Им ја отплатил хипотеката на родителите како божикен подарок, нивната реакција е хит (ВИДЕО) - Канал 5

Им ја отплатил хипотеката на родителите како божикен подарок, нивната реакција е хит (ВИДЕО)

Младиот Австралиец Оскар Бен решил да ги изненади своите родители со необичен божиќен подарок со отплата на нивната хипотека.

Им ја отплатил хипотеката на родителите како божикен подарок, нивната реакција е хит (ВИДЕО)

Семејството се собрало за Божиќ, а еден од браќата го снимил моментот кога Оскар пред сите им ја читал Божиќната честитка на своите родители, објаснувајќи им дека колку тој старее, толку повеќе цени што неговите родители направиле за него.

„Ви благодарам што секогаш ме поддржувавте, ме охрабрувавте и се молевте за мене“, рече тој и додаде дека е горд што ги има како негови родители. Таткото на Оскар почнал да го одвиткува подарокот, а потоа се шокирал кога видел чек во износ од 130.000 австралиски долари, односно 80.000 евра.

„Ова не може да биде вистина. Дали е реално? го прашал синот кој му дал потврден одговор, додека мајката се расплакала и брзо станала од столчето за да го гушне синот.

„Тоа е најдобриот божиќен подарок“, рече таа низ солзи, додека таткото на Оскар се пошегува дека сега ќе треба да работи само два дена во неделата, а убавата приказна ги трогна семејството и пријателите на Фејсбук кои почнаа да го споделуваат видеото.

„Ова е толку убаво“, „Ти благодариме што сподели вакво трогателно искуство со нас“ и „Ова е неверојатно! Твоите родители треба да бидат толку горди“ се дел од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда

Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда и процесот на европска интеграција.

Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда

Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, денеска учествуваше на работен состанок посветен на реализацијата на Реформската агенда и процесот на европската интеграција, предводен од претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, и директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.

На состанокот беа разгледани досегашниот напредок во спроведувањето на реформските активности, приоритетите во наредниот период, како и потребата од понатамошна координација меѓу институциите со цел навремено исполнување на преземените обврски од Реформската агенда.

Во фокусот на состанокот беа и реформите во областа на јавната администрација, како значаен дел од процесот на европска интеграција и усогласувањето со европските стандарди. Во оваа насока, беа разгледани активностите поврзани со исполнувањето на обврските од Реформската агенда, како и тековните процеси за унапредување на законската рамка и системските решенија во областа на јавната администрација.

Преку континуирано спроведување на реформите и конструктивна соработка со европските партнери, Министерството за јавна администрација придонесува кон изградба на институции кои функционираат според принципите на професионалност, ефикасност и отчетност. Јакнењето на јавната администрација останува еден од клучните приоритети во процесот на европска трансформација на државата.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш

Секое патување започнува со една едноставна одлука….

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш

Секое патување започнува со една едноставна одлука…

да седнеш зад воланот.

Мислиме дека сѐ е под контрола.

И дека ништо не може да тргне наопаку.

Но, понекогаш… доволен е само еден момент за да го изгубиш вниманието.

При брзина од 80 километри на час…

само една секунда невнимание

значи повеќе од 20 метри поминати возејќи „на слепо“.

Дали вреди?

Држи го погледот на патот.

Твојот живот – и животите на другите – зависат од тоа.

Животот е премногу вреден за да го изгубите поради мал момент на невнимание вози внимателно и не користи мобилен телефон - не заборавај, „Секој живот е важен.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ бара повлекување на криминалниот закон за Скопје2028 – ова е легализација на корупција

Пред нас имаме Предлог на законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“, по скратена постапка.

СДСМ бара повлекување на криминалниот закон за Скопје2028 – ова е легализација на корупција

Денес на 29 јули 2026 година на крајот на работниот месец и пред почетокот на годишниот одмор на Собранието или фаќање на последниот воз пред да се загуби титулата ЕПК 2028 година.

Законот којшто денес беше поставен на предлог дневниот ред, од предлог дневниот ред беше повлечен, но законот сепак останува во собраниска процедура, што значи дека на некоја нова седница тој повторно ќе се најде.

Отткако е добиена ова титула во септември 2023 година и отткако беше воспоставен начинот на функционирање, управување и обајавување на повици, со доаѓањето на ВМРО-ОКГ на власт во 2024 година целиот процес застана. Зошто? Најверојатно овој предлог закон се смислуваше 2 години. Слично толку време се смислуваше и Скопје 2014.

За жал, престижната титула ЕПК Скоје 2028 за ВМРО ОКГ стана нов начин на перење пари.

Криминалната организација ВМРО повторно се обидува да протне закон со кој ќе ги заобиколи правилата за јавни набавки и ќе отвори простор за нови милионски тендери без контрола.

Подготвиле закон со кој 21 милион евра јавни пари ќе можат да се трошат без примена на Законот за јавните набавки, без тендер.

Преку основање Фондацијата што наводно треба да го реализира проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

Со овој закон се создава опасен преседан чија цел е пумпање на парите на граѓаните и богатење на поединци.

Само тендери и лапање пари – тоа е единствената цел на оваа организирана криминална група.

СДСМ и колацијата бара итно повлекување на овој криминален закон кој значи легализација на корупција.

Никој нема право да биде над Законот за јавните набавки, особено кога станува збор за десетици милиони евра пари на граѓаните.

Најтажен момент во цел овој процес е што уметниците, кои го донесоа признанието „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“, не се ниту препознаени, ниту спомнати, ниту вистински вклучени во Предлог-законот и останаа непрепознаени и неспомнати.

Прес конференција на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска – пратеничка

YouTube video

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер