Има десет години , а за неа ,,се тапаат” Google и Microsoft (ВИДЕО)

Малата Самира Мехта е десет годишна програмерка , која има своја компанија и илјадници следбеници.

Десет годишното девојче е основач и извршен директор на компанијата CoderBunnyz, која привлече внимание во јавноста и на самира и овозможи да држи бројни предавања. На само осум години ја измислила играта CoderBunnyz, што ги учи децата да програмираат. Почнала да програмира на шест годишна возраст.

За девојчето се заинтересирале од Cartoon Network, од каде барале млади и талентирани за да ја носи титулата Powerpuff девојче , според познатиот лик од цртаните филмови. Нејзината приказна се проширила , така што почнала да ја продава својата игра преку Амазон.

,, До сега продадовме 1 000 кутии , што е нешто над 35 000 долари, а играта е на пазар само една година. “ , изјави Самира.

Во промоцијата и помогнал татко и , Рахеш Мехта, кој и самиот работи како програмер во Интел.

На почетокот на школската година излезе уште една игра , ,,Yes, 1 Billion Kids Can Code" , наменета за учениците , така што за Самира се заинтересираа и големите компании Google и Microsoft.

За сега девојчето не планира да стане дел од овие системи , туку држи предавања во училиштата каде ги учи децата да програмираат.

Мелони е лидер на листата на нејзината крајно десничарска партија на изборите за ЕП

Премиерката на Италија Џорџа Мелони денеска изјави дека ќе биде носител на листата на нејзината екстремно десничарска партија на изборите за Европскиот парламент во јуни.

„Одлучив да се кандидирам на чело на листата „Браќа на Италија“ (Fratelli d'Italia)“, рече таа на конгресот на нејзината партија.

Партијата на Мелони освои најмногу гласови на парламентарните избори во Италија во 2022 година.

Според анкетите, партијата би можела да освои околу 26 отсто од гласовите на изборите за ЕП, што ќе се одржат од 6 до 9 јуни.

„Сакаме да го направиме во Европа токму она што го направивме во Италија на 25 септември 2022 година, кога се одржаа изборите. А, тоа е да создадеме мнозинство што ги обединува силите на десницата и чевицата да биде вбо опозиција дури и во Европа“, изјави Мелони.

Фото: Никол Кидман во златен фустан

Актерката Никол Кидман  доби историско признание, и докажа дека е вистинска ѕвезда на филмската индустрија.

Мегапопуларната актерка неодамна ја доби наградата AFI (American Film Institute Lifetime Achievement) за животно дело и вклученост во филмската индустрија. Со тоа таа стана првата Австралијка која ја добила оваа престижна награда во Лос Анџелес.

На доделувањето на наградата на кое присуствувале многу колешки на Никол, сексапилната актерка блесна во златен долг и елегантен фустан кој ја истакна нејзината соврѓена става.

Спасовски од Шуто Оризари: Да не се попречува изборниот процес

 Да не се попречува изборниот процес, да не се закануваат, да не навредуваат, да останат на ниво на демократски вредности!

Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и коалицијата за европска иднина од ИЕ2, Оливер Спасовски, имаше свое обраќање во Шуто Оризари.

„Денеска продолжуваме со изборната кампања во Шуто Оризари на разговор со граѓаните за претседателските и парламентарните избори на 8 мај. Сакам да се сретнеме со сите граѓани, да влеземе во секоја куќа во општината Шуто Оризари, да поразговараме со секого за нашата перспектива на Македонија”, рече Спасовски. Притоа, тој ја истакна важноста да се гласа на 8 мај.

„Многу е важно граѓаните да останат смирени и овој втор круг од изборите да помине во демократска атмосфера. Упатувам порака до сите оние се дрзнуваат на било кој најчин да го попречуваат изборниот процес, да се закануваат, да навредуваат, да останат на ниво на демократски вредности. Да ги почитуваат граѓаните и на мирен, фер и демократски начин да заврши изборниот процес. Воедно ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски заокружувајки го бројот 1, и да гласаат за листата на пратеници исто така под број 1 за коалицијата за европска иднина”, порача Спасовски.

притисни ентер