Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери
1Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери
3Голем интерес за гласање кај српските државјани во Македонија, пријавени се 1.438 за гласање во Скопје и Куманово
1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ЖивотИма 93 години и 120 милијарди долари- најстариот милијардер се храни како дете од 6 години Ворен Бафет, еден од најуспешните инвеститори на сите времиња, има 93 години и се проценува дека богатството му е 120 милијарди долари.Но, она што го воодушевува светот не е неговата моќ или богатство, туку неговата дневна исхрана. „Не се хранам здраво затоа што не ми е интересно. Сакам да јадам како дете. Се испостави дека функционира“, рече еднаш Бафет со насмевка. Пет Кока-Коли на ден - не диетални Кока-Кола Бафет го започнува денот со неколку лименки Кока-Кола. Во текот на денот, тој пие вкупно пет лименки - претежно обични, полни со шеќер. Тој вели дека го прави ова затоа што, според статистиката што ја видел, „луѓето што пијат Кока-Кола имаат најниска стапка на смртност“. „Добивам четвртина од моите калории од Кока-Кола“, откри тој. Тој не е само потрошувач - неговата компанија Беркшир Хатавеј има значителни акции на Кока-Кола, а самиот Бафет е лице на нивните состаноци со години. Секое утро во McDonald's - и по цена на акциите Секое утро тој поминува покрај McDonald's на пат кон работа и го избира својот појадок во зависност од тоа како берзата го започнува денот. Ако берзата е во пад - тој го зема најевтиниот појадок. Ако пазарот е зелен - тој се почастува со поскапата опција. „Имам три опции. Ако сум лошо расположен, го земам појадокот од 2,61 долари. Ако сум малку повесел, тогаш оној од 2,95 долари.“ Неговиот избор? Обично колбас McMuffin, понекогаш хашбраун. И секогаш сè го залева со Кока-Кола - и тоа во 8 часот наутро. Сладолед за вечера - буквално Кога доаѓа вечера, Бафет не избира супа или салата. Неговата омилена вечера е често сладолед. „Го сакам Dairy Queen. Го сакам нивниот сладолед. Обожавам да јадам што сакам“, рече тој. И ова не е само каприц: Berkshire Hathaway е сопственик на синџирот Dairy Queen, па Бафет ја претвора вечерата во бизнис. Лекарите креваат рамења: „Не можеме да објасниме“ Со оглед на неговата возраст и навики во исхраната, многу лекари се прашуваат како милијардерот сè уште има енергија, меморија и волја да ја води империјата секој ден. Таа нема посебна диета, не практикува јога, не користи додатоци во исхраната. Неговата тајна? Како што вели тој:„Ако живеете до 93 години и јадете доволно чизбургери и Кока-Кола - можеби ќе живеете до 120.“ Порака за генерации? Не баш. Иако е интересен и забавен, експертите предупредуваат дека случајот на Бафет не е пример за следење. Повеќето луѓе не би можеле да го одржат овој вид диета без сериозни здравствени последици. Но едно е сигурно - Ворен Бафет живее како што сака, се храни како што сака и покрај сè - тој останува најбогатиот дедо во светот.Тагови: милијардери се храни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНад сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнериЕвропа денеска ги сублимира штетите и бројот на приведени по синоќешниот нов бран демонтрации, кои на одредени места повторно излегоа од контрола.. Демолирани и ограбени објекти, оштетени јавни површи и запалени улични објекти, оставиле демонстрантите зад себе во синоќешните немири во Барселона. Каталонската полиција соопшти дека биле упасени над сто лица, а триесетина од нив биле малолетни. Со качучки на глава кршеле излози – при што биле ограбени и оштетени најмалку 14 продавници, а во дел од проджните објекти купувачи останале заробени внатре откако вработените ги спуштале заштитните ролетни за да спречат упад и грабежи. Протестите кои не биле најавени се случиле во околината на плоштадот „Плаца де Каталуња“, а повиците се ширеле преку социјалните мрежи. Градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони, остро го осуди насилството и порача дека уништувањето на јавниот и приватниот имот нема да остане неказнето, додека тамошната министерка за надворешни Нурија Парлон не ја исклучи можноста нередите да биле инспирирани од протестите во Париз. „Нема да дозволиме она што се случи да помине без последици. Ќе има санкции и за полнолетните учесници и за лицата што се одговорни за малолетниците. Нема да дозволиме нашиот град да биде опустошен“ Во меѓувреме, немирите и протестите продолжуваат и во други европски земји. Во Франицја илјадници демонстранти синоќа повторно излегоа на улиците. Главниот протест се одржа во југоисточните делови на Париз, но најмногу немири имаше во Марсеј каде дошло и до судири, откако млади луѓе запалле канти за ѓубре за да ги блокираат патиштата, а кон безбедносните сили фрлале камења и шишиња. Полицијата употребила солзавец и водени топови против демонстрантите, кои освен што палеле... ограбувале и продавници и залтарници. Тензично е и во Италија. И таму дошло до судири во неколку градови кои резултирале со речиси 400 приведени и над 5.000 легитимирани демонстранти. Тамошната полиција успеала да го идентификува и организаторот на движењето на „17 октомври“. Неофицијално станува збор Јусеф Сихер, 30-годишен Италијанец со мароканско потекло, кој е под истрага под за тешко поттикнување за извршување кривично дело со цел тероризам и употреба на компјутерски системи. Протести, но воглавно мирни имаше и низ Неапол, Падова и во Бари. Хаосот од немирите продолжи и во Албанија каде демонтрантите ја запалија влезната врата на Министерството за земјоделство во Тирана. Во текот на немирите биле искршени излози на продавници, а демонстрантите ваделе и камени плочи од тротоарите и ги фрлале кон полициските службеници. Полицијата освен солзавец, употребила и водени топови и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите. Албаниот премиер Еди Рама најави парични казни за демонстрантите кои се движат од 100 до илјда евра за учество во ненароден собир и до 5.000 евра за лицата кои ќе останат во насилни толпи и по предупредувањата од полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСлаб одѕив на претседателските избори во Бугарија, главни фаворити се Јотова и ЃуровИ Бугарија денеска гласа, но на претседателски избори, откако Румен Радев си поднесе оставка пролетта и во меѓувреме стана премиер... Во трката има 27 кандидати, а вршителката на должноста претседателка, 61-годишната Илијана Јотова, води на анкетите. Нејзин најблизок ривал е поранешниот привремен премиер, 50-годишниот Андреј Ѓуров. До 12 часот, одѕивот изнесуваше само 5,8 проценти или на гласање излегле нешто над 385.000 гласачи, соопшти Централната изборна комисија. Првите резултати од излезните анкети се очекуваат вечерва по 20 часот, а доколку ниту една кандидатска двојка не ги исполни условите за победа во првиот круг, вториот круг е предвиден за 1 ноември. Многу слаб интерес за претседателските избори во Бугарија има и во Македонија.. Се гласа на седум избирачки места низ земјата, но за гласање се пријавиле само 265 бугарски државјани, што за околу 40% помалку откако на парламентарни избори во април, кога имаше 463 пријавени.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаГолем интерес за гласање кај српските државјани во Македонија, пријавени се 1.438 за гласање во Скопје и КумановоЗначително поголем интерес за гласање од вообичаеното има и кај српските државјани во Македонија, кои гласаат во Скопје и Куманово... 1.438 српски државјани во Македонија излегоа да гласаат на предвремените парламентарните избори во Република Србија. Зголемен број на граѓани кои гласаа во српската амбасада во Скопје и почесниот конзулат во Куманово. И почесниот конзул на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид Михајло Филев гласаше за него е важна добрата соработка меѓу двете земји и добриот соживот. Граѓаните веруваат дека гласале за добра иднина на Србија, веруваат дека изборите ќе поминат во демократска атмосфера. Српски државјани кои живеат на повеќе континенти поминале илјадници километри за да го остварат своето гласачко право. „Прелетав девет илјади километри од Виетнам до Србија да гласам, бидејќи верувам во промена и правда.“ „Живеам на Бали, ќе патувам илјада километри само за да гласам. Летам две илјади километри до Џакарта со карта од Виетнам.“ „Секој глас треба да се слушне. Секој глас е важен без разлика каде живеете.“ Овие избори покажаа масовна излезност во сите гласачки места низ светот. Долги редици на гласачи во Чикаго, Љубљана, Загреб, Франкфурт и Штутград, на сите гласачки места скоро тројно бил зголемен интересот за гласање. На овие избори биле регистрирани 102. 147 гласачи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter