Има ли вонземјани – од утре се следи меѓуѕвезден астероид - Канал 5

Има ли вонземјани – од утре се следи меѓуѕвезден астероид

Меѓуѕвезден астероид , кој се движи кон Сонцето ќе биде прислушуван за да се утврди постоење на интелигентен живот во вселената .

Има ли вонземјани – од утре се следи меѓуѕвезден астероид
Објектот со чуден облик , како огромна пура , беше откриен како по чудна патека се движи кон Сонцето на 19-ти октомври.
По иницијатива од милијардерот Јури Милнер научниците од целиот свет ќе користат радио телескоп за да слушнат евентуални сигнали од него.
Тимот научници од утре ќе почне со следењето на импулси од астероидот, кој моментално забрзува низ нашиот соларен систем и поминува низ четири различни радиофреквенциски опсези.

Првиот сет набљудувања ќе го врши телескопот во Западна Вирџинија и треба да трае 10 часа.

Претходните набљудувања на објектот, наречен " Oumuamua ", ја потврдија неговата чудна, издолжена форма, што потсетува на огромна пура.
Според брзината на предметот и ексцентричната траекторија , научниците претпоставуваат дека потекнува надвор од нашиот Соларен систем.

Ендрју Сјојон, директор на Истражувачкиот центар во Беркли, кој е дел од проектот, рече: "Присуството на ,,Оумуамуа” во нашиот соларен систем овозможува нефвидено откритие . Имаме можност за прв пат да слушнеме вештачки предаватели и да ја демонстрираме нашата способност да следиме од близина брзо подвижни објекти. "

Тој додаде: "Без разлика дали овој објект е вештачки или природен, тоа е одлична цел за слушање".

Други истражувачи кои извршиле набљудувања на астероидот со земни телескопи, велат дека, и покрај неговата форма,сепак наликува на природен објект , како и други што биле откриени во надворешните делови на нашиот соларен систем.

Името на астероидот, "Oumuamua", на хавајски значи "гласник од далеку што пристигнува одеднаш ".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЕ: Минералното богатсво на Македонија со долгорочна развојна рамка до 2046 година

Македонија преку долгорочен план ќе создаде услови за подобро искористување на својот геолошки потенцијал и негово претворање во инвестиции, индустриски развој, нови работни места и поголема додадена вредност за домашната економија.

МЕ: Минералното богатсво на Македонија со долгорочна развојна рамка до 2046 година

Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2026–2046 година ги утврдува приоритетите за современи геолошки истражувања, одговорно користење на минералното богатство и создавање услови за долгорочни вложувања.

Македонија располага со разновиден геолошки потенцијал, меѓу кој се олово, цинк, бакар, злато, антимон и никел, како и мермер, травертин, гранит и варовник.

Еден од главните приоритети е поголем дел од економската вредност да се создава во земјата. Тоа подразбира поголема поврзаност на рударството со домашното производство, развој на преработувачки и други индустриски капацитети и примена на современи технологии.

Подобреното геолошко истражување ќе овозможи попрецизно утврдување на потенцијалот и навремено планирање на идните вложувања. Со тоа се отвора простор за нови деловни активности и јакнење на домашните производни капацитети.

Паралелно, се поставуваат повисоки стандарди за заштита на животната средина, транспарентност и заштита на јавниот интерес. Стратегијата е усогласена со европските политики, вклучително и Европскиот акт за критични суровини, што создава можности за поголемо вклучување на Македонија во европските индустриски синџири.

Документот е подготвен преку стручна соработка на Македонската академија на науките и уметностите и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со учество на експерти и консултации со релевантни институции и стручната јавност.

Стратегијата е донесена од Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува долгорочна рамка за развој на геолошките истражувања и рударството до 2046 година.

Со овој документ се создава основа минералното богатство да не биде само предмет на експлоатација, туку двигател на домашната индустрија, инвестициите и долгорочниот економски развој, со одговорно управување и зачувување на животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Надал најави враќање на теренот!

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Шпанецот, Рафаел Надал би можел повторно да заигра на тенискиот терен, иако по завршувањето на својата професионална кариера призна дека не му недостига премногу тенисот.

Надал најави враќање на теренот!

По повод десетгодишнината од неговата тениска академија на Мајорка, Шпанецот минатата сабота организираше ревијален турнир на кој учествуваа Енди Мареј, Карлос Моја, Доминик Тим, Марат Сафин, Давид Ферер, Ришар Гаске и Фабио Фоњини. Легендарниот Шпанец, освојувач на 14 титули на „Ролан Гарос“, повторно го зеде рекетот в раце по тој повод и навести дека би можел да се врати на теренот преку ревијални мечеви.

„Во одреден момент повторно ќе играм ревијални мечеви, сакам да го сторам тоа. Подготовките бараат одреден напор, бидејќи телото треба да се доведе во соодветна состојба. Мислам дека е тоа нешто што треба да го пробам, но сакам да живеам ден за ден и да не размислувам премногу однапред“, изјави Надал, а пренесе „Л'Екип“.

Иако неговото тело претрпе бројни повреди во текот на кариерата, Надал очигледно не ја затворил целосно вратата за враќање на теренот, па макар и на ревијални натпревари.

„Сè уште чувствувам блага болка секој ден; исто така е точно дека имав операција и морав да вградам мала протеза во раката – тоа не е пријатно, но морав да го направам. Сепак, точно е и дека силната болка што долго време ме мачеше целосно исчезна, а тоа имаше многу позитивно влијание врз мојата ментална состојба. Психолошки се чувствувам подобро, имам помалку проблеми од порано и повеќе уживам во животот. Сето тоа е многу важно“, заклучи Надал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна таван во супермаркет во Јужна Кореја, десетици повредени

Најмалку 38 лица се здобија со полесни повреди откако дел од гипсениот таван се урна во супермаркет во јужнокорејскиот град Даегу, соопштија денеска локалните противпожарни служби.

Се урна таван во супермаркет во Јужна Кореја, десетици повредени

Тие потврдија дека уште 66 лица биле евакуирани од објектот по уривањето, за кое било пријавено во 10:16 часот по локално време, пренесува „Јонхап“.

„Девет лица се пренесени во болници на лекување. Иако постои можност бројот на повредени да се зголеми, итните служби на терен проценија дека е малку веројатно некој да се здобил со сериозни повреди“, изјави претставничката на противпожарната служба, Јун Џонг-ми.

Кабинетот на јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг соопшти дека на официјалните лица им било наложено да вложат максимални напори за спасување на луѓето и да обезбедат детален и брз одговор на оваа несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер