Има надеж за децата родени со деформитет на рацете - Канал 5

Има надеж за децата родени со деформитет на рацете

Запознавање со македонскиот здравствен систем како и можноста да пренесе некои од своите искуства и техники кои ги користи во Америка што може да им бидат од корист на хирурзите тука, ова се дел од причините што го натераа доктор Тимоти Дју да ја посети Клиниката за детска хирургија во Скопје. Тој и тимот на пластични хирурзи досега направиле десет успешни операции.

Има надеж за децата родени со деформитет на рацете
Доктор Тимоти Дју работи веќе 10 години во центарот за деца со конгенитални малформации на дланка во Америка. Тој специјализирал за операција на раце, а најтешката интервенција во досегашната кариера му била операцијата на бебе од само 8 месеци, чии што прсти биле споени.

Тој веќе една недела е во посета на Скопската Клиника за хирургија, каде соработува со македонските хирурзи, пренесувајќи ги своите знаења, искуства и техники, но и сугестии за она што би било потребно да се подобри работата во делот на пластичната хирургија во Македонија.

- Мислам дека хирурзите тука се многу добро обучени, и мислам дека соработката помеѓу различните одделенија е многу важна, затоа што операцијата на раце бара соработка помеѓу ортопедските, детските и пластичните хирурзи, така што важно е овие одделенија да работат заедно. Знам дека одделот за пластична хирургија нема доволно инструменти. Кога јас оперирав тука, направив десет операции, инструментите се премногу големи, немаат дупчалки, ножиците не се многу остри, така што понекогаш и некоја поедноставна операција е тешко да се изведе. Мислам дека соработката помеѓу различните одделенија би била од голема корист, делењето на инструменти, на знаења дури можеби и заедничко изведување на операции во покомплицирани случаи би било од голема помош - вели д-р Дју.

За време на неговиот престој, тој и екипата на нашите пластични хирурзи извеле вкупно десет операции на скопската клиника. Ваквата соработка овозможува стекнување на нови знаења и техники кои се значајни за подобрување и усовршување на македонскиот тим на пластични хирурзи, смета директорката на клиниката за хирургија, Смиљана Туџарова Ѓорѓева.

И Доктор Тим и македонските пластични хирурзи се задоволни од заедничката соработка, за која велат дека ќе придонесе многу во подобрувањето на здравствениот систем и стекнувањето на нови техники и вештини на медицинскиот персонал и на двете земји.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Репрезенативни и клупски другари во кошаркарската кариера, сега спротивставени пратеници

 Европските кошаркарски легенди Дејан Бодирога и Жељко Ребрача беа херои на екс Југославија и заедно ја освоија Европа и Светот, но денес се разделени од политиката.

Репрезенативни и клупски другари во кошаркарската кариера, сега спротивставени пратеници

Од заедничкото освојување на светскиот трон во Атина во 1998 година, каде што беа едни од главните членови на репрезентацијата на СР Југославија, патиштата на Дејан Бодирога и Жељко Ребрача денеска се вкрстија на сосема спротивни страни во пратеничките клупи на Народното собрание на Република Србија.

На Светското првенство во Грција, токму тие двајца беа најзаслужни за освојувањето на златниот медал, делејќи ги главните улоги на патот до тронот.

Дејан Бодирога тогаш беше официјално прогласен за најкорисен играч (МВП) на целото првенство, со просек од 14,7 поени, пет скока и 2,2 асистенции по натпревар, а особено се истакна во полуфиналето против домаќинот Грција, кога постигна 31 поен. Од друга страна, Жељко Ребрача блесна токму кога беше најпотребно, одиграјќи го својот најдобар натпревар во финалето против Русија – натпревар што Југославија го доби со резултат 64:62.

Ребрача беше апсолутен херој и најефикасен поединец на натпреварот со 16 поени и 11 скока; тој беше избран во идеалната петорка на турнирот, а неговата клучна блокада и офанзивен скок во последната минута директно го решија исходот на натпреварот.

Нивната спортска соработка успешно продолжи и на клупско ниво, бидејќи во периодот од 1999 до 2001 година заедно го носеа дресот на атински Панатинаикос и, под водство на Жељко Обрадовиќ, ја освоија титулата европски шампион.

Сепак, по завршувањето на нивните блескави играчки кариери, животните патишта и општествениот ангажман ги однесоа на сосема спротивни страни на српската политичка сцена.

По крајот на кариерите на паркетот, Дејан Бодирога се посвети на спортскиот менаџмент и ја презеде функцијата претседател на Евролигата, а Ребрача е сосптвеник на кошарксрка школа.

Бодирога во јавниот и политичкиот живот на Србија влезе преку давање отворена поддршка за студентските протести и иницијативата „ПроГлас“.

На парламентарните избори одржани кон крајот на октомври 2026 година, тој настапи како 24-ти на листата „Студентска листа – Студентите победуваат“, а со полагањето на заклетвата на 17 ноември 2026 година, официјално го започна својот прв пратенички мандат во 15-тиот состав на Собранието.

За разлика од него, Жељко Ребрача, по богатата кариера во Европа и НБА – каде што настапуваше за Детроит, Атланта и Лос Анџелес Клиперс – ја извршуваше функцијата претседател на Кошаркарскиот клуб „Војводина“, а својот политички ангажман го поврза со Српската напредна странка.

Како долгогодишен член на владејачката партија, тој го започна својот прв пратенички мандат во февруари 2024 година, а на изборите во октомври 2026 година, зазеде високо 19-то место на изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ и со тоа обезбеди нов мандат.

Така, некогашните соиграчи, кои пред речиси три децении ѝ донесоа огромна радост на нацијата на кошаркарскиот терен во Атина, денес станаа политички ривали кои седат на спротивните страни во собраниската сала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од Белград

Претседателот на евролигашот Партизан, Остоја Мијаиловиќ го купува  фудбалскиот клуб Чукарички.

Првиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од Белград

Спортскиот директор на Чукарички, Владимир Матијашевиќ, во подкаст откри дека клубот од Баново Брдо наскоро ќе го преземе актуелниот претседател на Кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ.

Матијашевиќ вели дека „сè е веќе завршено и чисто“ во однос на преносот на сопственоста на клубот на Мијаиловиќ, и дека се очекува сè официјално да биде завршено на почетокот на месецот или на почетокот на следната година.

„Работата е при крај. Ако сакате конкретен одговор, ќе го добиете. Ако сè помине како што треба, Остоја Мијаиловиќ во декември ќе го преземе ФК Чукарички од Драган Обрадовиќ. На тоа моментално работат сите правници“, изјави Матијашевиќ во подкастот „2x45“ на MozzartSport.

По преземањето, Мијаиловиќ ќе стане мнозински сопственик на клубот.

Досегашниот сопственик, Драган Обрадовиќ, ќе го продаде целиот свој удел во клубот.

„Во разговорот што го имавме пред три дена, Остоја побара сите луѓе да останат, а спомна и дека јас би можел да задржам одреден удел, доколку сакам да останам. Остоја и Обрадовиќ треба уште да ги финализираат работите, но главниот дел е завршен. Сè е проверено. Документацијата е чиста. Затоа очекувам, доколку сè е во ред, на почетокот на декември или кон средината на следниот месец, Мијаиловиќ да му се приклучи на клубот“.

Матијашевиќ верува дека новиот сопственик ќе ја задржи сигурноста и стабилноста што ги красеа „планинарите“ во текот на целиот период под водство на Обрадовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани

Руски воен транспортен авион „Ан-12“ се урна денеска во регионот Кемерово, во југозападен Сибир, при што загинаа сите 17 лица кои се наоѓале во леталото, пренесува „Известија“, повикувајќи се на добро известен извор.

Руски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани

Изворот потврди дека целиот екипаж загинал во инцидентот. Претходно беше соопштено дека авионот што се урна во селото Јагуново, во регионот Кемерово, според првичните сознанија е идентификуван како воен авион „Ан-12“. Причините за инцидентот сè уште не се утврдени.

Гувернерот на Кемеровската област, Иља Середјук, соопшти дека во близина на селото Јагуново се случила авионска несреќа, а службите за итни случаи се на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер