Има многу докази дека коронавирусот предизвикува нов облик на дијабетес - Канал 5

Има многу докази дека коронавирусот предизвикува нов облик на дијабетес

Група доктори од целиот свет веруваат дека има сè повеќе докази дека ковид-19 може да предизвика сосема нова форма на дијабетес кај некои пациенти.

Има многу докази дека коронавирусот предизвикува нов облик на дијабетес

Д-р Франческо Рубино од Кралскиот колеџ во Лондон и неговите колеги забележале зголемување на бројот на дијабетес тип 1 и тип 2 кај лицата заразени со коронавирус. Затоа, тие направиле регистар во кој лекарите ширум светот можат да пријавуваат такви случаи.

Експертите кои го анализирале регистарот, во кој се наведени повеќе од 350 извештаи за можна појава на дијабетес предизвикан од инфекцијата со ковид-19, велат дека е тешко да се негираат овие бројки.

"Во текот на изминатите неколку месеци, видовме повеќе случаи на пациенти кои или развиле дијабетес додека имале симптоми на инфекција со ковид-19 или наскоро после тоа. Сега веруваме дека постои врска и дека коронавирусот може да предизвика нарушувања во метаболизмот на шеќерот", рече Рубино.

„Веруваме дека овие случаи треба дополнително да се испитаат, бидејќи оваа врска може да биде голем проблем, особено со оглед на обемот на пандемијата“, додаде тој.

Пол Зимет, специјалист за дијабетес од Универзитетот Монах во Австралија, вели дека „што се однесува до него, тој не се сомнева дека ковид-19 предизвикува нова форма на дијабетес“.

Научниците претпоставуваат дека вирусот на ковид-19 може да го наруши метаболизмот на шеќерот затоа што комуницира со рецепторот АЦЕ-2 за да се инфилтрира во клетките на голем број органи, вклучувајќи го и панкреасот. Друго можно објаснување е дека силната реакција на нашиот имунолошки систем ги оштетува органите кои се клучни за одржување на нормалното ниво на гликоза, пишува Гардијан.

"Сите овие се теории. Но, теории кои не се филозофски, туку се втемелени во биологијата и искуството со другите вируси", вели Рубино.

Другите вирусни заболувања, особено ентеровирусните инфекции, исто така, се поврзани со развој на дијабетес тип 1, каде што самото тело ги напаѓа клетките на панкреасот спречувајќи производство на инсулин.

Д-р Сатиш Тирунавукакарасу од канадскиот универзитет Мекмастер прегледал осум студии од различни земји спроведени во текот на првите пет месеци од пандемијата. Тој открил 492 случаи на ново дијагностициран дијабетес кај 3711 хоспитализирани пациенти со ковид-19 (14,4%).

Овие бројки ги вклучуваат оние пациенти на кои им е дијагностициран дијабетес за прв пат во животот, како и оние кои претходно имале болест, но не знаеле за тоа. Имено, кај дијабетес тип 2, симптомите се појавуваат постепено и може да се занемарат во раните фази на болеста.

Лекарите велат дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди причинско-последичната врска помеѓу инфекцијата со ковид-19 и појавата на дијабетес. Имено, зголемувањето на нивото на шеќер во крвта не мора да биде поврзано со дијабетес, а познато е дека некои стероиди кои се користат за лекување на симптоми на коронавирусна инфекција го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.

Ова не е единствената студија што го поврзува ковид-19 со појавата на дијабетес. Кинеските научници, кои следеле 2.469 пациенти заразени со коронавирус шест месеци по отпуштањето од болница, забележале 58 (приближно 2,35%) случаи на дијабетес.

Друга студија, која сè уште не поминала независен преглед од експерти, следела 47.780 пациенти со ковид-19 пет месеци по отпуштањето од болниците во Англија и открила дека на 4,9% од пациентите им бил дијагностициран дијабетес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пјонгјанг пресече: „Нема да има извинување“

Претходно оваа недела, Јужна Кореја објави дека севернокорејски мини предизвикале експлозија во која тешко биле повредени двајца јужнокорејски војници за време на извидувачка мисија во граничната зона широка четири километри.

Пјонгјанг пресече: „Нема да има извинување“

Северна Кореја денес ги отфрли како неосновани обвинувањата од Сеул дека севернокорејски мини тешко повредиле јужнокорејски војници во Демилитаризираната зона, одбивајќи го барањето на Јужна Кореја за извинување, објави државната новинска агенција „KCNA“.

Ким Јо Џонг, функционерка на владејачката Работничка партија и влијателна сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, изјави дека Пјонгјанг не поставил намерно мини во граничната зона.

Во својата изјава, Ким истакна дека Јужна Кореја „донела неоснован заклучок оти експлозијата била предизвикана од некој што тајно и намерно поставил мини“.

Истовремено, таа изјави дека Северна Кореја нема да дозволи каква било можност за контакт меѓу двете земји, опишувајќи ја директната средба со Јужна Кореја како „кошмар“, пренесе „KCNA“.

Претходно оваа недела, Јужна Кореја објави дека севернокорејски мини предизвикале експлозија во која тешко биле повредени двајца јужнокорејски војници за време на извидувачка мисија во граничната зона широка четири километри, која се протега низ Корејскиот Полуостров.

Нејзината војска побара од Северна Кореја да се извини и да ги запре работите за утврдување на границата, наведувајќи дека ќе преземе „соодветни“ мерки, пренесе Ројтерс.

Јужнокорејската војска спроведе истрага за инцидентот заедно со Командата на Обединетите нации, која го надгледува почитувањето на примирјето од Корејската војна. Командата на ОН во средата објави дека инцидентот претставува кршење на примирјето од Корејската војна.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Тајван ги презеде првите два од вкупно 66 борбени авиони Ф-16В Блок 70 купени од Соединетите Држави.

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам.

Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува значаен чекор во зајакнувањето на воздушната одбрана на земјата. „Ова ја покажува нашата решеност да ги зајакнеме капацитетите за самоодбрана и да обезбедиме мир преку сопствената сила“, рече Лаи.

Обука и воведување во употреба

Командата на тајванските воздухопловни сили соопшти дека ќе спроведе обука за премин кон новиот тип на авион, а потоа постепено ќе ги воведе во оперативна употреба. Командата истакна дека 7-мото тактичко борбено крило е формирано во декември 2023 година и е предвидено да биде опремено со новите авиони Ф-16В Блок 70.

Министерот за одбрана Велингтон Ку претходно пред новинарите потврди дека „годинава ќе бидат испорачани повеќе од два авиона“.

Договор вреден 8 милијарди долари

Соединетите Држави ја одобрија продажбата на 66 авиони Ф-16В и придружна опрема на Тајван уште во 2019 година. Вкупната вредност на договорот се проценува на приближно 8 милијарди долари.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„GTA 6“ ќе биде најголемата игра на „Rockstar“: „Никогаш не сме направиле вакво нешто“

Со години, „GTA 6“ се најавува како потенцијален рекордер за најголемо лансирање во историјата на индустријата за забава – како во поглед на очекувањата, така и во однос на капиталот вложен во нејзиниот развој.

„GTA 6“ ќе биде најголемата игра на „Rockstar“: „Никогаш не сме направиле вакво нешто“

„Rockstar“ дополнително ја поттикнува оваа возбуда.

Според еден од клучните раководители на студиото, целта е речиси секој аспект од претстојната игра да се подигне на ново ниво. Арон Гарбут, раководител за развој и висок функционер во „Rockstar“, вели дека тимот се обидел огромниот притисок околу проектот да го претвори во дополнителна мотивација.

Наместо да прават компромиси меѓу големината на светот, деталите и интерактивноста, тие се стремеле истовремено да ги подобрат сите овие елементи.

„Обично мора да правите компромис меѓу обемот и деталите, или меѓу деталите и интерактивноста. Со овој проект, тргнавме во спротивна насока“, изјави Гарбут за „Game Informer“.

Тој истакна дека „Rockstar“ го зголемил нивото на детали, обемот, опсегот, големината, интерактивноста и густината на светот – подобрувања што треба да бидат очигледни во секој аспект од играта.

„GTA 6“ ветува огромен отворен свет, подетална средина, напредна физика и поголем број интерактивни елементи. Иако „Rockstar“ сè уште не ги открил сите карти, досега објавените трејлери веќе навестуваат колку внимание е посветено на деталите.

Секако, зад проект од вакви размери стојат огромните финансиски ресурси на издавачот „Take-Two Interactive“. Точниот буџет за „GTA 6“ не е јавно потврден, но јасно е дека станува збор за еден од најамбициозните проекти во историјата на индустријата за видеоигри.

„Rockstar“ е познат по тоа што со години ги развива своите игри и вложува огромно време во светот, анимациите, физиката и деталите. Следствено на тоа, Гарбут смета дека „GTA 6“ претставува нешто што „Rockstar“ никогаш претходно го нема создадено. „Не мислам дека некогаш сме направиле нешто што е дури и приближно на ова“, изјави тој.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер