3Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини
Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
1Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
3Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
ЖивотИма 40 деца со 20 жени, на половината не им ги знае имињата но нема намера да запре!Британецот Мајк Холпин има најмалку 40 деца. На нивните имиња се потсетува преку семејното дрво кое го истетовирал на себе токму за таа намена - и пак не може да ги запамети. 16 се институционално згрижени поради, како што самиот вели - неговото пиење и одење по жени. Но, 56 годишниот Мајк нема намера да запре - вели дека волјата на Бога е тој да се размножува колку може повеќе!Мајк Холпин од Монмутшир не само што не ги знае имињата на сите свои деца, туку вели дека некои од нив не би ги познал кога би се разминал на улица со нив. Но вели дека ќе има уште деца бидејќи „Господ сака да се размножуваме“. - Јас само го правам тоа што го сака Господ. Имам само 56 години, ќе имам уште деца сигурно! - вели Холпин. Се обидува „да биде во чекор“ и да има начин да се потсети на своите деца кои се на возраст од 3 до 37 години, на тој начин што ги истетовирал нивните имиња на грбот . Таму ги има и имињата на внуците. 22 од неговите деца го носат неговото презиме. Тој признава дека 16 од децата биле згрижени од социјалните служби бидејќи имал проблем со алкохолот и навиката постојано да бара нова партнерка, но уверува дека иако не може да биде со нив - ги сака сите свои деца. И самиот тој не работи цела деценија и живее од социјална помош. - Се надевам дека децата ќе можат да ми простат. Знам дека се мачеа во нивното детство. Не можам да го вратам минатото но сега можам да бидам тука за нив. Го решив проблемот со алкохолот - вели Холпин. Тој имал 6 сериозни врски - сето друго биле афери. Од една таква афера е роден првиот син, 37 годишниот Мајкл, а потоа добил уште седум деца со првата сопруга Су. Уште три деца добил со втората сопруга Дијана, и уште 9 со третата сопруга Петрина. Верувале или не некои од децата се врсници бидејќи тој трите жени ги оставал бремени во исто време! Признава дека денеска ни една од нив не му зборува и го мразат! Тој во документарна емисија за себе признава дека ги користел децата да одведе жени во кревет, бидејќи„ жените сакаат самохрани мажи со деца“! А потоа му се раѓале уште деца... Случајот на Мајк Холпин отвори жестока дебата во Британија. - Сосема е неодговорно некој да има колку сака деца а да се издржува од парите на граѓаните кои плаќаат даноци. До сега за него државата потрошила најмалку 200 000 фунти. Тоа е ужасна злоупотреба на системот за бенефиции и морално погрешно - гласат некои од критиките. / извор: Дејли меил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРубио: „Не сме нападнати“ Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека нема докази оти неодамнешните технолошки дефекти кај американските авиокомпании, банки и технолошки фирми се поврзани или се резултат на сајбер-напад.„Не сме изложени на систематски напад. Овие настани немаат никаква меѓусебна поврзаност“, изјави Рубио, откако зачестените технички проблеми поттикнаа шпекулации за можна координирана акција, пренесува Би-Би-Си. Прекините во функционирањето ги зафатија услугите на „Мајкрософт“ и „Епл“, банката „Џеј Пи Морган Чејс“ и компанијата „Јунајтед ерлајнс“, а поради технички дефект, сите летови во САД беа запрени во траење од повеќе од четири часа. Привремено недостапна беше и внатрешната комуникациска мрежа на Агенцијата за национална безбедност на САД. Американски претставници и експерти за сајбер безбедност изјавија дека нема докази оти инцидентите се поврзани, како и дека проблемите настанале поради технички дефекти и ажурирање на застарени системи.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
ЗабаваЕн Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во ЊујоркХоливудската ѕвезда, актерката Ен Хатавеј го доби своето трето дете со сопругот, филмскиот продуцент Адам Шулман.Мегапопуларната актерка е забележана на прошетка во Њујорк, а фотографиите на кои се гледа како носи новороденче во носилка открија дека во нивното семејство пристигнал нов член. 43-годишната актерка беше сама за време на прошетката, со постојана насмевка на лицето додека внимателно се грижеше за бебето. Фотографиите беа објавени од медиумот TMZ. Ѕвездата од филмовите „Дневниците на принцезата“ и „Клетници“ сè уште нема дадено јавна изјава во врска со раѓањето на нејзиното трето дете, затоа, засега не се познати ниту името, ниту полот на бебето. Ен и нејзиниот сопруг Адам веќе имаат два сина. Нивниот постар син, Џонатан, има десет години, додека помладиот, Џек, овој месец ќе го прослави својот седми роденден. Актерката уште во јуни ја сподели веста дека повторно е бремена, објавувајќи фотографија на Инстаграм на која се гледаше нејзиниот труднички стомак. На фотографијата таа е прикажана во бело здолниште и краток топ, со опис: „x Бебе, јас сум твоја x“. Два месеца подоцна, Ен гордо го покажа својот труднички стомак на црвениот тепих, на премиерата на филмот „Крајот на улицата Оук“ (The End of Oak Street). За таа пригода, таа се одлучи за фармерки со низок струк и лелеава блуза; споделувајќи снимки од подготовките за настанот, таа истовремено одговори на шпекулациите дека ангажирала сурогат-мајка и дека носи вештачки труднички стомак. View this post on Instagram A post shared by Anne Hathaway (@annehathaway) „Лажна коса, вистински стомак“, изјави тогаш актерката. Ен Хатавеј и Адам Шулман стапија во брак во Калифорнија во септември 2012 година. Тие го добија својот прв син, Џонатан, во март 2016 година, додека нивниот втор син, Џек, се роди во ноември 2019 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
СветСи отстапи од протоколот поради Трамп – лично го пречека на аеродромот (ВИДЕО)Кинескиот претседател Си Џинпинг лично го пречека американскиот претседател Доналд Трамп на аеродромот во Шенжен, по повод неговото пристигнување на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).Со овој гест, Си отстапи од вообичаената практика. Откако стана шеф на државата, Си никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродром. Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Си на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг им ја придава на односите со Соединетите Држави. Trump arrives in China, where he is personally welcomed by Xi Jinping. https://t.co/bTt8haeSMl — Clash Report (@clashreport) November 18, 2026 Според кинескиот дипломатски протокол во последните години, шефот на државата вообичаено не ги пречекува гостите при нивното пристигнување на аеродромот. За споредба, рускиот претседател Владимир Путин, кој пристигна во Шенжен претходно денес, беше пречекан од Цаи Ќи, шефот на кабинетот на Си – што, само по себе, се сметаше за невообичаено високо ниво на почест. Xi Jinping once again holds a welcoming ceremony for Trump as he arrives in China. https://t.co/yntHotnlWv — Clash Report (@clashreport) November 18, 2026 Овој потег уследи по настанот од претходно оваа година, кога Трамп лично го пречека Си при неговото пристигнување во воената база „Џоинт бејс Ендрјус“ во Соединетите Држави.Тагови: Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00