ЗдравјеИма ли "брана" за злоупотреби со операции што се прават приватно во државни клиники?На државно, по неколку месеци, а некои и половина година чекаат слободен кревет за операција која не е итна, ама попладне или во неработен ден може да се најде термин за интервенција, ако си платите приватно во истата јавна здравствена установа. Ова е честа пракса во повеќе клиники во Скопје, велат граѓани што се обратија до редакцијата, кои се здравствено осигурани, но се плашат јавно да говорат. Иако законите овозможуваат на поискусни лекари со успешна работа ова да го прават како дополнителна дејност, останува отворено прашањето дали се контролира колку операции вака се извршуваат и има ли злоупотреби, со оглед на тоа што термини за на државно ослободуваат токму специјалистите? Инаку, на последната прес-конференција министерот Фатмир Меџити на прашање на Канал 5 дали знае за евентуални злоупотреби одговори дека никој не пријавува. -Ајде пријавете која е таа клиника и јас одма ќе пратам инспекција? Јас да пријавувам? Сакате да кажете дека досега никој не пријавил? Апсолутно не, во мојот говор кажав има милион дефекти, дури и кај мене има.... Дека има, има, имало и во минатото, ама целта е да ги минимизираме проблемите.--Фатмир Меџити – Министер за здравство. Дека слабо има термини потврдува и пребарување на алатката „Мој термин“ што секој може да ја отвори за да се обиде да најде специјалист. Професорот Д-р Драган Даниловски, кој е и поранешен министер за здравство за Канал 5 вели дека во законот има ограничувања за докторите, кој лекар може и колку операции смее да врши дополнително, но тоа мора да се контролира. -Се чини дека контрола нема. Јавна тајна е дека не е проблем само наведувањето на пациенти да се оперираат приватно во државна болница, туку и тоа што јавна тајна е дека некои бараат пари од пациенти кои се закажани за интервенција во регуларни термини. За жал, ова не изненадува бидејќи целото општество претставува затворен систем на врзани садови, па промените во еден сегмент не може да не се одрази во сите други сегменти, па и во здравството. Се наоѓаме во криза на системот на вредности, мислам дека тоа има рефлексија во здравствениот систем.- Проф. Д-р Драган Даниловски – Поранешен министер за здравство. На прашања на Канал 5 од Министерството за здравство дали се вршат контроли, тврдат дека има. Инспекција сега се прави согласно Законот за здравствена заштита, со цел навреме да бидат обезбедени потребните термини по апарат и специјалност, за да се оптимизира текот на работата, како за дијагностика, така и за операции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКако Шпанија станува лидер во паметното и одржливо производство на бакарИберискиот пиритски појас го привлекува вниманието на глобалната индустрија – комплексот „Sandfire MATSA“ во Шпанија користи напредна технологија за интеграција на три рудници во еден моќен преработувачки центар.Рударскиот сектор во Европа доживува вистинска револуција, а во центарот на овие промени се наоѓа Шпанија. Познатиот Ибериски пиритски појас во југозападниот дел на земјата (провинцијата Уелва) е дом на еден од најмодерните и технолошки најнапредните рударски проекти на континентот – комплексот Sandfire MATSA. Според анализата на стручниот меѓународен медиум Geomechanics.io, овој проект претставува учебнички пример и нуди клучни лекции за рударските инженери ширум светот за тоа како успешно да се интегрираат повеќе рудници во еден паметен, високопродуктивен и еколошки одговорен систем за производство на бакар и други полиметални суровини. Еден централен капацитет, три рудници: Моќта на паметната интеграција Срцето на овој комплекс е гигантската централна фабрика за преработка со капацитет од дури 4,7 милиони тони годишно. Оваа фабрика се напојува со руда од три посебни подземни рудници: Aguas Teñidas, Magdalena и Sotiel. Она што го прави овој проект исклучителен е неговиот т.н. „hub-and-spoke“ (централизиран) модел. Инженерите на „Sandfire MATSA“ користат софистицирани дигитални алатки за контрола во реално време, кои овозможуваат рудата со различен состав од трите различни наоѓалишта совршено да се комбинира и да се прилагоди пред да влезе во процесот на флотација. Со ова се постигнува максимално искористување на бакарот, додека истовремено се минимизираат загубите на енергија и ресурси. Технологија во служба на безбедноста и ефикасноста: Зад високите бројки на производство стои имплементација на најсовремена технологија. Комплексот се потпира на дигитализација на подземните процеси, оптимизирано управување со отпадниот материјал (backfill) и напредни геотехнички софтвери. Овие иновации овозможуваат: Поголема безбедност за рударите: Сите критични процеси под земја се следат преку софистицирани дигитални системи, со што ризиците се сведени на минимум. Стабилност и контрола на теренот: Со оглед на тоа што се работи за три различни геолошки локации, инженерите применуваат усогласени геотехнички стратегии кои гарантираат стабилност на подземните копови. Еколошки стандарди по највисоки европски правила: Покрај економските придобивки, овој централизиран модел во Шпанија носи огромна предност и за заштитата на животната средина. Наместо три посебни преработувачки капацитети кои би влијаеле врз природата на три различни места, „Sandfire MATSA“ има само еден централен пункт за управување со водите и јаловината. За шпанските регулатори и локалните власти во Уелва, ова овозможува исклучително строг, прецизен и лесен мониторинг на еколошките перформанси. Шпанија со ова покажува дека индустриското рударство на бакар – метал кој е клучен за зелената транзиција и електричните возила – може да се одвива со максимално почитување на најстрогите еколошки стандарди во Европа. Со вакви проекти, Шпанија не само што ја зацврстува својата позиција на европската рударска мапа, туку и поставува нови глобални стандарди за тоа како треба да изгледа одржливото и паметно рударство во 21-виот век.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБројот на жртви во Венецуела се искачи на повеќе од 4.550Според официјалните податоци објавени од Родригез на „Телеграм“, повредени се 16.740 лица, а спасени се 6.462. Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 4.561, додека повеќе од 20.000 луѓе се сместени во привремени кампови, соопшти претседателот на Националното собрание на таа земја, Хорхе Родригез. Според официјалните податоци објавени од Родригез на „Телеграм“, повредени се 16.740 лица, а спасени се 6.462. Државна помош добија 128.324 семејства, а во земјата беа формирани 107 привремени кампови во кои се сместени 20.231 лице. Во соопштението се додава дека во земјотресите се оштетени 856 објекти, од кои 190 се целосно урнати. На 24 јуни, Венецуела беше погодена од земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во временски интервал помал од една минута.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Куманово, поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички10:04Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
МВР: Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Куманово, поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички10:04
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаСДСМ: Дијаспората не сака Мицкоски да гласа наместо неаВМРО-ОКГ повторно лаже. Тие свесно шират лажна приказна дека СДСМ е против гласањето на дијаспората. Ова е чиста манипулација. Никој не е против гласањето на дијаспората. Проблемот не е во правото на глас, туку во манипулацијата и кражбата на гласови која ВМРО-ОКГ сака да ја овозможи преку Изборниот законик. Дијаспората не сака Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група да гласаат наместо неа. Дијаспората сака самата да го каже својот глас, а не да дозволи членови на криминалната мрежа во Белата палата да одлучуваат наместо неа. ВМРО-ОКГ сака да отвори пат за масовна злоупотреба преку неконтролирано гласање. Токму затоа се спротивставуваме на нивните предлози. Не затоа што сме против дијаспората, туку затоа што сме против кражбата на нејзиниот глас. Дијаспората гласаше и во минатото. Ќе гласа и во иднина. Но нема да дозволиме нејзиниот глас да го украде истата криминална структура која веќе две години ја држи Македонија во изолација и која ја доведе државата до економски колапс. Лагите на ВМРО-ОКГ немаат граница. Но има граница на трпението на граѓаните. Народот ќе победи. Европска и демократска Македонија ќе победи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter