3СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите
3Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
ТехнологијаИлон Маск стана член на управниот одбор на ТвитерИлон Маск, кој деновиве стана најголемиот акционер на Твитер, објави анкета на популарната страница во која бара од корисниците да гласаат дали сакаат копче за измена на твитовите (edit). Покрај тоа, Маск се приклучи на управниот одбор на Твитер.Тој намерно погрешно напиша „yse“ и „ on “ во анкетата, што може да изгледа како шега додека не видите дека анкетата е ретвитана од извршниот директор на Твитер, Параг Агравал. „Последиците од оваа анкета ќе бидат важни. Ве молиме гласајте внимателно“, истакна Агравал. Неговиот коментар сугерира дека резултатите од анкетата може да доведат до конечно имплементирање на копчето за измена на твитови на социјалната мрежа. Do you want an edit button? — Elon Musk (@elonmusk) April 5, 2022 Голем број твитерџии со години бараат додавање на „edit“ копче, но Твитер упорно е отпорен на овие барања. Сега, Маск, кој е активен и гласен на Твитер уште пред да купи акции во компанијата, може да послужи за тоа компанијата да го промени својот став. The consequences of this poll will be important. Please vote carefully. https://t.co/UDJIvznALB — Parag Agrawal (@paraga) April 5, 2022 Останува да видиме дали Твитер веднаш ќе почне да работи на оваа функција, доколку победи опцијата „yse“. Интересно, на 1 април Твитер објави дека работи на копчето „edit“, но тоа беше првоаприлска шега. Во меѓувреме, од Твитер пристигнуваат информации дека Илон Маск се приклучува на бордот на директори на Твитер. „Преку разговорите со Илон во последните недели, стана јасно дека тој ќе даде значаен придонес во одборот“, истакна Параг Агравал, извршен директор на Твитер. Маск се приклучува на бордот на директори на Твитер откако пред неколку дена купи 9,2% од акциите на компанијата. Оваа инвестиција преку ноќ го направи најголем акционер во компанијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалОдложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија. Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал. Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток. Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток. Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаКазнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот. По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзбор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?За неполн час треба да биде познато кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителите галсаа денеска, а резултатите треба да бидат сумирани и објавени на јавна седница. Пред Обвинителството е Михајло Видимлиски, Михајло кој од канидадтите има најголеми шанси да го наследи Абази? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter