кон квалификациите и раните рунди во поединечна конкуренција. Гауденци смета дека целиот пакет ќе им овозможи на тенисерите подобро да го планираат својот календар, да заработуваат повеќе и да добијат поголема финансиска сигурност.

„Следната фаза претставува можност сезоната да стане позначајна, како за играчите, така и за навивачите, а истовремено да се поттикне развојот на спортот преку создавање повеќе можности во рамките на целата АТП-турнеја“, изјави првиот човек на АТП. Предлозите допрва треба да поминат низ дополнителни консултации и одобрувања, а АТП планира конечниот пакет да го претстави на завршните состаноци за сезоната, кои ќе се одржат во Торино.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер