Илон Маск го доби 14. дете, син со име Селдон Ликургус - Канал 5

Илон Маск го доби 14. дете, син со име Селдон Ликургус

Милијардерот Илон Маск го доби своето 14-то дете.

Илон Маск го доби 14. дете, син со име Селдон Ликургус

Маск доби син со Шивон Зилис, директорка во неговата компанија Неуралинк, со која веќе има три деца.

„Разговарав за ова со Илон и со оглед на роденденот на убавата Аркадија, сметаме дека е најдобро директно да споделиме информации за нашиот убав и неверојатен син Селдон Ликургус“, напиша Зилис на платформата X, без да открие кога се родил синот. Маск на нејзината објава реагираше со емоџи со срце.

Зилис проговори две недели откако писателката и инфлуенсерка Ешли Ст. Клер објави дека неодамна и таа добила дете со Маск.

Таа рече дека пред пет месеци родила син, 13-то дете на Маск и дека планирала се да држи во тајност, но одлучила да ја објави веста откако дознала дека медиумите планираат да ја објават приказната.

Според неа, нејзината романтична врска со Маск започнала околу мај 2023 година, а интимната средба се случила во јануари минатата година, кога детето било зачнато. Детето наводно било родено во септември 2024 година. По раѓањето Сент Клер му испратила на Маск фотографија на која е со нејзиното новороденче, а тој наводно одговорил: „Со нетрпение очекувам да те видам со него овој викенд“.

Илон Маск е исто така татко на Вивијан, Грифин, Каи, Саксон, Демијан, X Æ A-12, Exe, Strider, Azure, Techno и уште едно дете кое е родено во 2024 година. Милијардерот првпат стана татко во 2002 година, кога неговата тогашна сопруга Џастин Вилсон го родила Александар Нева.

Парот тогаш ги имаше близнаците Вивијан и Грифин, кои сега имаат 21 година, и тројките Каи, Саксон и Демијан, кои имаат 18 години. Од врската со пејачката Грајмс, Маск има син со чудно име X Æ A-12, кој сега има четири години.

Тие се разделија во 2022 година, но имаа уште две деца - Екса Дарк Сидерел, кој има три години, и синот Техно Механикус, кој има две години.

Неколку недели пред Грајмс да ја роди нивната ќерка, Маск имаше уште две деца, близнаците Страјдер и Азур. Нивната мајка е Шивон Зилис, со која минатата година добија уште едно дете, чие име не ѝ е познато на јавноста. Сега со неа има син.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Акал ќебап

Во понеделник (05.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Нино Величковски

„Гответе со Дракче“ - Акал ќебап

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. јагнешки мозок

500 гр. јагнешко месо

500 гр. јагнешка марамица

1 главица кромид

1 чешне лук

масло

сол, шарена сол и др. зачини по избор

Бешамел сос за премачкување

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Јокиќ маестрален на натпревар од предсезоната. Трипл-дабл за 26 минути

Еден од најдобрите светски кошаркари, српскиот центар Никола Јокиќ одигра одличен натпревар во победата на Денвер Нагетс над Чикаго Булс со 133:128, во подготвителен меч пред почетокот на новата НБА-сезона.

Видео: Јокиќ маестрален на натпревар од предсезоната. Трипл-дабл за 26 минути

31 годишниот Јокиќ оствари „трипл-дабл“ учинок за само 26 минути поминати на теренот, завршувајќи го натпреварот со 22 поена, 11 скока и 10 асистенции.

Трикратниот НБА МВП имаше шут од игра 8 од 12 (вклучувајќи 1 од 2 за три поени), додека од линијата за слободни фрлања погоди пет од седум обиди.

Тој запиша и една блокада, а до „трипл-дабл“ стигна уште во текот на првите три четвртини. Јокиќ одлично го отвори натпреварот. Во првата четвртина ги погоди сите пет шута од игра и постигна 14 поени, а до крајот на мечот повторно покажа зошто важи за еден од најдобрите додавачи меѓу високите играчи во историјата на кошарката. Големо внимание привлекоа неколку негови асистенции, вклучувајќи и едно атрактивно додавање преку речиси целиот терен.

Најефикасен играч на Денвер беше Арон Гордон со 25 поени, додека Камерон Џонсон додаде 15. Кај Чикаго се истакна Леонард Милер, кој постигна 26 поени влегувајќи од клупата и имаше реализација од 11 од 14 обиди од поле.

Минатата сезона, Јокиќ ја продолжи низата од шест последователни сезони во кои завршуваше меѓу првите двајца во гласањето за МВП-наградата.

Иако „трипл-дабл“ учинокот од подготвителните натпревари не се вбројува во неговата официјална НБА-статистика, синоќешниот настап покажа дека српскиот центар е во одлична форма пред почетокот на новата сезона.

Пред стартот на регуларниот дел од сезоната, Денвер го очекуваат уште неколку подготвителни натпревари против Лос Анџелес Клиперс и Лос Анџелес Лејкерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија

Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија како карта за доаѓање на власт.

ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија

СДС и Венко Филипче, наместо на гласот на граѓаните, повторно се потпираат на туѓите интереси, на штета на македонските, како карта за доаѓање на власт.

Па така, Филипче во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, договара ново предавство на Македонија, мислејќи дека така, по примерот на неговиот ментор Зоран Заев, ќе дојде на власт.

Разлика меѓу ставот на официјална Софија и Венко Филипче, не може да се најде. Тие се на иста линија дека за отворање на преговорите со ЕУ и продолжување на евроинтегративниот процес потребно е прво да се стават Бугарите во Устав, па се друго.

Со тоа, Филипче отворено им кажува на граѓаните дека нашиот пат на отворање на преговорите со Европската унија и продолжувањето на процесот со отворањето на поглавјата не треба да биде преку спроведувањето реформи и исполнување на Копенхашките критериуми како за секоја држава, туку со нови отстапки.

Венко Филипче е за нови национални и идентитетски отстапки, ново предавство, ново погазување на достоинството на граѓаните, удоволување на Бугарите како услов за влез во ЕУ, наместо работење дома и исполнување на Реформската агенда.

По примерот на Заев, кој потпиша бланко бел лист хартија, се откажа од Цар Самуил, светите браќа Кирил и Методиј и многу други, сега Филипче и СДС се спремни да се откажат од се за да ум угодат на бугарските политичари кои ги уценуваат.

Затоа што, само уценет и компромитиран политичар може да постапува така што постапува Венко Филипче и да прифати капитулација на сопствена држава.

Ние заедно со граѓаните им порачуваме дека европскиот пат на Македонија не смее да се сведе на нови отстапки и прифаќање на услови што отвораат сериозни прашања за заштитата на македонскиот идентитет, достоинство и национални интереси.

Членството во ЕУ треба да биде резултат на вистински реформи, владеење на правото, функционални институции и исполнување на европските стандарди, а не на политички договори на штета на државните интереси.

Македонија заслужува европска иднина и таа иднина мора да се гради врз принципи на еднаквост, почитување и јасни критериуми, а не врз постојани нови условувања и отстапки.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер