Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?
2Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?
КошаркаИма 15 години, игра кошарка и влезе во Гинис со 226 см височина (ВИДЕО)Канадското момче Оливие Рио има 15 години, игра кошарка и е нереално висок- 226 см, со што официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди како највисок тинејџер на светот.Роден со 7,5 килограми, Оливие пораснал на 16 килограми во првиот месец и не застанал тука. Неговиот брз раст го доведе до височина од еден метар и 50 сантиметри во петто одделение, а земајќи го предвид ова, како и висината на неговите родители, лекарите мислеле дека во неговиот врв ќе биде висок над 190 сантиметри. Olivier Rioux made a Guinness WORLD RECORD by being the tallest teenager alive 🔥 My guy checked in at 7’5 1/3” 😳 pic.twitter.com/AlBUXSU2Vx — Overtime (@overtime) September 17, 2021 Сепак, тие згрешиле и Оливие порасна на 226 см до 15 -годишна возраст. El nombre de Olivier Rioux ya está escrito en el Libro Guinness de los Récords 😱🏀https://t.co/ywe4evg2WM — Publisport México (@Publisport_MX) September 19, 2021 Почнал да игра кошарка на петгодишна возраст, некое време бил член на Реал Мадрид, а сега игра за Академијата ИМГ во Флорида. Неговиот сон е да игра во НБА лигата. El exmadridista @Olivier Rioux, el adolescente más alto del mundo: ¡15 años y 2,26! https://t.co/omcdoLaZAH pic.twitter.com/BkEiKOD9Kb — MARCA Baloncesto (@MarcaBasket) September 18, 2021 Овој висок тинејџер привлекува внимание на секој чекор, луѓето минуваат покрај него, сакаат фотографија, а кога бил во Реал, Серхио Рамос и некои други првотимци од фудбалскиот дел на Реал не можеле да одолеат и се фотографирале со него. Olivier Rioux,15岁,加拿大魁北克省人,身高7呎5.33寸(2米26公分),是吉尼斯世界纪录中世界最高的男性青少年。他是健康的巨人。 pic.twitter.com/dvDHemqask — Jam (@Jam79922967) September 18, 2021 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
ХороскопДневен хороскоп за 16. октомври 2026 година Дневен хороскоп за петок, 16. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Денот е добар за неформално дружење со кафе. Многумина ќе уживаат во разговор на различни теми , без притисок дека мора да се случи нешто подлабоко. Кариера Ќе знаете да ги презентирате своите замисли , така што дугите ќе ве слушаат со интерес и повеќето ќе ве прифатат. Здравје и совет Проширете ги контактите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот личен живот е квалитетен и вие сте задоволни од него. Денеска сте отворени за нови луѓе и идеи. Кариера Ќе почнете со интересна деловна кореспонденција во која ќе треба да се потрудите да бидете што појасни и поедноставни. Здравје и совет Немојте да зборувате премногу. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Би можеле малку повеќе да се замислите за тоа колку вие добивате од врската , а колку партнерот. Ќе ви изгледа како тука да има разлика на ваша штета. Кариера Ќе се затекнете пред нови технологии , што треба да ги совладате.Најдете мотив зошто е тоа добро да се прифати. Здравје и совет Вежбајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Зрелост и претпазливост ќе ви бидат главни квалитети за да го поминете иовој комплициран ден , во кој ќе се чувствувате малку исфрустрирано. Кариера Немојте по секоја цена да одите по новите трендови.И нив треба да ги проучувате некое време , па подобро е тоа да го правите постепено. Здравје и совет Понастрана од снобови. Водолија 21.1.-19.2. Љубов За да ја освежите врската , ќе се фрлите во трошок . Можно е да купите подарок или да ја повикате саканата личност на вечера на ваша сметка. Кариера Сеуште ги чекате одговорите , со кои би се искачиле за скалило погоре . Без оглед на тоа , работата добро ви оди. Здравје и совет Немате грижи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете концентрирани на своите емоции , а ќе очекувате другите да ви возвратат со љубов. Можеби енма да бидат толку сенизибилни како што сте вие. Кариера Во состојба сте да измислите некои работи што не постојат. Тоа е добро за креативните професии , но за оние кои се конкретни , таквиот став може да ви наштети. Здравје и совет Не брзајте. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата најдрага личност денеска ќе биде особено чувствителна , а вие ќе бидете склони со непромислено одмнесување да ја повредите. Кариера Во добро организирана работа , вие сепак ќе се обидете да внесете некои нови и напредни идеи. Младите лица подобро ќе ги разбираат. Здравје и совет Не зборувајте , доколку нема причина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во личните односи денеска би можело да дојде до незадоволство , зашто низа ситуации нема да ви одат од рака. Кариера Ќе се потпрете на своите соработници и нивната наклонетост. Услужните дејности просто ќе цветаат. Здравје и совет Внимавајте на нервози и фрустрации. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе уживате во друштвото на саканата личност. Оние кои уште се сами , ќе изгледаат опуштено и без притисок дека мора некого да најдат. Кариера На некого од страна му изгледа како да ви паднала секирата во мед. И ќе биде во право. Преку фалбите на другите , вие се освестувате што ви се случува. Здравје и совет Во одлична форма сте. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе поминете најдобро ако не зборувате , доколку не мора. Едноставно молчете и сакајте без некои посебни барања. Кариера За да се расчисти метежот што се појавил, треба да се послужите со сопствената интуиција и со своите свежи идеи. Здравје и совет Слушајте го во тишина вашиот внатрешен глас. Лав 23.7-22.8. Љубов Полесно ќе воспоставувате контакти со луѓето , па денот е добар за излегувања и нови познанаства. Кариера Се ќе се врти околу другите , а вие ќе треба тоа да го прифатите. Ќе се поврзете со нови , напредни идеи. Здравје и совет Немојте толку да се сомневате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Познанство со личност која не е од вашето поднебје , би можело да ви ја разбуди фантазијата. Некои ќе ја покажат и својата наклонетост. Кариера Во работите поврзани со луѓе ќе бидете успешни без оглед што соработниците и натаму ве нервираат. Здравје и совет Сега знаете што сакате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПавле Трајанов и Љупчо Ристовски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Павле Трајанов и Љупчо РистовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПет активности со кои децата нема да бараат мобилен телефон и телевизијаТелефонот, таблетот или телевизорот се најчест одговор на детската досада. Американската педијатриска академија нагласува дека не е важно само колку време децата поминуваат пред екраните, туку и каква содржина следат. Затоа понекогаш е доволно да им се понуди нешто поинтересно. Овие пет активности ги поттикнуваат децата да истражуваат, да прашуваат и откриваат. Прошетка како истражувачка експедиција Прошетката низ паркот станува интересна ако детето добие мала задача, да пронајде три различни листови, да воочи два вида птици, да најде нешто рапаво и мазно или да открие на кое животно му припаѓа одредена трага на земјата. Поентата не е во тоа родителот да ги знае сите одговори, туку детското прашање „зошто“ да покрене заедничко истражување. Домашна лабораторија За мал експеримент не е потребна посебна опрема. Проверете кои предмети лебдат, кои тонат, направете авиончиња од хартија, тестирајте чие лета најдалеку или мешајте ги основните бои. Пред експериментот, детето нека погоди што ќе се случи и нека објасни зошто. Така обичната игра станува мало истражување. Квиз во кој децата можат да ги победат возрасните Изберете омилена тема на детето, космос, спорт, диносауруси, животни, и секој нека спреми неколку прашања за останатите. Може да играте во тимови со бодовна скала или да воведете правило така што секој поен ќе оди кај оној што ќе постави прашање на кое никој не знае да одговори. Таквиот квиз не е испрашување туку игра на знаење и љубопитство. Скриено „богатство“ во станот Неколку ливчиња со траги е доволно за станот да го претворите во мала авантура. Една трага може да води до фрижидерот, друга до полицата со книги, трета до омилените играчки. За помали деца подгответе цртежи и бои, стари ребуси или мали задачи. Богатството не мора да биде големо, туку важна е потрагата. Колекционерски предизвик Децата сакаат да збираат камчиња, фигури, карти или сликички. Штом колекцијата има некаква цел, обичниот предмет станува дел од нешто што е повеќе од игра. На пример, собирањето сликички со животни. Кога детето ќе добие нова сликичка, прашајте го каде живее тоа животно, што прави, или по што е посебно. Сите овие активности имаат една заедничка работа: детето не добива готов одговор, туку мора нешто да пронајде, да праша, да претпостави или да открие, а токму тоа е целта – да го набљудува светот и да поставува прашања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook