Имал 23 операции за да изгледа како Супермен (фото+видео) - Канал 5

Имал 23 операции за да изгледа како Супермен (фото+видео)

Херберт Чавез од Филипини во последните 18 години направил дури 23 естетски операции со цел неговиот физички изглед што повеќе да потсетува на Супермен.

Како што пишува „Дејли Меил“, Чавез веќе потрошил 7.000 долари на операции на носот, осветлување на кожата, липосукција....а се со цел што повеќе да потсетува на американскиот суперхерој.

Чавез имал желба да го оперира и стомакот за да ги има “стомачните мускули од челик“ на Супермен, но лекарите одбиле да ја извршат операцијата откако дознале дека во мускулите на стомакот вбризгувал илегални филери кои се потенцијално отровни.

Чавез се појавил во новата епизода на емисијата за пластични операции „Botched”, во која естетските хирурзи се обидуваат да ги поправат неуспешните операции на своите колеги.

Во текот на емисијата, Чавез изјави дека во Супермен се заљубил во осумдесеттите години на минатиот век и од тогаш сакал да изгледа како американскиот суперхерој.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, објектот ќе биде отворен во јануари 2026

Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна рехабилитација на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во центарот на Скопје.

Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, објектот ќе биде отворен во јануари 2026

Објектот ќе биде отворен пред почетокот на вториот семестар од тековната академска година, односно во јануари 2027. Увид во градежните работи за реализација на инвестицијата вредна 10 милиони евра, денес изврши министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, која рече дека актуелната Влада го реализира тоа што го ветува.

„Овој објект ќе биде вториот модерен студентски дом што ќе го отвориме со поддршка на Европската унија и Германската развојна банка – KFW со кои заедно започнавме и ќе го завршиме процесот на темелна обнова на 9 државни студентски домови и 6 државни училишта со ресурсни центри. Ова се значајни инвестиции во студентскиот стандард и во инклузијата на образовниот систем“, рече Јаневска, додавајќи дека за нивна реализација се обезбедени 86 милиони евра, од кои 60 милиони евра од KFW, 22 милиони евра се неповратни грантови од ЕУ и 4 милиони евра се буџетски средства.

Потсети и дека пред два месеца беше отворен реновираниот „Стив Наумов“ со можност за сместување на 1150 студенти, а сега капацитетите се прошируваат и со овој дом, каде ќе можат да се сместат 280 лица.

„Веќе видовте дека се работи за навистина одлични услови, високи стандарди за ваков тип на градби и очекувам студентите што ќе го користат овој дом да бидат задоволни, но и одговорни, за да можат што повеќе генерации да ги почувствуваат придобивките од ова јавно добро“, нагласи Јаневска.

Додаде дека денот на посетата е одбран симболично, 17 ноември е Меѓународен ден на студентите, а тие се во фокусот на владините политики.

„Грижата за студентскиот стандард е многу подигната во период од неколку години – практично буџетот за оваа намена е двојно зголемен ако ги споредиме 2022 и 2026 година. Продолжуваме посветено да работиме за младите да бидат задоволни од вниманието од државата, да ги надминуваме предизвиците со кои се соочуваат и да ги задржиме тука во сопствената земја да го реализираат својот потенцијал“, порача министерката за образование и наука.

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД нудат награда од 20 милиони долари за информации за двајца нарко- терористи

Стејт департментот нуди до 20 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење или осуда на двајца гватемалски државјани.

САД нудат награда од 20 милиони долари за информации за двајца нарко- терористи

Стејт департментот нуди до 20 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење или осуда на двајца гватемалски државјани осомничени за трговија со дрога и други сериозни кривични дела долж границата меѓу Гватемала и Мексико.

Се нудат до 10 милиони долари за информации за секој од нив. Станува збор за Аксел Бладимир Монтехо Сенс, познат како „Мош“ и Валфре Доналд Калдерон-Калдерон, познат како „Ел Тениенте Џуниор“, се вели во соопштението на Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот на Стејт департментот.

Двајцата осомничени се бараат за трговија со дрога, изнуда, трговија со оружје и луѓе и убиство, според соопштението. Стејт департментот вели дека тие работат заедно со мексиканскиот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG), кој американската администрација го означи како странска терористичка организација минатата година.

Монтехо Сенс беше обвинет на 1 ноември 2018 година во Окружниот суд на САД за Јужниот округ на Калифорнија, за заговор за меѓународна дистрибуција на кокаин. Калдерон-Калдерон беше обвинет по истото обвинение во истиот суд на 31 мај 2019 година.

Наградите беа доделени во рамките на Програмата за награди за наркотици на САД (NRP), која ги поддржува меѓународните напори за борба против трговијата со дрога и изведување на бегалците пред лицето на правдата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конески со порака по повод Меѓународниот ден на студентите: Младите треба да бидат активни учесници во создавање на политиките наменети за нив

Студентските години се специфични токму затоа што во нив истовремено постои и слободата да се сонува и потребата тие соништа постепено да се претворат во реалност.

Конески со порака по повод Меѓународниот ден на студентите: Младите треба да бидат активни учесници во создавање на политиките наменети за нив

Денес, кога го одбележуваме Меѓународниот ден на студентите, мислам дека најубаво е да зборуваме за студентството онакво какво што навистина е — како еден од најзначајните периоди во животот на човекот, во кој заедно со знаењето се создаваат ставовите, пријателствата, амбициите и првите сериозни идеи за тоа каков живот сакаме да живееме и какво општество сакаме да создадеме.

Студентските години се специфични токму затоа што во нив истовремено постои и слободата да се сонува и потребата тие соништа постепено да се претворат во реалност; затоа студентот денес има потреба и од добро образование и од современа технологија, и од можност да истражува и од пристојни услови за живот, но и од чувство дека неговиот труд и потенцијал се препознаени.

Кога разговараме со студентите, токму тие секојдневни работи најчесто се покажуваат како најважни — дали можат да си дозволат уред со кој ќе ја следат наставата и ќе истражуваат, дали имаат поддршка за студентскиот оброк, дали можат да добијат стипендија, дали студентскиот дом е место во кое навистина можат достоинствено да живеат и дали до факултет можат да стигнат без секојдневниот превоз да биде дополнителен товар.

Затоа е важно зад зборовите за студентскиот стандард да стојат конкретни нешта. Поддршката за електронски уреди, субвенционираниот студентски оброк, стипендиите, инвестициите во студентските домови, бесплатниот превоз и пристапот до меѓународни научни бази се различни мерки, но сите имаат иста цел — студентот да има подобри услови своето знаење да го претвори во можност.

Особено значајно е што и кај студентскиот оброк се разговара за решение што би одговорило подобро на реалните потреби на студентите, со предлог месечната поддршка да се зголеми на 4.500 денари и да се воведе дигитален модел преку кој средствата би се користеле за храна, со дополнителни попусти кај вклучените маркети и угостителски објекти.

Но, колку и да се важни условите, студентскиот живот не може да се сведе само на нив, затоа што универзитетот не е само место каде што се полагаат испити, туку простор каде што се среќаваат различни мислења, каде што се учи да се аргументира, да се слуша другиот и понекогаш да се промени сопствениот став, а токму таа критичка мисла е една од највредните работи што една генерација може да ги понесе со себе.

Токму затоа Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја гледа својата улога како партнер на студентите, а не како организација што ќе зборува во нивно име без да ги слушне; разговараме директно со нив, ги слушаме нивните предлози и проблеми, сакаме да ги отвориме темите што ги засегаат и, кога ќе препознаеме добра идеја, да создадеме начин таа да стане иницијатива, затоа што веруваме дека младите не треба да бидат само корисници на политиките што се носат за нив, туку активни учесници во нивното создавање.

И мислам дека токму тука е најважната порака на денешниот ден: младите не се само иднината за која зборуваме во идно време, туку генерација која веќе денес учи, истражува, создава, предлага и презема одговорност, а наша задача е да создадеме услови тој потенцијал да не остане само на ниво на желба, туку да добие простор за реализација.

Драги студенти, ви го честитам Меѓународниот ден на студентите и ви посакувам да не ја изгубите љубопитноста што ве натерала да го изберете вашиот факултет, храброста да поставувате прашања и слободата да создавате сопствени одговори, затоа што токму од такви млади луѓе — образовани, критички настроени, љубопитни и подготвени да преземат одговорност — се создава едно посилно и поуспешно општество.

Среќен Меѓународен ден на студентите!

YouTube video

Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер